марија милошевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:51:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марија милошевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба на концептуален филигрански накит во Музеј на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-konceptualen-filigranski-nakit-vo-muzej-na-makedonija/ Mon, 03 Oct 2022 12:51:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269831

На 6 октомври во 19 часот во НУ Музеј на Република Македонија во Скопје ќе се одржи изложба на концептуален филигрански накит со наслов “МАМКА” на уметницата и етнолог Марија Милошевска. Марија Милошевска веќе дваесетина години го промовира филигранскиот занает преку современиот концепт низ различни медиуми како накит, инсталации, објекти, перформанси и видео арт. Инспирирана од најстарото пишано сведоштво за потеклото на вештачката рибарска мушичка, во светот позната под името Macedonian fly, во 2017 го создава брендот “МАкедонска МушичкА – МАМКА” кој го прикажува филигранскиот концепт како пристап, практика за накит и критички дискурс во креирањето на културата. Оваа колекција го истражува изработувањето на накитот како начин на размислување и толкување преку иновативен и применлив пристап во различни дисциплини. „МАМКА“ е директно поврзана со моментот на опстанок, кој преку филигранското дело и техниката за изработка на вештачки мушички за рибарење се оживува во сегашното време како момент на постоење, преку практичен и уметничко – научен пристап. Културата, како начин на живот, претставува обид кој го вклучува значењето на егзистенцијата, светот на објектите и секојдневните пракси кои го произведуваат материјалниот живот, на тој начин што ни нуди модели за комплексна евалуација. Куратор на изложбата е Лени Дончева, историчар на уметност која работи како куратор во Градскиот музеј во Бад Херсфелд, Германија. Емилија Лазаревска магистер во областа на реставрација и конзервација на темперна техника, преку нејзиниот уметнички сенс несебично придонесе за креирање на визуелниот идентитет на оваа приказна. Видео инсталацијата е на Сергеј Сарчевски, дипломиран директор на фотографија при универзитетот Westminster во Лондон, В.Британија. Фотографиите се на Александар Ивановски, асистент Оливер Настески. Проектот е од национален интерес во културата за 2022 година, и е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Изложбата ќе трае до 24 октомври 2022 година.]]>