мањифико – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Nov 2022 11:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мањифико – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лидија Кочовска со насолзени очи ја прозва власта: „Срамота е што никој од Министерството за култура не се појави на погребот на мајка ми“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-kochovska-so-nasolzeni-ochi-ja-prozva-vlasta-sramota-e-shto-nikoj-od-ministerstvoto-za-kultura-ne-se-pojavi-na-pogrebot-na-majka-mi-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:15:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277253

Македонската музичка сцена неодамна остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска. Пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“, позната по нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки. Меѓу видните ветски личности пред кои свиреа и пееја, беа и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа тсвирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот. Невена и Панче Кочовски се и родители на  познатите македонски песестри- пејачки, Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ одавајќи и почит на оваа македонска естрадна примадона, која воедно беше и професор по пеење, ја покани нејзината помала ќерка Лидија која зборуваше за Невена, но и го искажа сиот свој револт кон државата Македонија, бидејќи никој од Министерството за култура не и одаде почит на нејзината мајка и не се појавил на нејзиното последно испраќање. Целесното интервју на Лидија Кочовска за „Бекстејџ“ погледнете го во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nevenka-kochovska-vokalniot-solist-na-legendarnata-makedonska-grupa-manjifiko/ Fri, 26 Aug 2022 06:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264128

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии - „Мањифико“, починала. Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата. Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба. „Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти. Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита. По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители. Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски. Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива]]>

„Мањифико“ на 13 април во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/manjifiko-na-13-april-vo-stanica-26/ Fri, 23 Mar 2018 12:51:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17427

Едно од најинтригантните имиња на музичката сцена во регионов, словенечкиот музичар Роберт Пешут Мањифико доаѓа во Скопје подготвен да приреди незаборавно концертно доживување за македонската публика. Со својата еклектична музика надополнета со препознатливиот хумор и иронија, Мањифико важи за една од најистакнатите музички фигури на просторот на поранешна Југославија. Својата музика тој ја опишува како ретро шик, со комбинација на балкан-диско шлагери и џез. Неговата музичка кариера која се протега низ повеќе од три децении, ја одбележуваат бројни огромни хитови кои го освоија целиот Балкан, а со 11-те објавени албуми и повеќе од 1.000 концерти одржани досега, тој изгради и успешна меѓународна кариера.
Тој воедно ја компонираше музиката за некои од најуспешните филмови во регионов, а негова најпозната соработка на ова поле е со српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Автор е на музиката за филмовите „Монтевидео, Бог те видео!“ и „Монтевидео, видимо се!“, а за време на овие проекти Мањифико соработуваше и со шпанската дива Луз Касал. Исто така, автор е и на музиката за популарната серија „Сенки над Балканот“, во моментов актуелна и кај нас. Покрај забавниот карактер, неговата музика е критички настроена кон различни општествени проблеми – стереотипи, предрасуди, ксенофобија и хомофобија се често теми во неговите стихови, кои во минатото предизвикаа и големи контроверзии. Во 2016 година, Мањифико го објави албумот насловен „Charlatan de Balkan“, а ова остварување тој го претставува на актуелната регионална турнеја во чии рамки гостува и во Скопје. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=AmIKI9F3cNI]]>