маратон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Sep 2022 09:36:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маратон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марко Пејчиновски летово исплива 250 километри во Охридското Езеро: „Знаев дека на целта ќе излезам со кренати раце и насмевка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-pejchinovski-letovo-ispliva-250-kilometri-vo-ohridskoto-ezero-znaev-deka-na-celta-kje-izlezam-so-krenati-race-i-nasmevka-video/ Sat, 10 Sep 2022 09:34:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266292

Марко Пејчиновски (16) на празникот Голема Богородица преплива 64 километри во Охридско Езеро и стана првиот што поминал толкава делница. Откако пливајќи мина речиси 22 часа во вода и стигна на целта на пристаништето во Охрид го пречекаа неколку стотина луѓе. Марко излезе со кренати раце и насмевка, оти успеа да ја оствари целта што си ја постави- во десет викенди да преплива 250 километри во езерото. „Мислев дека ќе е дојдена само фамилијата да ме пречека. Се изненадив колку многу луѓе има. Веднаш дојдоа да се сликаат, да се гушнеме и не можам да лажам, ми беше убаво. Бев изморен и не можев да им обрнам внимание колку што сакав“, вели Марко во разговорот за „Репортер“. Тој и пред три години проба да ги преплива овие 64 километри, но тогаш се откажа поради болки во ногата. Вниманието на јавноста првпат го привлече кога на 12 години пливаше од Св. Наум до Охрид на соло маратон. Пливаше со некроза на ногата, ретка болест поради која некогаш му е тешко да се движи и често трпи големи болки. Ни кажа дека плива само со рацете. Нозете не ги користи, па затоа и не се натпреварува на маратони. Болеста му ја дијагностицираа во 2016 година, во веќе поодмината фаза, па затоа не можеле да направат ништо превентивно. Во меѓувреме, Марко направи две операции во Белград кој само ја намалиле болката. „Некрозата е делумен прекин на циркулација на крвта, а кај Марко тоа е конкретно на левиот колк. Тој недостаток на крв предизвикува последици што се јавуваат со текот на времето. Крајно решение е да се стави вештачки колк, но дури кога ќе заврши фазата на раст, а Марко ќе има 20-21 година“, вели неговиот татко Тони, поранешен пливач. Лани почина мајката на Марко. Веста ги најде затечени многумина. Марко вели дека токму неа ѝ посветил еден од своите подвизи. „Додека пливав ми текнуваше на неа и тоа ми даваше екстра мотивација. Ми недостигаше додека ги пливав овие 250 километри летово“, вели тој. Искрен е дека пливањето му е сè, а школото баш не му оди. Професорите, вели тој,  сепак имаат разбирање па го ослободуваат од часови за да оди на тренинг. Низ муабетот зборуваше и за брат му кој му е најголема поддршка, како се справува со болеста, зошто имал повеќе трема на „Златна бубамара' отколку кога плива, но и како е да се биде во вода речиси 22 часа без престан, како се спремаше за подвигот и дали догодина наместо десет ќе плива уште повеќе делници... Гледајте го видеото ТУКА: ]]>

Сања Кужет горда на својот успех: „Што ли следно ќе смислам?“ (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-kuzet-gorda-na-svojot-uspeh-shto-li-sledno-kje-smislam-foto/ Tue, 17 May 2022 09:47:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250785

Сања Кужет е една од најпознатитe водителки, а поради својот атрактивен изглед често е во центарот на вниманието. Водителката секогаш истакнува колку го сака здравиот живот и како се грижи за својот изглед, а пред сѐ за своето здравје. На годинешниот  белградски маратон убавата водителка учествуваше  на трката долга 21 километар и издржа до крај. Сања истрча полумаратон за 2 часа и 41 минута, а ова и е прво учество за кое вредно се подготвуваше со месеци.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

„Почнав да трчам во септември, мојата пријателка ме воведе во овој свет на трчањето, но секако самоиницијативно. Минатото лето имав желба (за прв пат) да почнам да трчам“ - изјавила Сања за „Прва“. Сања истакна дека се било баш како што планирала.
 
Таа изјави дека е горда на себе, но и на семејството и пријателите кои и давале поддршка за време на подготовките за самиот маратон, за „новопечената маратонка“ да го истрча „почесниот круг“! Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanja_kuzet]]>

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-so-najbrojna-sportska-ekipa-na-wizz-air-skopski-maraton-2021/ Fri, 08 Oct 2021 11:40:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222424

Повеќе од 350 вработени лица од компанијата Џонсон Мети беа дел од овогодинешниот Wizz Air Скопски маратон 2021. За менаџментот на компанијата, ова е само доказ дека вработените трчаат за своето здравје и за поддршка на корпоративното мото за подигнување на свеста за здравјето и безбедноста „Безбедноста на прво место - Безбедни на работа - Безбедни дома“. Организаторот на маратонот додели пехар на Џонсон Мети семејството како најбројна екипа.
„Горди сме на големиот број на претставници од нашата компанија кои земаа учество на овогодинешниот маратон. Честитки и благодарност на сите колеги за истрчаните километри, постигнатите времиња и освоените награди! Нашите вработени, учесници на Скопскиот маратон покажаа храброст и колегијалност, единство и победнички дух. Само тој начин е вистинскиот за реализација на нашите цели и постигнување на резултати!“, додава извршниот директор Боријан Борозанов.
Од компанијата изразуваат благодарност за организаторите на маратонот и до Британската Амбасада, како и до амбасадорката на Обединетото Кралство. Рејчел Галовеј и до нејзиниот тим.
„Се надеваме дека интересот на вработените за учество на спортски и други настани и понатаму ќе расте и понатаму ќе издвојуваме големи успеси. Џонсон Мети е постојано посветен на придонесување кон зачувување и унапредување на физичката и менталната добросостојба на вработените, а освоената награда го потврдува тоа“, вели Борозанов.
Во прилог дел од атмосферата, резултати и повеќе детали на страната на скопски маратон Резултати 2021 | Виз Ер Скопски маратон | Wizz Air Skopje Marathon (skopskimaraton.com.mk).
]]>

„Младински музички маратон 2020“ на „Скопско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/mladinski-muzichki-maraton-2020-vecher-na-skopsko-leto/ Fri, 31 Jul 2020 12:48:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161541

„Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“. Ќе настапат млади музичари – пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска. На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовски… Како и другите настани на „Скопско лето“, концертот ќе се одржи според протоколите, бројот на публиката ќе биде ограничен и со задолжително почитување на мерките за заштита – носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција и влез на публиката порано, односно од 20 часот.]]>

Истрчал маратон на тераса во време на изолација https://arhiva.vistina.com.mk/istrchal-maraton-na-terasa-vo-vreme-na-izolacija/ Tue, 24 Mar 2020 14:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141211

Французинот Елиша Нохомовик, од градот Тулуз, успеа во изолација, на тераса, да истрча маратон. Со тоа покажа дека, и покрај изолацијата поради коронаврусот, некои нешта, сепак, се можни и изводливи. Маратонецот на својата седум метри долга тераса, истрча маратонска норма од 42,2 километра движејќи се непрекинато напред-назад, шест часа и 48 минути. Според Нохомовик, тоа било повеќе како ментален, отколку физички предизвик… „Но, и комичен чин во оваа луда ситуација кога домот се претвора во затвор”, како што истакна маратонецот. Слики од сѐ тоа тој сподели и на социјални мрежи, како знак на поддршка кон медицинските лица – хероите на денешнината. извор: Курир.мк]]>

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница: Маратонецот за малку ќе завршеше фатално (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/liderot-na-memorija-pero-kamikaza-zavrshi-vo-bolnica-maratonecot-za-malku-kje-zavrsheshe-fatalno-foto/ Tue, 25 Dec 2018 09:44:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64808

Петар Георгиевски или популарниот Перо - „Камиказа“ како што сите го познаваат, покрај тоа што е познат како актер и лидер на една од најголемите македонски рок групи „Меморија“, последниве години е целосно посветен на спортскиот живот.
Трчењето на долги стази или поточно маратоните се неговата спортска страст и пасија. И не само рекреативно, туку полупрофесионално и професионално годиниве наназад Перо ги трчаше најголемите и најпознатите светски маратонски трки кои се одржуваат низ улиците на светските метрополи и мегалополиси.
Токму затоа сите, а најмногу и самиот тој беа убедени дека им пркоси на годините со својот атлетски дух и спортски начин на живот... Но по се' изгледа не било баш така. Прекарот „Камиказа“ за малку ќе му дојдеше до глава, како што велат зашто по се изгледа дека секое задоволство има своја одредена возраст, рок  на траење, доза на парактикување... Па ако претераш и покрај тоа што мислиш дека можеш, „годината на производство“ го прави своето и...
И така Перо „Камиказа“ трчањето - спортот на кој толку е горд за малку ќе го чинеше живот. Заради одредени здравствени компликации, дали како последица на „претерувањето“ или како нуспојава на оваа спортска дисциплина „маратонецот“, не дај Боже,  за малку ќе го трчаше последниот круг... Петар Георгиевски заврши в болница -  17 дена на интензивна нега со дијагноза која воопшто не е наивна... За среќа... Имало век - имало и лек... И к'смет за „Камиказа“!
Еве ја неговата животна приказна која собра храброст да ја сподели на социјаните мрежи деновиве. Денес, фала му на Бога,  жив и здрав, во фаза на рековалесценција...  За трчањето во иднина одлучуваат лекарите, за она другото... Господ Бог!
„20 ноември бев згрижен на клиниката за кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога... Ден на светецот Архагел Михаил кој зема души...Но, ете јас сум имал к'смет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас. За оваа болест првпат чув и бев помалку збунет, но читајки по Интернет видов и дека доста спортисти го поделиле истото искуство... 17 дена поминав во кревет без никакво движење, токму на овој кревет што го гледате... Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот... Но помина... И не е се' готово... Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат враќање со минмален физички напор во наредните три месеци... Значи ништо не е готово додека не е готово!!! Или како ќе кажат наодите...
Го пишувам ова со особен нагласок за тркачите. Да трчате и да го правите она што го сакате додека можете, бидејки тоа може да ви го спаси животот, без разлика што носи утре... Јакото срце мене ми го спаси животот,благодарение токму на трчањето но можеби и од претеран напор, па го добив ова... Кој ке го знае!? За скептиците кој викаа”претеруваш” можам со мирно срце и душа да им кажам... Се науживав од тоа што го правев, па и ако дошло времето барем среќен и исполнет ќе тргнам на најдолгиот пат... Еве ме со брада непосредно по првото станување од болничкиот кревет... И да, она со мускулите и ретроспективата беше да ги амортизирам гласините... Додека соберам храброст да го споделам ова животно искуство со вас... Да сте живи и здрави и да уживате во секој нов ден... Ве сакам сите...“ - напишал Перо споделувајќи ги првите фотографии по излегувањето од болница. Само нека е со помин и... добро здравје и долг живот!]]>

(ФОТО) Најзгодните близначки на Софискиот маратон им покажаа на Бугарите дека му нема рамно на македонското девојче! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-najzgodnite-bliznachki-na-sofiskiot-maraton-im-pokazaa-na-bugarite-deka-mu-nema-ramno-na-makedonskoto-devojche/ Wed, 18 Oct 2017 11:59:22 +0000 http://vistina.mk//?p=296

Од содржините на Вистина.мк неодамна имавте можност да ги запознаете сестрите Марија и Магдалена Гаврилови, кои преку спортскиот и здрав начин на живот, а и со своите совршено градени тела ги освоија вашите симпатии.
Младите 26 годишни близначки од Кочани, Марија и Магдалена за себе велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето. Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат  фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.
Функционираат неразделно една од друга, а покрај истиот избор на факултетот за правни науки, Марија и Магдалена имаат исти пасии и гледишта кон животот. Без спортувањето не би можеле да го замислат своето секојдневие, а на секој маратон во трчање тие се први на позиција со својот натпреварувачки дух. Неодамна двете се упатија кон Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук. Инаку, Марија и Магдалена не пропуштаат ниту еден маратон. Неодамна трчаа на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица. Доколку ви треба мотивација за вежбање, тогаш Марија и Магдалена секако се вистинскиот поттик за тоа.