манипулатори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png манипулатори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Манипулаторите ги изговараат овие 5 реченици https://arhiva.vistina.com.mk/manipulatorite-gi-izgovaraat-ovie-5-rechenitsi/ Wed, 07 Jun 2023 12:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305342

Манипулатор во нашето опкружување може да биде секој. Понекогаш тоа не го прават намерно, но тогаш се уште полоши бидејќи не се свесни за своите постапки. Меѓутоа, и свесните и несвесните манипулации се вклучени секогаш кога тоа ним им одговара, за да имаат корист или да излезат од дадена ситуација. Ова може да биде многу опасно за вашиот живот. Затоа, научете да препознавате манипулатор по овие реченици и исклучете го од вашиот живот. Згора на тоа, можеби вие сте тој што манипулира без да го знаете тоа. Дали вие или некој ваш близок често ги употребувате овие реченици? „Не ме разбираш“ Секој обид за рационализирање на ситуацијата завршува со тврдењето на соговорникот дека едноставно не го разбирате? Оваа тактика се заснова на обид да се попречи рационална и разумна комуникација, а во исто време од него прави – жртва. „Претеруваш“ Манипулаторите обично се оние кои се премногу драматични: лажат, извртуваат расправии, плачат вистински или лажно, честопати ги обвинуваат другите дека внесуваат непотребна драма во врската и дискусијата и дека премногу анализираат и со тоа ги менуваат вашите улоги. Не дозволувајте тоа да ве поколеба - ако добивате ваква реакција секојпат кога ги споделувате вашите мисли, веројатно не претерувате. Целта на ова однесување е да ве спречи отворено да се изразувате, а манипулаторот потоа ќе успева во сè што ќе посака да направи во вашата врска. „Пречувствителен/а си“ Во очите на манипулатор, без грам емпатија, можеби сте премногу чувствителни затоа што тој не може да ги види работите од ваша перспектива. Во секој случај, ако личноста со која се обидувате да решите проблем - секогаш главна одбрана му е дека сте премногу чувствителни, неговата цел е да ве натера да се чувствувате несигурни во сопственото расудување. Па така, мислите дека реагирате бурно и дозволувате емоциите да ве водат, за да не ги гледате работите реално и наместо вистински да бидете виновникот, се сомневате во себе. „Имаш потреба од мене“ На овој начин, манипулаторот воспоставува целосна контрола - мислите дека не можете без него или нешто од негово. Ако му верувате, манипулаторот е тој што ја има моќта, бидејќи контролата е неговото главно оружје. „Секогаш го правиш ова“ Кога манипулаторот ја користи оваа реченица, се случило следново: или вашата наводна тврдоглавост му пречи во неговите намери, или се обидува да ви всади несигурност и чувство на вина. Па така, тие се поставуваат над вас, како некој кој гледа сè реално и објективно, додека вие се вртите во круг и ги повторувате истите грешки, заслепени од погрешно расудување.]]>

Со вакви мажи е тешко да се биде во брак, забележувајте ги деталите уште во врската https://arhiva.vistina.com.mk/so-vakvi-mazi-e-teshko-da-se-bide-vo-brak-zabelezuvajte-gi-detalite-ushte-vo-vrskata/ Mon, 07 Mar 2022 13:30:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242028

Брачната заедница подразбира верност, искреност, посветеност, подготвеност на компромиси и понекогаш ставање себе си на второ место. Мажите кои ги немаат овие квалитети се тешки за соживот, а да не се лажеме, можеби луѓето се менуваат, но нема да ги сменат овие основни карактерни црти. Ако го препознаете вашиот партнер во некој од овие типови, убаво размислете дали би сакале да бидете во брак со него. Маж кој не ги признава грешките Ако партнерот некогаш ве повредил некако, сте останале заедно, но тој никогаш не си ја признал грешката и не се покајал за направеното, тоа значи дека не му е гајле за вас. Иако ви кажува дека сака да биде со вас, тој не покажува дека се грижи за вашето емотивно здравје, туку само не сака да биде сам. Егоист Во љубовта понекогаш треба да се ставиме себе си на второ место. Мажите кои се окупирани со себе и само со себе нема да забележат кога ви се најпотребни, а тоа значи дека нема да можете да се потпрете на нив, што е еден од основните столбови на бракот. Измамник Можеби е прекрасен за вас, но треба да го погледнете партнерот и како единка во општеството. Ако е превртлив со пријателите, недоверлив со семејството, ако би направил измами и трикови за да дојде до лесна заработка, тоа не е човек на кој може да сметате дека ќе гради заеднички живот со вас. Можеби нема директно да ви наштети, но неговите измами може негативно да се одразат на вас како негова партнерка. Мрзлив маж Можеби во моментов нема работа, но што прави со тоа слободно време може многу да ви каже за човекот. Ако сега очекува некој друг да му направи јадење, да исчисти по дома и слично, што да очекувате кога ќе живеете заедно и евентуално ќе имате деца? Забележете каков однос има кон работата и како го користи слободното време, тоа ќе ви даде многу одговори за тоа каков ќе биде како брачен партнер. извор: Курир.мк]]>

Заштитете се себе си и своето срце: Оваа опасна тактика ја користа манипулаторите https://arhiva.vistina.com.mk/zashtitete-se-sebe-si-i-svoeto-srce-ovaa-opasna-taktika-ja-korista-manipulatorite/ Fri, 24 Sep 2021 13:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220574

Ако го забележите ова кај вашиот партнер, подобро е да го оставите. Манипулатори се луѓе кои користат различни тактики за да ги постигнат своите себични цели, а една од нивните главни мотиви е да ја понижат личноста со која се во емотивна врска. Лесно манипулираат со чувствата на другата личност, бидејќи тоа им причинува големо задоволство. Сигурно не ги сакаме овој тип на луѓе во нашиот тесен круг на пријатели и познаници, а најмалку сакаме да бидеме во врска со таква личност. Иако е многу тешко да се открие манипулатор, треба да се има предвид еден знак што може да ги демаскира на прв поглед. Првиот знак дека некое лице е манипулатор е клевета. Манипулаторите генерално ја загрозуваат вашата самодоверба и ве прават да се чувствувате полошо, но кога не можат да контролираат како вие се перцепирате себеси, тогаш тие се обидуваат да контролираат како другите ве доживуваат, со клевета: ја преземаат улогата на жртва и ќе се обидат да ве направат деструктивна личност. Клеветата е честа појава во многу романтични и пријателски врски. Тоа е превентивна побуна дизајнирана да ја уништи вашата репутација и слика за вас кај блиски луѓе, така што нема да имате поддршка во случај да одлучите да ја прекинете врската и да го оставите таквиот партнер. Во тој случај, тој ќе се претстави како жртва и како некој што се бори за таа врска, додека вие го саботирате. Манипулаторите потоа можат да користат разни невистини, вашите слабости, тајни и стравови. Најдобар начин да се спротивставите на клеветата е секогаш да имате контрола и да се држите до фактите. Најдобро е секогаш да се каже вистината и само вистината. Не се правдајте кога не сте виновни, туку кажете се искрено. Луѓето кои навистина ви веруваат, ве почитуваат и ве сакаат, ќе ја разберат целата ситуација. Важно е само да бидете силни, достојни до себе и да истраете до крај. Препознајте ги манипулативните тактики на време и не грижете се за мислењата на другите, бидејќи манипулаторската маска секогаш паѓа од лицето во вистинско време. Извор: попара.мк ]]>

Aко сакате да се заштите од манипулатори, треба да ги направите овие 3 работи https://arhiva.vistina.com.mk/ako-sakate-da-se-zashtite-od-manipulatori-treba-da-gi-napravite-ovie-3-raboti/ Mon, 04 May 2020 12:15:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147853

Манипулацијата е нездрава емоционално- психолошка стратегија која ја користат личности кои сакаат да контролираат со емоциите, чувствата и однесувањето на другите луѓе. Постојат различни видови на манипулации, а една од нив е и љубовната манипулација. Секоја врска заснована на манипулација е токсична врска која негативно се одразува врз менталното здравје на жртвите на манипулација. Доколку приметите дека некој ве манипулира, ова се чекорите кои треба да ги преземете:

1. Не ја примајте манипулацијата

Обидете се да направите енергетски штит кој нема да дозвили да се извалка вашата аура, енергијата да ви биде нарушена, а чувствата повредени.

2. Поставете јасни граници

Бидете подготвени да му ги покажете границите на манипулаторот. Важно е да му ставите јасно до знаење дека не сакате да бидете учесник во манипулативни игри.

3. Одложете го одговорот

Доколку во животот приметите знаци на манипулација, важно е да ја одложите реакцијата. Оставете ја да “преспие”. Одложете го одговорот додека не размислите добро и не се осигурате дека не сте под лупа на манипулатор. Манипулацијата може да биде и еден облик на насилство. Во таков случај жртвата треба да побара стручна помош. извор: попара.мк]]>