марија петровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Aug 2023 09:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марија петровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Maрија Петровска славеше посебен ден: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ објави фотографии од  крштевката на синот во Словенија (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-slaveshe-poseben-den-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-objavi-fotografii-od-krshtevkata-na-sinot-vo-slovenija-foto/ Mon, 14 Aug 2023 09:54:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313584

Поранешната водителкa и новинарка на естрадниот ТВ  магазин „Бекстејџ“ – Марија Петровска, неодамна во Словенија заедно со сопругот, словенецот Михаел Сказа направија крштевка на синот. Популарната Маца која годинава за првпат стана мајка и роди здраво машко дете, сега како што е редот направи и интимна церемонија судејќи по фотографиите од социјалните мрежи. Вљубениот пар се фотографирал во црковните одаи  заедно  доживувајќи ја најголемата животна радост  на светото место. На 31 март 2023 тие се остварија како родители за прв пат, а по неколку дена откако мајката и новороденчето си дојдоа дома, дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест. Овој пат, Маца сподели фотографии од крштевката ставајќи го покрај фотографијата датумот од убавиот настан.
Таа сподели и дел од интимните моменти од прославата која беше организирана во хотел Тиса Хочко Похорје па, покрај фотографиите напиша дека денот навистина бил посебен:
Нека му е среќна крштевката и вечно името. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Петровска]]>

Марија Петровска стана мајка: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ роди синче кое доби необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-stana-majka-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-rodi-sinche-koj-dobi-neobichno-ime-foto/ Tue, 11 Apr 2023 08:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297632

Откако на  поранешната водителката на ТВ магазинот „Бекстејџ“ - Марија Петровска, пријателките неодамна и  приредија „Бебешки туш“ (baby shower), обичај во католичкиот свет кој во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка, сега таа ја доживеа најголемата животна радост. Имено популарната Маца за прв пат  стана мајка. Роди син - здраво машко чедо, чиј пол се знаеше уште претходно иако потенцијалното име на синот ниту таа, ниту нејзиниот партнер , Словенецот Михаел Сказа не го соопштуваа до пред самиот чин на породувањето. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Откако на 31 март 2023 и дефинитивно се остварија како родители за прв пат, а малечкиот ја здогледа виделината на денот доаѓајќи на овој свет  гордите родители почекаа неколку дена мајката и новороденчето да си дојдат дома, па дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест во јавноста. Маца споделила фотографија од рачето и дел од лиценцето на малечкото, па покрај неа напишала: „Твојот прв здив ни го одзеде нашиот здив“, ставајќи го покрај фотографијата датумот и часот на раѓање на нивното прво чедо, тежината и големината но и уште еден важен детал - името на малечкиот. Имено, тој го добил името Домен и секако го носи презимето на татко му - Сказа. Уште една фотографија од малечкиот Домен во количка осамна на нејзиниот Инстаграм откако, тие си дојдоа во својот дом од породилиштето. За потсетување, екс водителката Марија Петровска повеќе од 7 години живее во Словенија заедно со нејзиниот партнер, Михаел Сказа. Популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа со нејзиниот партнер за прв пат се остварија во улога на родители. Нека им е жива и здрава приновата. Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska  ]]>

Марија Петровска на „туширање со љубов“: На некогашната водителка на „Бекстејџ“ за нејзиното машко чедо на пат, другарките и приредија „Бебешки туш“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-na-tushirane-so-lubov-na-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-za-nejzinoto-mashko-chedo-na-pat-drugarkite-i-priredija-bebeshki-tush-foto/ Wed, 08 Mar 2023 09:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292220

Некогашната ТВ новинарка и водителката Марија Петровска, која со години беше „трејед марк“ на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, сега се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република - Словенија, каде речиси седум години живее со нејзиниот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа е во завршна фаза на бременоста и за некое време со нејзиниот партнер ќе се остварат во улогата на родители. По тој повод во католичкиот свет постои еден обичај кој кај нас не е премногу вообичаен, но таму често се практикува и е наречен „Бебешки туш“ (baby shower). Во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка. Токму изминатиот викенд блиските пријателки на поранешната водителка на „Бекстејџ“ во Словенија и организираа „baby shower“ за бебето кое е на пат. За оваа прилика целиот амбиент до најситен детал бил декориран во светло сина боја во знак на бебето кое е од машки пол.
Марија ги бори последните денови од бременоста и изгледа како прекрасна трудница и самата променета во син фустан со принт од цветен дезен. Пријателките ја опсипаа со многу љубов, внимание и секако  многу подароци за своето машко чедо кое само што не пристигнало на овој свет.
И додека полот на бебето е оддамна познат, Маца потенцијалното име на синот се' уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Освен, ако и самата таа и нејзиниот партнер Михаел се уште не  одлучиле дефинитивно како ќе се вика нивното синче. Или можеби се чека кумот? „Што се однесува до името, сè уште не сме избрале. Имаме неколку фаворити, ама сè уште ништо конкретно“ - кажа Марија уште кога беше некаде на половина од бременоста. Конечено името е лична работа, она што е најважно е синчето да им е живо и здраво! Фото Инстаграм принтскрин/marija_petrovska]]>

Кога работата станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето: „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“ https://arhiva.vistina.com.mk/koga-rabotata-stanuva-povekje-od-profesija-a-druzenjeto-prerasnuva-vo-neshto-najsveto-dobredojde-vo-nasheto-golemo-bekstejdz-semejstvo/ Tue, 27 Dec 2022 08:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281673

Не тајна дека тие се цели 15 години во етерот, а при тоа станаа и останаа најгледаниот, најпопуларниот и најдобриот естраден ТВ магазин во Македонија. Се разбира во прашање е „Бекстејџ“  низ чиј тим за оваа деценија и пол минале низа од познати личности, од кои некои почнале како тотални анонимуси за токму преку „печењето на ТВ занаетот“  денес да станат профилирани ТВ лица и познати јавни фаци. Манекени и манекенки, топ модели, музичари, водителки, новинарки и новинари, сниматели, монтажери, продуценти… Со текот на годините поставите се менуваа , но „Бекстејџ“ остана…! Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс… така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Ударната игла, огледана во новинарско-водителската екипа - женска. Тандемот Марија Петровска – Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“. Но како што се' има свој почеток има и свој крај и нивниот професионален ангажман во „ТВ магазинот од зад сцената“ еден ден мораше да заврши... Но, не и нивното дружење од деновите на заедничката работа, која со текот на годините станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето... Иако километри ги делат, зашто Марија со години живее и работи во Словенија, а Јулија однеодамна е дел од маркетинг тимот на една голема странска компанија во Скопје, никогаш не престанаа да бидат блиски. Словенците деновиве го славеа католичкиот Божиќ, па Марија како добра домаќинка го уреди и украси домот во славеничка атмосфера. Впрочем, сега имаше мотив или поточно два повеќе. Како што веќе први објавивме некогашната новинарка и ТВ водителка е бремена и за прв пат во новата 2023 година ќе се оствари како мајка. Затоа и Дедо Мраз не е единствениот кој ќе пристигне во градот... До душа тој на крајот на годинава, а некој друг на почетокот на идната! Новогодишната елка и подароците под не се тука, но има нешто што е поважно од нив. Или како што самата Марија објавила под споделените фотографии на својот Инстаграм: „Не е важно што има под елката, туку кој е околу неа“. А околу неа оние кои работата ги запозна и зближи, а дружењето и пријателството ги претвори во... своевидно семејтво! Некогашните колешки одново заедно зашто Јулија Цветковска во друштво на Александар Блажевски и дојде на гости на Марија Петровска. А кога се оди на гости кај драгите и блиски пријатели и другари, се носат подароци, а во ваква прилика ем новогодишни, ем посебни... Зашто блажената состојба на домаќинката напредува, па штом наскоро ќе стане мајка, семејството ќе се прошири за уште еден член. Она  нејзиното, дома, ама и оноа големото „Бекстејџ“ семејство на кое по редот на нештата новиот член (ќе) му припаѓа. На истото она медиумско семејство кое неговата мајка пред 15 години заедно со нејзините гости го основа... И тоа се' уште трае. Како што трае и големото пријателство, полно со длабока, искрена и неизмерна љубов со некогашните колеги, со кои станаа речиси... семејство. Затоа... „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“, малечок! Фото: Инстаграм принтскрин/ Backstage/marija_petrovska]]>

Марија Петровска е бремена: Некогашната новинарка и водителка на „Бекстејџ“ за прв пат ќе стане мајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-e-bremena-nekogashnata-novinarka-i-voditelka-na-bekstejdz-za-prv-pat-kje-stane-majka-foto/ Fri, 11 Nov 2022 11:08:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275415

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави.   Една од оние која најмногу се памети е секако онаа првата, која го кршеше мразот и пробиваше патото кон успехот на „магазинот од зад сцената“ кој треа цела деценија и пол. Во неа една половина од ударниот новинарско-репортерски и водителски тандем беше Марија Петровска. Таа за жал на прославата не се појави од многу оправдани причини, зашто некогаш многу популарната Маца веќе со години не живее во Македонија. Но, затоа она што се појави како фотографија која осамна на нејзиниот Инстаграм покажа нешто што израдува многумина кои ја познаваат. Зашто некогашната „Бекстејџ“ новинарка и водителка објави фотографија кој покажува дека е бремена. Марија споделила фотографија на која е во женско друштво, а на истата иако е во црно долг фустан, убаво се гледа баеги нараснатото трудничко стомаче на македонската убавица со словенечка адреса на живеење. Имено, Марија сега живее во Словенија, на релација Марибор-Цеље и се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република, каде живее со својот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, Маца обзнани дека е бремена. Според фотографиите, некаде е во фаза на нешто повеќе од половина од бременоста, но полот на бебето, ниту пак потенцијалното име се уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Во Македонија не доаѓа пречесто, иако татковината не ја заборавила. Посетите најчесто се или за божиќните празници или на лето, кога ги посетува родното Тетово и семејството, но не ги заборава ниту старите другари и најблиските пријатели. Особено не оние, со кои со години соработуваше во екипата на „ТВ магазинот од зад сцената“, како и Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ на кој Маца беше во неколку наврати водителка, па дури и специјално доаѓаше од Словенија за како главен домаќин на вечерта, да застане на сцената. Како и во најдобрите денови, кога шармантната тетовка беше дамата која ги газеше и плочниците на македонските кафулиња и подиумите на ноќните клубови и ледината на најголемите музички фестивали како „Зигет“ во Будимпешта или калдрмата на Петроварадинската тврдина на „Егзит“ во Нови Сад и црвениот ќилим на Манаки“ во Битола или оној на  „Филмскиот фестивал“ во Кан... Едноставно Маца секојдневно ја имаше насекаде, а најмногу на ТВ екраните во секое ново издание на „Бекстејџ“, само од различна локација, случка, настан, концерт, манифестација, фестивал...  и со различни соговорници. Сега Маца е пред нов животен предизвик да стане мајка, да се оствари себеси за прв пат како родител... Како круна во животот исполнет со успешна професионална кариера! Зашто да си познат, популарен, славен, да те има секој ден на телевизија, сите да те познаваат, навистина годи... Но, да си родител, особено мајка и тоа за прв пат, е единственото чувство, кое ништо не може да го замени! Впрочем, не попусто се вели: „Една е мајка“! Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska  ]]>

Еве кого и зошто водителката Марија Петровска го преврте наопаку: Ако не ја зема, наша Маца еве што му спрема! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kogo-i-zoshto-voditelkata-marija-petrovska-go-prevrte-naopaku-ako-ne-ja-zema-nasha-maca-eve-shto-mu-sprema-foto/ Tue, 06 Feb 2018 08:25:39 +0000 http://vistina.mk/?p=11813

Македонската ТВ водителка и новинар Марија Маца Петровска која најмногу ја познавате од некогашниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ и како водителка на Македонскиот радиски фестивал „МАРС“, последниве дречиси две години живее кај својот избраник Михаел, во Цеље, Словенија.
Марија и Михаел иако се’ уште не се  во брак, живеат заедно... Маца е на еден вид проба... И животна и работна, зашто веќе работи во едно тамошно локално радио. И додека е извесно дека професионалните стандарди сосема ги исполнила, вклучувајќи ги работните обврски и совладувањето на словенечкиот јазик, приватноста како се’ уште да е на тест... Ама по се’ изгледа,  не ќе да е за долго!
Имено водителката најпрвин постираше фотографија на која се гледааат два вкрстени прстена, што секако асоцира на нешто, што можеби е во најава и треба да се случи наскоро... Претпоставуваме, брак!
Во случај,  „ брачниот тест период“ да и биде продолжен, Маца јасно и гласно, а Бога ми и сликовито му даде до знаење на својот избраник Михаел што го чека:  „Ако не ја зема, наша Маца еве што му  спрема“!
   ]]>

Патриотско срце: Познатата Македонка во репрезентативен дрес и развиорен шал, среде Словенија навиваше за Македонија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/patriotsko-srce-poznatata-makedonka-vo-reprezentativen-dres-i-razvioren-shal-srede-slovenija-navivashe-za-makedonija-foto/ Mon, 15 Jan 2018 08:50:37 +0000 http://vistina.mk/?p=9631

Ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија на ЕП во Хрватска привлече огромно внимение кај целата јавност, особено кај нас Македонците. Разборливо, ние од дома како и нашите кои беа на трибините, сите заедно навивавме за Македонија. И веројатно со своето навивање, барем оние што беа таму, а ние со добрите вибрации од овде им помогнавме на Раул -„Ел команданте“ и нашите момчиња да дојдат до толку посакуваната победа. Нашите ракометари и овој пат оставија „срце на терен“, ама оставивме и ние - навивачите... И срце и нерви и грло. И на трибини и крај телевизор!
Ние дома, ама и таа... Иако далеку од дома, од родната Македонија. Некогашната ТВ водителка на најпопуларниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Маца Петровска повеќе не е во Македонија. Таа речиси две години живее кај својот избраник, во Цеље, Словенија. Ама Маца очигледно никогаша не заборавила ниту која е, што е и од каде доаѓа!
Македонија - Словенија на ракометниот терен, а таа среде Словенија во македонски дрес, со високо кренато шалче на кое пишува: „Една нација - една страст - Македонија“, остави и срце, и грло и душа крај големиот телевизор навивајќи за своите и својата татковина! Избраникот може да биде Словенец, новата држава во која можеби и довека ќе живее може да е Словенија, ама срцето и душата се едни во неа, во нашата горда Македонка, Марија Петровска!
И бившите колеги од „Бекстејџ“ и уредникот не пропуштија да не ја пофалат, да ја поддржат, да не ја посочат за вистински пример, како се сака својата татковина!
„За когоооо? За Македонија! И големо БРАВО за нашата, една и единствена Марија!]]>