Маријан Огненовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 12:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Маријан Огненовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мики Јовановски Џафер со очи полни љубов низ годините, ви го нуди својот -„Сон на дланките“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dhafer-so-ochi-polni-lubov-niz-godinite-vi-go-nudi-svojot-son-na-dlankite-video/ Mon, 29 May 2023 12:19:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304121

Легендарниот македонски музичар и пејач Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажува дека е се’ уште мајстор за рок ен рол. Продолжувајќи ја соработката со разни други повеќе или помалку познати македонски колеги-музичари, сега Џафер не изненади со нова „ортачка песна“. Овој пат Мики се здружил со актуелниот гитарски мајстор, актуелен член  на „Меморија“ и „Леб и сол“, Мичо Божиков кој ги свири гитарските делници и му гостува во видеото за новата песна на Џафер, со романтичен наслов: „Сон на дланките“. Во прашање е класична поп песна со лесен ритам и роматични стихови, типична летна, опуштена, која носталгично ве враќа низ годините и ве води низ спомените и сеќавањата на животот. Автор на песната е клавијатуристот на легендарната македонска група „Пу“ односно „Лева патика“ и  соработник на Мики Јовановски, стариот познаник Рамиз Јусуфи - Цики. Текстот е авторско дело на самиот Мики  Џафер, додека придружните вокали ги пее некогашната македонска пејачка, Ева Нединковска, денес сопственичка на креативниот центар „Ева“. За видеото е изработен и едноставен, но ефектен и лефтерен видеоспот од страна на видеопродукцијата „Фабрика“ на Маријан Огненовски, а кадрите се снимани во Градскиот парк и околината на Скопје, покрај Скопскиот аквадукт. Како звучи оваа летна песна на Мики Џафер и неговата екипа соработници, проследете од видеото во продолжение и уживајте во нивниот, а можеби и Ваш „Сон на дланките“: ]]>