марјана станојковсла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 05 Nov 2022 04:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марјана станојковсла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се зборуваше дека се скарани и „очи не сакаат да си видат“, па еве што се случи помеѓу Лила и Марјана кога се сретнаа на „Макфест 2022“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-zboruvashe-deka-se-skarani-i-ochi-ne-sakaat-da-si-vidat-pa-eve-shto-se-sluchi-pomegju-lila-i-marjana-koga-se-sretnaa-na-makfest-2022-foto/ Sat, 05 Nov 2022 08:15:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272636

Ако Кристина Димитри и Андријана Петрушовска ги „однесоа сите погледи“  на мажите на годинешниот „Макфест 2022“ меѓу пејачките, тогаш Лила Филиповска и Марјана Станојковска ги „залепија за себе“ погледите на сите: И на мажите и на жените и на ТВ камерите... Зашто двете ТВ водителки се појавија во такви возбудливи модни изданија, во кои слободно можеа да прошетаат на црвениот тепих и сцената дури и на некоја светска манифестација, на која исто така немаше да останат незабележани. Дека двете дами работата „ја имаат во малиот прст“ оддамна е познато, па затоа и се можеби со години наназад најпознатите и најпопуларните во браншата... особено Лила, која дефинитивно е врвна по многу нешта. И изгледот кој го негува и речиси не го менува со години, па изгледа речиси дупло помлада од што е, а и по имиџот, изборот на гардеробата, обувките, шминката, накитот... Комплетниот аутфит, во кој водителката секогаш изгледа топ и фит! Така беше и овој пат, на годинешниот „Макфест“ кога Лила уште со самата појава на црвениот тепих предизвика еуфорија. Блескаа  блицевите на фоторепортерите, мобилните сликаа, камерите  снимаа, а првата дама на македонскот ТВ водителство суверено позираше и чекореше кон својата работна позиција.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Во долг зелен светкав фустан од куќата на една од најпознатите модни креаторки кај нас, со длабоко деколте и уште подлабок шлиц кои доволно „ја скокоткат фанатазијата“, многу тоа откриваат, ама ништо не покажуваат, Лила едноставно блескаше... И на сцената и надвор од неа! И ако Лила е „македонската кралица на ТВ водителството“, Марјана Станојковска пак, со годините се профилираше во „принцеза на водителскиот ТВ занает“ која како помлада претендира да ја наследи. Но, она што на себе го носеше и на овој „Макфест“ како и секогаш беше повеќе од модерно и атрактивно, ултрапровокативно, а сепак елегантно и... едноставно заодливо. Особено втората вечер, кога долгиот фустан со една „отворена страна“ буквално ги мамеше машките погледи, во исто време скокоткајќи и милувајќи ја нивната фантазија, зашто ваквиот изглед надополнет со останатите детали буквално „и гали и пали“ со само еден фрлен поглед на сексапилната Марјана.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Сепак, она што беше најинтересно, беа претходно пласираните шпекулации, веројатно  темелени на кулоарските естрадно-чаршиски муабети, дека двете ТВ водителки се во лоши односи!? Дека двете колешки не сакаат „очи да си видат“ и приватно, а камо ли да работат нешто и заедно?! Токму оттаму сите погледи на меновинарите и медиумите, па и на сите останати без вперени во нивната неизбежна фестивалска средба на „Макфест 2022“! Како ли ќе реагираат, што, ли ќе се случи, ќе има ли размена на „остри зборови“, се' ќе мине само  со „погледи попреку“ или двте ТВ водителки само „ладно“ ќе се разминат, ќе свртат глава  и нема ни да се погледнат? Арно ама, дека „на лагата и се куси нозете“ како и на „фејк вестите“, покажаа нивната средба зад фестивалската сцена. Лила и Марјана не само што се сретнаа, туку се изгушкаа, бакнаа, насмеани разговараа, си направија селфи и позираа специјално за нашиот портал Вистина.ком.мк, дементирајќи ги сите гласини околу нивната наводна кавга! Обете потврдија дека ниту биле, ниту се скарани или во лоши односи... Напротив! Лила и Марјана на „Макфест 2022“ докажаа дека не само што се  топ водителки, туку се и блиски пријателки! Не „душманки“, туку колешки и другарки! А, чаршијата и кулоарите во естрадата? Ако немаат друга работа, како и секогаш нека плетат приказни, со кои само им ја креваат цената! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/marjanamay/приватна архива
 ]]>