марија спасовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Oct 2023 10:18:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марија спасовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лани дебитираше, годинава блесна на „Макфест 2023“: Марија Спасовска има одлична песна и нескротлив – „Темперамент“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lani-debitirashe-godinava-blesna-na-makfest-2023-marija-spasovska-ima-odlichna-pesna-i-neskrotliv-temperament-video/ Wed, 25 Oct 2023 10:17:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323790

Доколку втората вечер од фестивалот „Макфест 2023“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда... Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни и критериумите на познавачите на музиката и очекувањата на публиката, па Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз и овации во преполната сала во домот на културата  „Ацо Шопов“ во Штип. Денеска, 25.10. 2023 (среда) и официјално беше објавен спотот за песната на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски. „Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент" зазвуче како потенцијален  хит и затоа очекувам да биде слушана ... Среќна сум што наиде веднаш на прием кај публиката која ми подели силен аплауз  во салата во Штип“ – изјави Спасовска по настапот на „Макфест 2023“. Инаку, Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш  можете да ја слушате и видите на настапите ширум нашата земја. Во меѓувреме уживајте во видото од нејзиниот макфестовски „Темперамент“. ]]>

Марија Спасовска со честитки од сите страни славеше посебен ден: Пејачката со насмевка влезе во светот на возрасните (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-so-chestitki-od-site-strani-slaveshe-poseben-den-pejachkata-so-nasmevka-vleze-vo-svetot-na-vozrasnite-foto/ Fri, 06 Oct 2023 05:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321356

Младата пејачка Марија Спасовска, имаше убав повод за славење. Таа, вчера на 5 - ти октомври наполни 18 години и со тоа влезе во светот на возрасните. Роденденот  полнолетство Марија го славеше во во „руф барот“ на еден познат скопски хотел, а заедно со нејзините пријатели не ја криеше среќата на лицето по тој повод. На големата прослава за нејзиното полнолетството во кругот на нејзиното одбрано друштво ја дочекаа спектакуларни изненадувања. Имено, Марија добила прекрасна торта со прскалки, жижици и свеќички кои ги дувнала пред присутните. Вечерта ја продолжила во славенички дух и уживала во коктелите и  вниманието од друштвото. А на социјалните мрежи и од честитките на нејзините обожаватели и соработници... Но и од некои од најголемите македонски музички ѕвезди како што е Калиопи, која од се' срце и посака се' најубаво на нејзината млада колешка во роденденскиот видеопоздрав кој и го испрати: Епа, честито полнолетство и од редакцијата на Вистина! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Спасовска]]>

Марија Спасовска: „Ој, Вардаре македонски“ е моја омилена песна, зашто сум најголем фан на Вардар! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-oj-vardare-makedonski-e-moja-omilena-pesna-zashto-sum-najgolem-fan-na-vardar-video/ Tue, 18 Jul 2023 07:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310633

„Ој, Вардаре македонски“ е една од оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која јавноста ја памети уште од „Поточиња“, мјузиклот „Тајно моја“, Детската Евровизија... „Среќна сум што сум дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, и со посебна радост ја прифатив поканата и идејата да ја отпеам оваа песна. „Ој, Вардаре македонски“ отсекогаш била моја желба, особено затоа што сум поранешен член на РК Вардар, но и нивен најголем фан. Со Николче имавме одлична соработка за време на снимањето и мислам дека заеднички успеавме да донесеме нов, свеж звук за оваа моќна песна која првенствено треба да им стане омилена на младите, односна на мојата генерација, вели Марија и додава дека би сакала да сними уште некоја ваква преработка, но ветува и нови музички проекти. Желбата на Марија да пее за Вардар се остварува во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“, за кој аранжманите ги спакува маестро Николче Мицевски, а видеата и комплетната реализација на проектот - составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи, се со потписот на Скендеровски продукција. Во склоп на „Македонијо во срце те носиме“ јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и Зуица Лазова. Секоја песна на Јонче Христовски е македонска химна, а „Ој, Вардаре македонски“ е химна и на ФК Вардар, па сосема очекувано и Комитите се дел од видеото. Комитите го красат видеозаписот за оваа преработка, што воедно значи и дека целиот проект се вклучува во иницијативата за поддршка на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Уживајте во изведбата на Марија и „Ој, Вардаре македонски“ и навивајте за нашата гордост – Вардар! И не заборавајте дека кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи предвиден е концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во гласот на Марија Спасовска и нејзината верзија на „Ој, Вардаре македонски“: ]]>

Марија Спасовска има нова песна, која ќе ве „зарази“ од прво слушање… и тоа – „Опасно“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-ima-nova-pesna-koja-ke-ve-zarazi-od-prvo-slushane-i-toa-opasno-video/ Fri, 19 May 2023 11:27:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302960

Додека поголемиот дел од македонската музичка естрада „спие“, младата Марија Спасовска напорно работи и еве, за кратко време објави уште една нова песна. „Опасно“ е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи, што е одлична бројка за толку кратко време. Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо. Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработи екипата на„Урбан рекордс“, во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти... Колку е „Опасно“ заразно заводлива мелодија, слушнете и погледнете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Марија Спасовска одговараше на „Инстаграм прашања“, а сите беа во исчекување на одговорот на едно прашање…? (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-odgovarashe-na-instagram-prashana-a-site-bea-vo-ischekuvane-po-odgovorot-za-nejzinata-muzichka-kariera-foto/ Wed, 01 Mar 2023 09:13:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291058

Младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на фестивалот на забавни мелодии  „Макфест 2022“, кој се одржа во Штип. Дека Марија ги освои срцата на публиката не постои сомнеж, а доказ за тоа, освен  многубројните позитивни коментари се и прашањата кои ги доби на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, таа одлучи на нејзините следбеници да одговара на прашања кои тие ќе и ги постават налик на познатите музички ѕвезди, со кои докажа дека нејзините фанови едвај чекааат да слушнат од неа нова песна. Пејачката на нејзините кратки приказни им се обрати на фановите и стави објава „Прашајте ме прашање“ на кое потврди дека одамна не одговарала. Секако, сите прашања беа насочени кон нејзината музичка кариера па, фановите беа во исчекување на одговор кога нова песна? Марија одговори дека планира наскоро да ги изненади и дека нема долго да ги остави да чекаат тоа да се случи, а сега за тоа е вистински момент. На нејзина адреса пристигнаа и  комплименти наместо прашања кои пејачката гордо ги објави и ги сподели на споменатата социјалната мрежа. Следбениците исто така, беа заинтересирани и на кој јазик и е најубаво да пее,а таа со гордост поставувајќи емотикон срце и знаменце напиша дека тоа е македонскиот јазик. Неминовно беше и прашањето дали има момче, но таа за тоа не откри и одговори само со замислен емотикон, иако информациите кои доаѓаат од нејзина близина велат дека „омилен“ македонски машки спорт на распената „венера“  и е... ракометот. И дека на младата пејачка „број еден“ и е еден скопски ракометен клуб, за кој со причина навива, ама тоа не е „Вардар“! Дали е така или не, еве причина повеќе следниот пат Марија да одговори?!   Фото: Инстаграм принтскрин/marija.spasovska]]>

Марија Спасовска како божица на убавината и љубовта во нејзината – „Венера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-kako-bozica-na-ubavinata-i-ljubovta-vo-nejzinata-venera-video/ Tue, 27 Dec 2022 09:25:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281722

Деновиве новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“. Таа пред помалку од  три месеци дебитираше на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии во Штип, „Макфест 2022“, каде веднаш со својот настап успеа да ги освои симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Омилен“, која оттогаш, па досега се емитува на сите радио-станици ширум Македонија. Инаку како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија самата се потпишува како автор на музиката и стиховите на песната, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на познатиот музички продуцент и аранжер, Иван Јованов - Ивајо. Исто така Спасовска не ја промени и екипата која го работеше нејзиниот претходен видеоспот, па така и ова видео го потпишува тимот на „Urban Records“. „Презадоволна сум од сработеното. Одамна ја имав напишано оваа песна и само го чекав вистинскиот момент. Соработував со продуцентот Ивајо, кој навистина се потруди и ги даде сите потребни украси за финалниот продукт да звучи вака. Планот за следната година ми е да бидам уште поактивна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови и задравје Боже, настапи...“ – изјави накусо младата Марија. Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога Марија пее за некој кој во љубовта се однесува како да е „паднат од Марс“ кон  божица на убавината, љубовта и животот - „Венера“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

И се смешка блескава кариера: Марија Спасовска имаше одличен настап на „Макфест“ со нејзината песна – „Омилен“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-se-smeshka-bleskava-kariera-marija-spasovska-imashe-odlichen-nastap-na-makfest-so-nejzinata-pesna-omilen-video/ Tue, 25 Oct 2022 10:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272708

Дефинитивно младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип. Нема сомнеж дека Марија ги освои срцата на публиката, а доказ за тоа се позитивните коментари кои не престануваат да пристигнуваат на нејзина адреса. Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада. Веднаш по завршувањето на фестивалот, односно наредниот ден младата пејачка го објави и својот видеоспот за макфестовската песна, кое го изработија момците од „Урбан Рекордс“. „Презадоволна сум од песната, настапот реакциите на публиката, задоволна сум од себе како се претставив на фестивалот. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам дека им се допаднал мојот настап, а тоа посебно ме радува и ме мотивира во исто време. Се надевам дека песната ќе биде слушана во иднина“ - вели младата пејачка. Марија се потпишува како автор на оваа песна, односно нејзини се музиката и текстот, а прсти замеша и познатиот продуцент Роберт Билбилов кој го направи аранжманот. Инаку Марија во својата фиока има веќе неколку готови песни, па следната ќе биде објавена за само неколку месеци или неколку недели од сега... До тогаш погледнете го спотот за „Омилен“ (КЛИКНИ ТУКА), а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете... ]]>

Нејзиното време допрва доаѓа: Марија Спасовска ќе дебитира на „Макфест 2022“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinoto-vreme-doprva-doagja-marija-spasovska-kje-debitira-na-makfest-2022-foto/ Wed, 28 Sep 2022 10:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269083

Веруваме дека повеќето од Вас се сеќаваат кога во 2018 година малечката Марија Спасовска ја претставуваше нашата земја на детскиот „Евросонг“, кој тогаш се одржа во Минск - Белорусија. Уште тогаш слаткото малечко девојченце од Скопје со преубав глас го привлече вниманието на домашната јавност, а многумина во старт веќе и предвидоа блескава музичка кариера. Полека, но сигурно нејзиното време доаѓа па Марија  „запливува“ во сериозните музички води. Ако во 2018 таа беше во категорија јуниори, денеска слободно ќе кажеме дека таа е зрела да се префрли во категорија сениори. Марија Спасовска оваа година за првпат ќе дебитира на сцената на еден од нашите најстари и најпопуларни фестивали,  фестивалот на забавни песни „Макфест  2022“ во Штип.   Спасовска заедно со својот тим веќе почнаа да ги прават подготовките за фестивалот, а она што е фасцинантно за некој на нејзина возраст, е тоа што Марија ќе настапи како кантавтор на ова нејзино дебитанско појавување на фестивалот.    ]]>

За Марија Спасовска само тој е нејзиниот – „Број еден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-marija-spasovska-samo-toj-e-nejziniot-broj-eden-video/ Tue, 06 Apr 2021 12:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197824

Марија Спасовска беше 12 - годишно девојчето кое ја претставуваше Македонија на „Детската евровизија 2018“ каде што настапи со песната  „Дома“ и се пласираше на 12-то место.

Три години подоцна, младата тинејџерка Марија Спасовска е новото име меѓу домашните изведувачи кое се потпишува и како автор на музиката и текстот, а зад аранжманот стои Дарко Димитров во чие студиото ја  направија песната „Број еден“ која најмногу и е наменета на младата македонска генерација.

Со модерен стилски звук, современа продукција и несомнено одличен аранжман, Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15 години. „Драги мои, мојата нова песна 'Број Еден' е објавена на мојот Јутјуб канал. Пресреќна сум, затоа што за оваа песна успеав да напишам сама музика и текст. Најмногу му благодарам на Дарко Димитров кој ми го направи најдобриот аранжман во неговата продукција и заеднички направивме парче уметност за македонската сцена“ -сподели младата тинејџерка на својот фејсбук профил промовирајќи ја песната. Режисерот за видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од тинејџерската љубовна порака „те имам и те немам“ го направи видео спотот да изгледа солидно, а во спотот покрај Марија се појавува и младиот машки модел Димитри Павловски. Мејкап стилистот и фризер Даниел Николовски и модниот дизајнер Мите Занов се погрижиле Марија да изгледа прекрасно и низ неколку современи стилски промени преку нејзиното лице  и стајлинг да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време. како сето тоа изгледа спакувано во музика, стихови и видеозапис на песната „Број еден“ на младата кантавторка Марија, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=TsCBzsPlDuM]]>

Марија Спасовска користи знаковен јазик: „Сакам“ – за да ме разберат и тие што не можат да ме слушнат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-koristi-znakoven-jazik-sakam-za-da-me-razberat-i-tie-shto-ne-mozat-da-me-slushnat/ Fri, 13 Dec 2019 12:15:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123843

Минатогодишната македонска претставничка на детскиот „Евросонг јуниор“ има нова песна. Марија Спасовска самата ги напиша стиховите за песната „Сакам“, чиј композитор е познатиот автор и продуцент Робет Билбилов, која заедно со самата Марија ги испеа и придружните вокаливо песната. „Сакам“ доби и своја необична визуелизација во која, во спотот кој го потпишува познатиот уметнички фотограф и режисер Зоран Стојановски - Зонде, псе користи и знаковниот јазик кој го ползуваат лицата со оштетен слух и глувите и наглуви лица. „Сакам да ме разберат што пеам и оние што не можат да ме слушнат“ - порача младата пејачка појаснувајќи го ваквиот потег во видеото за „Сакам“ кое можете да го проследите во продолжение. ]]>