марија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 11:39:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Да беше жив легендарниот Џеј денес ќе наполнеше 59 години: Ќерка му Марија со емотивна посвета потсети на неговиот роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/da-beshe-zhiv-legendarniot-dhej-denes-ke-napolneshe-59-godini-kerka-mu-marija-so-emotivna-posveta-potseti-na-negoviot-rodenden-foto/ Mon, 29 May 2023 11:39:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304111

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски денеска ќе го прославеше својот педесет и деветти роденден, а неговата наследничка на својот Инстаграм профил му посвети емотивни зборови на починатиот татко и расплака многу следбеници. „Драг тато, денес ќе наполнеше педесет и девет години. Ни недостигаш многу, но знаеш дека си во нашите мисли секој ден. Многу те сакаме, чувај не“ – напиша Марија на Инстаграм со фотографија од легендарниот пејач. Под објавата на Марија беа наредени емотикони на поддршка и љубов, а многумина ги цитираа зборовите од песните на Џеј, со што покажаа колку им недостасува починатиот пејач. За време на едно неодамнешно интервју за Гранд, наследничката на Џеј призна дека татко ѝ се повеќе и недостасува и често плаче на неговите песни. „Секако дека реагирам емотивно, а леам и солзи. Тој е во нашите мисли секој ден, на целото семејство. Многу ни недостига. Избегнувам да ги пуштам неговите песни. Не ја слушам неговата музика, бидејќи многу ме растажува. Секогаш плачам на „Животе, жено без морал“ – рекла Марија. Фото: Инстаграм принтскрин/marija_ramadanovski]]>

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/296407-2/ Mon, 03 Apr 2023 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296407

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје - Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска. Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната. „Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ - рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“. Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Бугарската пејачка Марија сопругот брутално ја претепал: Исплашена и крвава фолк ѕвездата во полиција признала дека не му е прв пат физички да ја малтретира https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-marija-soprugot-brutalno-ja-pretepal-isplashena-i-krvava-folk-zvezdata-vo-politsija-priznala-deka-ne-mu-e-prv-pat-fizichki-da-ja-maltretira/ Fri, 24 Mar 2023 13:07:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295034

Крвавата драма се одвивала по бруталната семејна расправија во нивниот дом во вторникот вечерта, изјавил за бугарските медиуми добро информиран полициски извор. Мирослав Соколов се занимава со лихварство и е познат по неговиот прекар Миро - „Ѕверот“. Тој во минатото бил осудуванн за тепање, дознава Lupa.bg. Полицијата за Hotnews.bg потврди дека маж е приведен поради семејно насилство откако во вторникот во рок од 72 часа бил упатен повик на 112. Тој е веќе обвинет, но МВР официјално не може да го именува. Неофицијално, пак, јасно се гледа дека е во прашање сопругот на претепаната фолкерка. Насилствотои кон Марија се случила вечерта на 21 март во стан на улицата „Златен рог“ во Софија, каде пејачката и нејзиниот сопруг живеат заедно веќе неколку месеци. Скандалот изби поради љубомората на Мирослав, кој во текот на целиот ден многу лошо се однесувал со својата партнерка. Претходната вечер популарниот пар имал и бучен скандал, сведочат нивните соседи. Откако испил многу, Миро -Ѕверот наеднаш ги изгубил нервите и станал физички насилен. Мачоменот почна да ја тепа пејачката со тупаници и шлаканици. Потоа ја турнал на земја со тупаница во главата и почнал да ја клоца паднатата Марија со сета своја  сила по целото тело. „Престани, те молам, ќе ме убиеш! Помош! Помогнете ми!“ - врескала пејачката. Нејзините застрашувачки крици ја кренале зградата на нозе и соседите веднаш се јавиле на 112. Набргу потоа и Марија успеала да повика полиција и да пријави дека била жртва на семејно насилство. Полицајците веднаш пристигнале и со лисици на рацете го однеле агресивниот насилник.   Исплашената и раскрвавена фолк ѕвезда во полиција признала дека не е прв пат да биде жртва на нервозните испади на Мирослав Соколов. Досега ја удрил најмалку 4 пати, но никогаш порано не ја претепал толку крвнички. Меѓутоа, за време на еден од нивните претходни скандали, тој го извадил и пиштолот, кој бил наполнет  и го ставил на чело.  ]]>

Се огласи сестра и на Рада Манојловиќ: „Сите настапи се откажани, Рада во моментов е на лечење“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-sestra-i-na-rada-manojlovik-site-nastapi-se-otkazhani-rada-vo-momentov-e-na-lechene-foto/ Thu, 23 Mar 2023 10:13:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294699

Откако како бомба одекна веста дека пејачката Рада Манојловиќ е во лоша здравствена состојба, нејзината сестра се огласи и откри во каква состојба е пејачката. Имено, Рада неодамна преку Инстаграм објави дека е на инфузија и дополнително ги загрижи своите следбеници. Сега се огласи нејзината сестра Марија Манојловиќ која ги откри здравствените проблеми кои ја принудија пејачката да ги откаже сите настапи. „Рада во моментов е на лекување и ќе мирува неколку дена. Позната е како голем професионалец кој речиси никогаш не откажал ниту еден настап, дури и со повредени колена во завои таа пееше. Затоа го разбираме интересот на медиумите за откажаните настапи, но нема причина да се плашите, во прашање е само настинка и умор, кој може да совлада секого. Ви благодарам на сите за грижата, тоа многу и значи“ - изјави Маја. Фото: Инстаграм принтскрин/_marija_manojlovic_/radamanojlovic]]>

Ова се родителите на Јелена Розга: Сега е јасно од кого пејачката ги наследила убавината и грациозноста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-roditelite-na-jelena-rozga-sega-e-jasno-od-kogo-pejachkata-gi-nasledila-ubavinata-i-gracioznosta-foto/ Wed, 16 Nov 2022 11:38:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276074

Родителите на  пејачката Јелена Розга досега немавме прилика јавно да ги видиме, но тие направија преседан за еден убав повод. Имено, хрватската поп ѕвезда го промовираше акустичниот албум „Минут срца мог“ каде како поддршка се појавија и нејзините најблиски. Мајката Марија и таткото Анте не ја криеја гордоста и среќата, дури дадоа и кратка изјава за медиумите. „Јелена е одлична, згодна, убава, добра... Се гордееме со неа“ - изјави мајката на Јелена за хрватското издание на  „Стори“. Јелена покрај родителите ја поддржаа и долгогодишните колеги, композиторот и неговата сопруга-текстописец,  Тончи и Вјекослава Хуљиќ, но и бројни колеги и колешки од музичкиот свет. Убавата сплиќанка блесна во црн костум со светки составен од панталони и кусо палто, а долу носеше црни сандали.   Според прикажаното кога се нејзините родители во прашање, сега е појасно од кого Розга ги наследила убавината и грациозноста. Фото: Инстаграм принтскрин/rozgajelenaofficial
]]>

Марија е бремена со близнаци: Бугарската фолк пејачка сцената и микрофонот ќе ги замени со цуцли и пелени! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/242638-2/ Thu, 10 Mar 2022 12:52:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242638

Сè повеќе бугарски фолк пејачки како што стојат работите,  догодина ќе ја заменат сцена и микрофонот со пелени и цуцли... Најмалку, барем четири. Меѓу нив најмногу изненади  Марија. Цицлестото бугарско фолк  мињонче, како што ја нарекуваат пејачката,  е бремена, тврди добро информиран извор за LifeOnline.bg. Информациите говорат дека Марија (40) зачнала ин витро и носи близнаци. HotNews потсетува дека бринетата никогаш не успеала да забремени додека била со бизнисменот Христијан Гуштеров. За разлика од Криси, нејзиниот сегашен сопруг Мирослав Соколов успеа да ја забремени, иако преку ин витро процедури. Парот изненадувачки се венча на 3-ти декември минатата година. Инаку, пејачката има ќерка од првиот сопруг Димитар Андонов, со вториот Христијан Гуштеров работите не тргнале во тој правец. Сегашниот сопруг на Марија има две деца од првиот брак - момче и девојче. Веднаш штом се разведе од првата сопруга Ваја, ја лиши од сите материјални привилегии, кои автоматски беа пренасочени кон новата г-ѓа Соколова. Фото: Инстаграм принтскрин/maria_official_bulgaria

Бугарската пејачка се пофали со новото презиме: Марија се сликаше разголена како госпоѓа Соколова (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-se-pofali-so-novoto-prezime-marija-se-slikashe-razgolena-kako-gospogja-sokolova-foto/ Wed, 09 Feb 2022 13:49:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238395

Бугарската пејачка Марија со новиот сопруг замина на одмор во Монако, од каде веднаш  се пофалила со новото презиме Соколова, со кое била регистрирана во хотелот кој нуди прекрасен поглед на пристаништето, каде што се закотвени јахтите на богатите Европејци.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARIA (@maria_official_bulgaria)

Двајцата вљубени со своето луксузно возило прошетаа по улиците на кнежевството. Свршеничкиот прстен на поранешната пејачка ибеше таму купен, по што се наметнува прашањето, дали патувањето беше избрзан подарок за Денот на вљубените или само обичен викенд? Затоа пак повеќе од јасно е дека Марија има ново презиме, но стари навики, папејачката  не заборави да се соблече и на новата дестинација, овековечувајќи  се како г-ѓа Соколова со разголена фотографија од постелата на хотелската соба. Обожавателите коментираат дека Марија, сега како г-ѓа Соколова, изгледа посреќна од било кога. Познавајќи ја, прашање е само... до кога? Фото: Инстаграм принтскрин/maria_official_bulgaria

Оваа снимка на неговиот 41-ви роденден беше за прв пат објавена: Тоше на 16 годишна возрас со група „903“ ја изведува песната „Марија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-snimka-na-negoviot-41-vi-rodenden-beshe-za-prv-pat-objavena-toshe-na-16-godishna-vozras-so-grupa-903-ja-izveduva-pesnata-marija-video/ Fri, 28 Jan 2022 10:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236672

На 25 јануари 2022 г. се навршија 41 години од раѓањето на веројатно најголемата поп ѕвезда која оваа земја ја имала. Тодор Проески, или едноставно нашиот ангел, нашата музичка икона, нашиот Тоше. Момчето кое покрај големиот талент и дарба, имаше и огромно хумано срце срце и љубов за сите. Но, иако него го нема меѓу нас,  неговите песни, хуманост и дела живеат и денеска. Тоше фолклорот, особено оној изворниот, македонскиот,  го сакаше колку и музиката која ја пееше за младите генерации во епохата во која живееше. Впрочем, не случајно се реши да го снима албумот „Божилак“ на кој ги испеа и им даде свое видување, сопствен печат на некои од најубавите македонски фолк бисери... Од: Јовано, Јованке,  Калеш Анѓа, Море сокол пие, Не си го продавај Кољо чифликот, преку: Си заљубив едно моме, Учи ме мајко, карај ме, па се' до: Со маки сум се родил, Зајди, зајди јасно сонце,  Мајка на Марика думаше... Токму на неговиот роденден, на 25 јануари годинава за прв пат беше објавена една песна  која Тоше ја испеал заедно со групата “903-та” кога имал само 16 години. Талентот несомнен уште од мали нозе, зрелоста за едно дете како на возрасен човек. Погледнете во продолжение како изгледал и звучел Тоше кога со групата „903“ ја испеал песната „Марија“: ]]>

Некогашната членка на „Фрајле“ – Марија ја претстави својата прва самостојна песна – „Пожури, пожури“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-chlenka-na-frajle-marija-ja-pretstavi-svojata-prva-samostojna-pesna-pozuri-pozuri-video/ Mon, 29 Nov 2021 13:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229269

Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате. Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на Марија. Некои од најпознатите теми на Фрајле ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите дела добила и бројни награди, ја освојувала фестивалската публика и заземала први места на топ-листите, а албумите на кои е нејзиниот авторски печат се вбројувани меѓу најдобрите во Хрватска и регионот. Марија сега гради соло кариера, а неретко се вљубува во своите песни, па сака да ги чува само за себе. Нејзината нова композиција, за која текстот го потпишува Алка Вуица вредела да се чува. Како што вредело и одењето до Венеција каде е снимен спотот о режија на Сандра Михаљевиќ. Поранешната членка на Фрајле пред осум месеци, а после 12 години поминати во групата, реши да се впушти во соло водите. За новата песна вели: „Во прашање е балада, но малку поинаква... Многу го сакам медитеранскиот призвук, медитеранскиот поп. Ова е токму она што го сакав – да биде и метирански и модерно.“ Освен од првата песна Марија е задоволна и од спотот, а за снимањето вели дека поминало во одлична атмосфера. „Малку се забавуваме, малку работевме, малку патувавме“, вели Марија која песната ја направила летово, но решила да не ја даде некому, туку сама да ја отпее. „Постојано ја потпевнував, едноставно ми „влезе во уво“ и долго размислував за неа. Алка Вуица ми рече дека е најдобро сама да ја отпеам. Секогаш кога правам песна размислувам за тоа кој најдобро ќе ја изнесе, па така размислувам и кога сум самата во прашање. Дали ќе застам зад песната“, вели. Инаку, Марија освен за себе во изминатиот период направи песна и за Камби со која настапија на „Дора“, а наскоро излегува и новата насловена „Моја душа“. Работеше со Алка Вуица на нејзиниот нов албум, како и за Мате Гргат, познат по неверојатниот тенор. Фотографии: Борна Хржина]]>

Бугарската фолкерка Марија испружена на плажа во еротски пози: Исончана задница и парче сочна лубеница меѓу нозе! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-folkerka-marija-ispruzena-na-plaza-vo-erotski-pozi-isonchana-zadnica-i-parche-sochna-lubenica-megju-noze-foto-video/ Tue, 06 Jul 2021 12:18:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209889

Кралицата на лесните ноти,  бугарската пејачка Марија ги препоти своите следбеници од посилниот пол со последните жешки објави на социјалните мрежи. Поп-фолк пејачката објави кратко видео и неколку фотографии од плажа. На видеото Марија испружена на стомак, додека го сонча грбот го снимала најдоброто од себе одзади - големата заоблена исончана задница. „Ехо. Да видам кој е тука. Каде се најслатките? “, на пишала покрај видео клипот, не потенцирајќи на кого мисли кога вели најслатките? Веројатно на своите обожаватели?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by M A R I A (@maria_official_bulgaria)

Од позадината јасно е дека пејачката е на море, но не е јасно каде точно престојува. На следното видео пејачката го покажува и лицето, упатувајќи куса порака: „Ве сакам“!
 
Додека на фотографијата јасно се гледа како Марија онака расчекорена, со широко раширени нозе, седи на лежалката во машки скут, фокусот е на парчето црвена, сочна лубеница или на она што се гледа под неа? Зависи кому какво освежување му треба или кој на каков кадар се „пали“?! Иако нема вистински маж кој не би посакал, Марија „да го гали!“ ]]>