Марина Петровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jul 2019 08:23:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Марина Петровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Грчка“ моминска вечер и „растафари“ зет: Ги знаевте ли овие интересни работи за младенците на годинешнава „Галичка свадба“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/grchka-mominska-vecher-i-rastafari-zet-gi-znaevte-li-ovie-interesni-raboti-za-mladencite-na-godineshnava-galichka-svadba-foto/ Sat, 06 Jul 2019 08:12:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96464

Она што е познато е дека на традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ која годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули, месната заедница Галичник за зет и невеста ги избра Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Огнен е од Скопје но има галичко потекло, додека Марина е од Крива Паланка.
Обично зетот и невестата на оваа традиционална манифестација се анонимни граѓани и освен за најблиските и пријателите се непознати за пошироката јавност. Обичаите кои се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации, вткаени во цермонијата на „Галичката свадба“ се општо познати.
Но затоа пак, за годинешниве галички младенци постојат неколку интересни нешта, кои можеби е занимливо да се дознаат во очи на нивната венчавка!
Така на пример, Огнен  ја побарал раката на Марина уште во февруари 2018 година, веројатно во викендичка во близината на Скопје. Тогаш и го подарил вереничкиот прстен, а моментот го овековечил со заедничка фотографија и пост: „Лапај си прстен“!
И Марина си го „лапна“, па го стави на прстот од десната рака, а Огнен си ја „лапна“ или поточно, капариса Марина, за идна сопруга и животна сопатничка.
Марина пак, својата моминска вечер ја правела надвор од Македонија... Во еден коктел бар во Солун, со неколку од најверните другарки.
Викенд како на филм. Забава, женски провод, по некој пијалак за расположение, добра музика, соодветна гардероба, невестинскиот вел и поглед на Солун... Како што впрочем и прилегана една моминска вечер во која мажите биле... од друга страна на границата!
Паланчани се познат како добри претприемачи, а и Марина веќе има претприемачко искуство. Впрочем, колку што може да се забележи и едно од  животнита мота на невестата галиба ќе да е: „Жените го вртат светот“!
Дали ќе биде така и во бракот на галичката снаа...? Времето ќе покаже!
Што се однесува до зетот, Огнен денес изгледа вака, како што го знаат оние што го познаваат и запознаа, оние што не го знаат. Кратка, малку проседа коса, модерна фризура и брада, која на зетот секако ќе му ја бричат во Галичник, зашто така налага еден од „галичките протоколи“, длабоко вткаен во традицијата на  свадбените обичаи на „Галичката свадба“! И тука нема компромис, нема назад, нема отстапување.
Арно ама, жива среќа што Огнен денес изгледа вака, како што изгледа. Зашто ако решеше да се жени пред десеттина години или го задржеше имиџот и фризурата од тоа време, ќе дојдеше до сериозен „курцшлус“ на „Галичката свадба“!
Тогаш зетот или ќе мораа баеги да го потстрижуваат или да најдат модус како да му  ја прикачат мијачката шапка на „дредлок“ фризурата!
Зашто... „Еда мајке, коде се чуло и видело џанам, голички зет да бидет растафари?“  ]]>

Ова се зетот и невестата на годинешната „Галичка свадба“: Огнен и Марина ќе ја крунисаат љубовта во духот на традицијата https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-zetot-i-nevestata-na-godineshnata-galichka-svadba-ognen-i-marina-kje-ja-krunisaat-ljubovta-vo-duhot-na-tradicijata/ Thu, 04 Jul 2019 09:07:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96061

На традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, која годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули, месната заедница Галичник за зет и невеста ги избра Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Огнен е од скопје но има галичко потекло, додека Марина е од Крива Паланка.
Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи кои што се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот, одење по невбестата, поглед ниоз бурма на невестата и многу други.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден.
Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.
Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.  ]]>