Марија Радовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Jan 2023 11:52:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Марија Радовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српската инфлуенсерка Марија Радовиќ раскажа каков пекол доживеала на еден роденден: „Ми ставија дрога во пијачката“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-influenserka-marija-radovik-raskazha-kakov-pekol-dozhiveal-na-eden-rodenden-mi-stavija-droga-vo-pijachkata-foto/ Thu, 26 Jan 2023 11:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285957

Српската инфлуенсерка Марија Радовиќ со своите следбеници на Јутјуб ја сподели приказната за, како што вели, некој наводно и истурил дрога во пијалокот на сплав, каде што таа гостувала на роденденска забава. -Минатата година отидов на роденден со другарка, роденден кој се одржа на сплав. Нашиот пријател кој славеше роденден зеде две маси на тој сплав и условот беше две шишиња алкохол да се нарача. Зеде текила и можеби виски. Во тој момент решавам да пијам текила. Сè беше во најдобар ред, а потоа во еден момент двајца мажи се приближија до нашата маса. Еден со помал раст, пополн, кој влегува во разговор со мене. Ми ги зеде очилата, му реков да ги врати. Му реков дека не ме интересира, а тој беше напорен. После 10, 15 минути дојде друг дечко и почна да ми кажува „јас сум ти маж, јас сум твое момче“, во еден момент ми стана непријатно со него, му реков да се тргне од мене или ќе викнам обезбедување и тој се тргна, започнува Марија. Како што изјавила понатаму, таа и друштвото почнале да наздравуваат, но тој алкохолен пијалок имал поинаков вкус и истакнала дека алкохолот седел на маса околу 20 минути. „После тоа наздравивме, а мене таа чашка текила ми седеше на масата можеби 20 минути, а потоа ја испив. Кога ја пиев текилата, вкусот и беше поинаков, крајно горчлив, по неколку секунди се чувствував многу чудно. Како нешто да почна да ми поминува низ телото. Мислев дека се опив од една текила. Кога продолжив да танцувам, почувствував како ми трнат прстите и рацете, не знаев што се случува со мене, но се почувствував исклучително лошо. Седнав до другарка ми, а таа мислеше дека сум премногу пијана. Кога отидов да му кажам на мојот пријател дека ми е лошо, не можев да кажам ниту еден збор. Тој излезе од сплавот да ми донесе вода и ми рече да не одам никаде. Навистина не се чувствував добро, успеав да се извлечам и почнав да повраќам, не можев да престанам и се' уште ми е мака кога ќе помислам на тоа. Нешто чудно се случуваше во моето тело“, рекла таа, а потоа додала: „Јасно е дека нешто ми беше ставено во пијалокот, не можев да паднам по две чашки текила. Тоа друго момче во еден момент и пријде на другарка ми, и ја праша за мене, а потоа се сврте кон понискиот пријател и му шепна нешто. За среќа, мојот пријател ме качи во такси и двајцата се упативме кон станот. И кога стигнав до станот, сè уште бев неверојатно омамена. Исто така, следниот ден се чувствував неверојатно лошо, можам да го опишам како најлошиот мамурлак на светот, имав впечаток дека се во мене скапува“, рекла Марија. Фото: Инстаграм принтскрин/maki_radovic]]>