маријана новачевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Feb 2023 11:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маријана новачевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога на Маријана Новачевска внучето ќе и дојде на гости: „Елката ја раскитивме, ама затоа баба ја накитивме“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-na-marijana-novachevska-vnucheto-ke-i-dojde-na-gosti-elkata-ja-raskitivme-ama-zatoa-baba-ja-nakitivme-foto/ Fri, 03 Feb 2023 08:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287263

Некогашната пејачка Маријана Новачевска, една половина од музичкиот дует сестри близначки Маријана и Росана, со години живее во далечната Австралија. Иако е одвоена од најблиските, од родителите, братот, сестрата близначка и сите од семејството кои ѝ биле важни, таа успева да најде сила да победи во животот и да се справи со сите неочекувани ситуации и предизвици  кои во животот ја задесија.   Во Австралија естрадата ја замени со стоматолошка ординација, но продолжи да пее, ако ништо друго барем за своја душа, па пијаното и музика се секогаш блиску до неа.  Пејачката  очигледно не пати од комплекси и е подготвена да се појави пред својата публика без шминка и да позира во дури и во смешно издание само за уживање на нејзините внуци. Таа во себесвојствен духовит стил ги објави фотографиите со шеговит опис: „Само да ви кажам, кај мене гостуваше внуката Ева и ја украси нане,  затоа што елката ја раскитивме, а дете си сака да си игра“ - напиша Маријана додавајќи куп насмеани емотикони. Сликата веднаш беше поддржана со безброј лајкови, а коментарите беа повеќе од позитивни. Сите се согласуваат дека најдобар тандем за игра со внуците се бабите и дека за нив не постојат никакви прпреки, па дури и кога внучето ќе ве налепи по лицето со куп лепенки... Како албум со сликички! Фото: Фејсбук принтскрин/Marijana Novacevska]]>

Маријана и Росана славеа роденден: Близначката која живее во Австралија нарача торта „онлајн“, па доби шок испорака која и го спушти шеќерот… на минимум (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-i-rosana-slavea-rodenden-bliznachkata-koja-zivee-vo-avstralija-naracha-torta-onlajn-pa-dobi-shok-isporaka-koja-i-go-spushti-shekjerot-na-minimum-video/ Thu, 15 Dec 2022 09:23:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280122

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки - сестри близначки вчера, 14 декември (среда), славеа роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Иако физички раздвоени со живот на различни континенти, сестрите споделија пост за нивниот роденден, а потоа и благодарница за многубројните роденденски честитки кои ги добија. Маријана, која веќе со години живее во далечната Австралија, посакала да се почести за роденденот... И себе си и најблиские, па  решила тоа да биде со роденденска торта. За да не прави самата, решила да ја нарача. Денес современата технологија овозможува дури и да не морате да одите во слаткарница, туку доволно е само да имате Интернет и да бидете на еден клик со вашата „посластица“.  Каталогот веднаш ви излегува пред очи, а ваше е само да одберете и нарачате што ви душа сака, односно што ви фаќа око... Онлајн, секако! Само што она што и се случи на славеничката Маријана е поука за сите дека „она што окото ви фаќа онлајн“ не е ниту оддалеку исто со она што ќе го видите пред очи во живо, кога ќе го добиете. Имено, Марјана откако ја одбрала саканата торта, онлајн нарачката бргу стигнала на домашна адреса и тоа елегантно спакувана во „соодветна кутија“... Само што димензиите на тортата, ако така може да се нарече „шеќерчето“ што пејачката го добила, не биле ниту оиддалеку соодветни на она што треба да бидат. Или во превод: платила како за торта, а добила едвај колаче... И тоа со душегрижничко образложение на производителот дека тие се грижат за вашето, во случајов нејзиното здравје... За да не и се качи шеќерот! А, откако ја доби „онлајн“ нарачката, на Маријана по шок испораката  всушност шеќерот и падна... И тоа на минимум... Ако не и на нула! Па затоа, шокираната славеничка наместо да се израдува на тортата, сподели предупредувачко видео... Колку да пазите кога купувате, што и од кого онлајн нарачувате (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Фејсбук принтскрин/Marijana Novacevska]]>

Маријана Новачевска за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените пејачката ги „залеа“ со песна: „За сите мои галеби тажни што одлетаа…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-novachevska-za-moment-nostalgijata-ja-sovlada-ja-preplavija-emociite-pa-tagata-i-spomenite-pejachkata-gi-zalea-so-pesna-za-site-moi-galebi-tazni-shto-odletaa-video/ Wed, 21 Sep 2022 08:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267918

Маријана и Росана... некогаш Сариќ, подоцна едната Тодоровска другата Новачевска. Двете сестри близначки, две бисерни грла кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Испејаа дузина забавни и фолк песни кои тогаш станаа хитови, денес останаа евергрини кои вечно ќе се пејат. Судбината сакаше животните патишта на близначките да им се разделат, но не и душите... Две тела споени во една душа, едно срце кое чука за едната и другата подеднакво во ист такт... Како и за сите нивни, сите блиски кои ги сакаат, љубат, за нив живеат... Росана остана во Македонија, а Маријана веќе со години живее во далечната Австралија. Иако активно и двете веќе не се на естрадата, песната никогаш не ја оставиле, не ја заборавиле. Знаат и тоа како да запеат... Та било тоа повторно некаде јавно, за мал круг на блиски луѓе, одбрано друштво или едноставно само онака... За своја душа. Особено кога душата ќе се нажали, а има и тоа како зошто и по кого да тагува. Токму акво нешто деновиве и се случи во далечната Австралија на Маријана Новачевска. Македонската пејачка  за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените Маријана ги „залеа“ со песна... И тоа преубава, еден од оние вечните забавни евергрини од златното време на македонската забавна музика, време на незаборавните македонски шлагери од седумдесеттите години на минатиот век... „Има еден галеб тажен“... Или „Летај галебе“ како што гласи оригиналниот наслов на вечната песна испеана од  некогашна македонска пејачка ѕвезда Верица Ристевска. Дали заради далечината таму некаде со илјадници километри од родното огниште или сеќавањата на годините и споменот на нејзиниот некогашен сопруг (со кого иако беа разведени, до последно останаа најдобри пријатели), композиторот Тоде Новачевски, кој не така оддамна замина од од овој свет, а и тој живееше со години на најдалечниот континент. Едноставно онака, без објаснение и без некоја посебна причина, на Маријана и дојде да запее... Како замена за солзите!? „Не знам што ми текна. За сите мои галеби тажни што одлетаа таму некаде далеку… Нема фризури, нема шминка, нема сјајна гардероба... Ете така“ - кусо напишала во појаснувањето пејачката која седната зад сајзерот во еден здив маестрално ја отпеала познатата песна. Онака за себе, за своја душа, но и за душите на сите други, кои изгубиле некого близок, драг, единствен... Како и за душите токму на оние кои повеќе ги нема меѓу нас. За и ним и нам оној „галеб тажен“ ако може барем малку... да ни стопли душа! ]]>

По долго и тешко боледување во Австралија: Почина композиторот и пејач Тоде Новачевски https://arhiva.vistina.com.mk/__trashed-11/ Thu, 10 Feb 2022 19:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238626

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови. Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песните како„Признавам“, испеани од сестрите близначки, пејачките Маријана и Росана. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот. „Иако мојот карцином на белите дробови нема никаква врска со ковид-19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа скоро исти. Од страшна инфекција стекната заедно со грип и по лошо поставена дијагноза, за неколку месеци достигнав внатрешно крварење, карцином на крв и метастази кои максимално ме потресоа и физички и психички. Сепак, засега, барем низ оваа последна епизода од мојот живот, поминувам како да ми е почеток на нов, поубав и попросперитетен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост“ - говореше Новачевски во едно од своите последни интервјуа дадени лани летото за за Свет Австралија. Благодарен на Маријана што не дозволила нивното разделување и развод да влијаат негативно на врската која ја имаат со децата, свесен дека тие се најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нивнаата врска, не успеале да ги надминат. Тој најсреќните вести ги добил во најтешкиот период од животот. „Токму во најтешкиот период на живот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на мојот син Филип и снаата Анастасија, па веридба на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик. Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполнети Маријана, јас и најбликите од двете страни на нашите семејства“ - оптимистички и со искреност истакна тогаш  композиторот, чиј живот згасна по борбата со тешката болест. Рековме Збогум. Сакам песно мојата да те испејам, сета болка моја како солза да ја слеам… Одетај, песно моја гулабице,  побарај ведро небо за мојот бол на срце... Почивај во мир Тоде мој... Таму некаде, каде болки и премрежја не постојат“ - се зборовите со кои неговата бивша сопруга пејачката Маријана Нoвачевска се прости од својот некогашен сопруг со кој и покрај се', очигледно останале во пријателски односи. „Нашиот композитор, еден и единствен композитор,  човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат, горе некаде заедно нека компонираат и музицираат, бидејќи музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него, спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина... Почивај во мир мој Тоде“ - со овие зборови на свокот Фејсбук се прости од нејзиниот некогашен зет и композитор на најубавите песни што ги испејаа, сестрата близначка на Маријана, пејачката Росана Сариќ Тодоровска. Маријана  како последно збогум ја постираше нивната заедничка песна „Ако не исчезнам“. Песна која со текот на годините стана еден од вечните македонски евергрини напишани од  сега покојниот Тоде Новачевски, а испеани од нив тројцата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1989 година. ]]>

Пејачката Маријана се огласи по силниот земјотрес во Австралија: „До толку бев исплашена што едвај дојдов до вратата“ https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-marijana-se-oglasi-po-silniot-zemjotres-vo-avstralija-do-tolku-bev-isplashena-shto-edvaj-dojdov-do-vratata/ Thu, 23 Sep 2021 07:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220256

Силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. По првичниот потрес биле почуствувани уште два афтершокови од 4 и 3,1 степен според Рихтер. Како што пишуваат австралиските медиуми, неколку објекти во Мелбурн биле оштетени, но нема информации за поголема причинета материјална штета. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека за сега нема податоци за посериозно повредени граѓани. Maкедонската пејачка Маријана Новачевска која публиката ја памети од дуото Маријана и Росана живее во Австралија, па отаму често објавува фотографии известувајќи ги своите ФБ пријатели како го поминува времето, а често знае и да се најде во друштво на македонската фолкерка и нејзина колешка Татјана Лазаревска. По силниот земјотрес кој ја погоди Австралија, Маријана се огласи на социјалните мрежи. „Јак земјотрес во Мелбурн. Толку бев исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај дојдов и до вратата. Изгледа сум заборавила што е земјотрес“,напиша таа покрај фотографијата на која се гледа паднати цвеќиња по земјотресот. Под нејзината објава се нижеа коментари,а Маријана истакна дека 29 години не почувствувала земјотрес, додека пак нејзината сестра Росана во коментар напиша: „Ти си добра, стравот е голем. Јас немам проблем со земјотреси.Живеам на 11 спрат и кога е почне да клати јас веднаш паѓам во несвест и после ништо не знам“. фото: фејсбук/маријана новачевска]]>

Росана на емотивниот тобоган на годините со макфестовската – „Спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rosana-na-emotivniot-tobogan-na-godinite-so-makfestovskata-spomeni-video/ Tue, 22 Oct 2019 12:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114040

По долгогодишна пауза, Росана Сариќ Тодоровска се врати на сцената. И се врати на музиката ако така може да се каже, зашто воопшто и никогаш не ја оставила засекогаш. Освен што пеењето како нејзина професионална определба беше на „стендбај“. Но токму авторот Александар Митевски и годинешниов „Макфест 2019“ доволно силно го притиснаа црвеното копче, кое одново ја вклучи волјата и желбата Росана одново да запее на фестивалската сцена. Песната на Митевски емотивна, стиховите уште повеќе, како времеплов низ спомените. И не случано е одбран и стилот и текстот на песната, како што не е случен ниту изборот на изведувачот, кој за својата брилјантна вокална интерпретација ја доби годинешната макфестовска награда. Но, дека Росана е класа пејач не е ниту непознато ниту нешто ново. Она што малкумина знaеја дека во нејзината макфестовскa „Спомени“ пее и некој друг заедно со неа. Нејзиното второ јас, нејзината друга половина, сестрата близначка Маријана Новачевска, која живее во Австралија, но кусиот престој во родната Македонија го искористи во песната да ги испее придружните вокали... Росана и Маријана заедно, како некогаш на „Макфест“. Не баш исто како во „Признавам“, ама признавам исто толку добро и убедливо, емотивно и величествено. Затао и како што вели самиот автор на песната А. Митевски: „Спомени“ е емотивен тобоган низ кој тон по тон, нота по нота, стих по стих... се лизгаат сите овие изминати години! https://www.youtube.com/watch?v=RKJ0Uj97Gck]]>