марија Мирковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Nov 2022 10:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марија Мирковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бившата „фрајла“ со нова песна: Марија Мирковиќ во егзотичната Шпанија го сними видеото за – „Не питам те за њу“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-frajla-so-nova-pesna-marija-mirkovikj-vo-egzotichnata-shpanija-go-snimi-videoto-za-ne-pitam-te-za-nju-video/ Tue, 22 Nov 2022 10:39:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276904

Кантавторката Марија Мирковиќ, која на домашната јавност ѝ е позната како некогашна членка на составот Фрајле, веќе ја навикна пубиката видеата за своите песни да ги снима на светски дестинации. Така е и овој пат, спотот за новата песна со наслов „Не питам те ја за њу“ го сними во Шпанија. Под режисерската палка на Сандра Михаљевиќ екипата се упати на, како што вели Марија, мала екскурзија каде покрај добро завршената работа имаше можност и да ужива во Андалузија. Шпанските градови Ронда, Фригилијана и Јузкар се локации кои на самата песна ѝ даваат дополнителен шмек. „Сакам да снимам спотови во градови во кои не сум била, бидејќи искрено не ги сакам снимањата. Сепак, секое патување на снимање за мене е како мала екскурзија. Овој пат се одлучивме за Андалузија, Шпанија, бидејќи на самиот почеток песната ме асоцираше на Шпанија. Онаа стара Шпанија со мали села до кои се стигнува преку тесни патчиња и каде се прашуваш каде одиш“, вели Марија. Екипата помина три интензивни работни дена во Шпанија, сосема доволно време да се склопи сè како што треба, односно песната и видеото да се спакуваат онака како и што е замислено. А притоа, како што вели Марија, сите уживале. Темата „Не питам те ја за њу“ е создадена во 2021 година. Музиката ја потпишува самата кантавторка, текстот е со потписот на Алка Вуица, додека аранжманот е дело на Бранимир Михалевиќ. „Алка Вуица ми испрати текст, седнав крај клавирот, ги преточив зборовите во музика и тоа е тоа. После неколку дена сфатив дека песната е сепак за мене, а не за некој друг, како што мислевме на почетокот. Исто како и со „Пожури, пожури“, вели Марија и додава дека ѝ е особено драго што во сето лудило кое го имала во тој момент, ја држело чувството за песната која едноставно морала самата да ја отпее. Марија открива и дека е среќна што идејата за аранжманот се родила токму во студиото кај Михаљевиќ, и тоа додека му ги свирела песните кои мислела дека ќе ги стави на албум. „Веднаш сфати што ѝ треба на оваа песна, се фрли на работа и мислам дека ја збогати песната и му благодарам за тоа“, заклучи Марија, која успешно продолжува со градењето на својата кантавторска кариера. Уживајте во прекрасната песна и видео (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Марија Мирковиќ (екс Фрајле) со нова песна – „Презирем самоќу“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-mirkovikj-eks-frajle-so-nova-pesna-prezirem-samokju-video/ Tue, 05 Jul 2022 12:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257227

Со секоја нова песна, откако ја стартуваше соло кариерата, кантавторката Марија Мирковиќ (екс Фрајле) потврдува дека ужива во слободата на создавање песни, која ѝ дава можност на публиката да ѝ понуди и поинаков музички израз. Овој сингл можеби не е во мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво, вели Марија за новата песна „Презирем самоќу“, која ја потпишува како текстописец, додека автор на музиката и аранжманот е Бранимир Михаљевиќ. „Презирем самоќу“ е песна во која зборува дека знае што сака, а што не, и има поразличен музички израз. - Иако песната стилски е поинаква од сите кои досега сум ги објавила, ми легна од прва. Има некој бит и грув кој ми е одличен. Дојдов кај Бранимир, ја пуштивме матрицата, го доработив текстот и за два часа ја снимивме песната. Не ја снимив само затоа што е модерна и за да ми донесе поголема популарност. Иако нема да се бунам и ако се случи тоа, вели Марија низ насмевка. Нејзиниот ѕвонлив и чист глас совршено се вклопува во модерниот звук, а во спотот Марија ја покажа сета своја љубов и умешност во боречките вештини, кои маестрално се овековечени од режисерката Сандра Михаљевиќ, со која работеше и на претходните две видеа - во кои дестинации за снимање беа Венеција и Истанбул. Сега акцент е ставен на видеоефектите и танцот со кој се симулира „спортската љубов“ на Марија. Ова видео инаку е снимено во Загреб. Марија својата кантавторска кариера трпеливо ја гради нешто повеќе од една година, а огромна поддршка добива и од бендот со кој работи со години; уште како членка на Фрајле - за кои, пак, ги напиша некои од најпознатите хитови; и кој и денес е тука за неа. Откако ја напушти групата Фрајле оствари мошне успешни музички соработки, па со Алка Вуица создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени, соработува со тенорот Мате Гргат, а групата Камби со хитот „Заљубљен“ беше најголемо изненадување на минатогодишниот фестивал „Дора“. Музиката оствари низа номинации меѓу кои оние за Златно студио, Хит на годината, а прогласена е и за најстримувана песна. Марија сега ужива во градењето соло кариера, а новата песна и спот - „Презирем самоќу“, се доказ дека и публиката ќе ужива во музиката која ја создава оваа исклучително талентирана и сестрана кантавторка. ]]>

Романтична балада на Алка Вуица – „Не мислим више на тебе“ како најава за нов албум, а меѓу авторите и овој познат Македонец (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/romantichna-balada-na-alka-vuica-ne-mislim-vishe-na-tebe-kako-najava-za-nov-album-a-megju-avtorite-i-ovoj-poznat-makedonec-foto/ Fri, 03 Jun 2022 08:34:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252972

Алка Вуица, една од најплодните хрватски авторки, има нов сингл со наслов „Не мислим више на тебе“. Музиката е со потписот на Марија Мирковиќ, некогашната членка на Фрајле која и сама успешно гради соло кариера. Аранжманот, миксот и мастерингот, пак, се дело на еден познат Македонец, некогашниот гитарист, автор и музички продуцент, Тоше Поп Симонов. „Песната е направена одамна, уште во осумдесеттите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. И’ ја испратив на Марија, која токму тогаш беше во Скопје. Веднаш влегла во студио, ја напишала музиката, а Тоше се понудил да помогне. Сѐ излезе некако спонтано и така е најдобро. Веќе одамна не сум имала балада и оваа песна е баш роматична“, вели Алка и додава: „Многу ми е мило што Маки ме спои со Тоше, кого неизмерно го ценам, но не сум имала можност да соработувам досега со него. Песната „Не мислим више на тебе“ настана со гитара, прво како текст, а потоа Маки ја направи мелодијата. Тоше со својот аранжман додаде и некои етно елементи и посебна емоција и мислам дека на песната ѝ даде посебна убавина, а повторно во мој сензибилитет. Од македонските автори сум соработувала со Роберт Саздов одамна, голем пријател сум со Влатко Стефановски и Калиопи, а мој другар и соработник веќе со години е и Дарко Димитров со кого сум имала неколку успешни соработки и со кого се надевам дека уште ќе соработувам. Поздрав до сите во Македонија, особено до мојата публика и едвај чекам повторно да дојдам.“   Дека случајните работи умеат да бидат одлични е доказ и оваа соработка со Тоше Поп Симонов. „Марија Мирковиќ која е композитор на песната и нејзината менаџерка Лидија Самарџија беа работно во Скопје, ми се јавија да се видиме, Марија ми ја пушти песната во демо верзија, имаше нешто во демото што на прва ми ја создаде сликата во кој правец би ја однел јас како атмосфера, ѝ реков на Марија дека би можел да се обидам да ја сработам и ете - се случи убава песна. И јас некаде прочитав дека текстот е од некои други времиња, што мене како на аранжер воопшто не ми менува ништо. Алка Вуица со целиот свој авторски багаж, секако, дека е предизвик и мислам дека успеавме да создадеме едно заедничко дело кое ќе ѝ се допадне на нејзината публика, вели Поп Симонов, кому ова му е прва соработка со Вуица. Вели, во целиот овој проект влетал сосема случајно, а со оглед на тоа дека овој албум веќе влегува во завршната фаза од реализацијата не е исклучена можноста за соработка на некој следен проект. Соработката, пак, меѓу двете музичарки почна пред неколку години, а заедничка работа на новиот студиски материјал на Алка најавија со претходниот сингл „Луѓакиња“ со кој Алка настапи на минатогодишниот СМС фестивал во Водице. Новиот студиски албум ќе ја прекине дискографската пауза на Алка и тоа после дури 16 години. „Станува збор за поп и вистински женски албум затоа што, впрочем, го прават две силни авторки“, додава Алка. Видеото за песната „Не мислим више на тебе“  кое можете да го погледнете во продолжение го режираше Шиме Ешкиња, а снимателскиот и монтажерскиот дел го одработи уште еден музичар Јероним Мариќ. Фото: Шиме Ешкиња/Инстаграм принтскрин/alka.vuica]]>

Марија Мирковиќ – поранешната Фрајла, храбро ја турка соло кариерата со врвна продукција: Новиот хит кој дефинитивно ќе се слуша е – „Моја душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-mirkovikj-poraneshnata-frajla-hrabro-ja-turka-solo-karierata-so-vrvna-produkcija-noviot-hit-koj-definitivno-kje-se-slusha-e-moja-dusha-video/ Sat, 19 Mar 2022 11:06:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243647

Во една прилика изјави дека радоста од создавање музика и музичките соработки се нејзино погонско гориво, а во последната година тоа и во целост го потврди. Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех. Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат.   Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш. Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна за припадноста кон една душа која ветува прегратки и припадност во моментите на најголема неволја. Автор на спотот е Сандра Марковиќ, која со прекрасни кадри го следи текстот од песната сѐ до последната прегратка. Песната инаку е продолжение на успешната соло кариера на Марија која ја стартуваше пред неполна година. Откако на минатогодишната Дора групата Камби го отпеа нејзиниот хит „Заљубљен“ веднаш беа прогласени за најголемото позитивно изненадување на тој фестивал. Песната оствари низа номинации меѓу кои и оние за Златно студио, Хит на годината на Народно радио, а прогласена е и за една од најстримуваните песни на годината. Изминатиот период Марија го одбележа со бројни соработки особено пишувајќи за Алка Вуица со која, како што и најави, создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени. Соработува и со тенорот Мате Гргат и други изведувачи. ]]>