манекенки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 10:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png манекенки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Mеѓу нас не постои его: Mанекенките од „Црнокрак“ меѓу најубавите на светските избори за мис (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/megju-nas-ne-postoi-ego-manekenkite-od-crnokrak-megju-najubavite-na-svetskite-izbori-za-mis/ Mon, 03 Oct 2022 06:27:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269724

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од „Mодното студио Црнокрак“ летово освоија титули на изборот за мис топ-модел, што се одржа во Либан. Секоја од нив има поинакво искуство од изборот, но трите велат дека не очекувале да освојат титула и затоа се пресреќни. Во Либан беа повеќе од три недели, време во кое се запознаа со локалната култура, се прошетаа во неколку градови, јадеа локални специјалитети и се дружеа со уште четириесет девојки од целиот свет. „Кога одиш на избор на убавина, најважно е да си приземен, да знаеш дека можеш да освоиш титула, ама да не покажуваш его и нарцисоидност. Таму не можам да мислам дека сум подобра од другите зашто сите девојки се убави и сите сме заедно во истиот брод“, рече за „Репортер“ Катарина, која беше избрана за мис елеганција. По професија е правник. Вели отсекогаш сакала да биде адвокат, а убавината никогаш не ѝ пречела во тоа, иако кај нас и денес знаат да кажат дека убавите девојки не може и да се паметни. ">Мија е ученичка во гимназијата „Јосип Броз-Тито“. На почетокот на годината таа стана втора придружничка на мис Европа, а овој пат влезе во десетте најубави девојки на изборот. Долго пред да ја засака модата тренирала кикбокс. Учествувала на многу домашни и европски првенства, па сега дома има награди и од изборите за убавина и од спортските натпревари. „Кога почнав да се занимавам со манекенство, мислев дека ќе мора да се откажам од кикбоксот, но сфатив дека можам да им се посветам и на двете работи зашто еднакво ме исполнуваат. А моите блиски се гордеат на успесите што ги постигнувам на двете полиња“, ни изјави Мија. "Ива е средношколка од гимназијата „Орце Николов“. Изборот за мис во Либан е првиот на кој учествувала, а ја освои наградата „Мис тин“. Вели, бидејќи била најмала од сите учеснички, другите девојки ја чувале и најмногу се грижеле за неа. „Си бевме поддршка една на друга, се дружевме, си поминавме супер. Пред да излезам првиот пат на сцената имав голема трема, мислев ќе се сопнам со штиклите и ќе паднам, ама тоа не се случи. Искрено, пресреќна сум што освоив круна, па повремено си ја ставам на главата и се гледам“, искрена е Ива. "За изборите на убавина на кои учествувале, модното студио „Црнокрак“, колку им се важни титулите, за поддршката од околината и за љубомората... Гледајте го видеото... ]]>

Вака изгледа исхраната на познатите манекенки https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgleda-ishranata-na-poznatite-manekenki/ Mon, 17 Aug 2020 13:31:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163739

Некои од најпознатите топ-модели на светот имаат специфични диети кои за нив се покажуваат многу ефикасни. Еве како се хранат некои од најславните манекенки: 1. Жизел Бундшен – диета базирана на билки Нејзината диета се состои од 80% зеленчук, интегрални житарки, кинoa, бобинки, како и чисто месо, како што се стекови, патка и дива лосос. Жизел не јаде брашно, шеќер, сол, не конзумира кофеин и го намалува овошјето на минимум. 2. Лили Олдриџ – „Сакара“ – диета со испорака на оброци Овој бренд „Сакара“ е многу популарен. Не трошите време на пазарење, сецкање, миење, лупење, подготовка, сè е доставено до вашата врата. „Сакара“ испорачува свежа риба, вегетаријанска појадок, ручеци, вечери и пијалоци. 3. Керолин Марфи – Алкална диета Алкалната диета се состои од многу овошја, зеленчук и јаткасти плодови, а треба да се избегнува месо, риба, млечни производи, јајца и алкохол. 4. Миранда Кер – Диета според крвната група Оваа диета се заснова на различни намирници на храна во зависност од крвната група. Крвната група на Миранда Кер е А, па нејзината диета се базира на многу зеленчук и растителни влакна.]]>

Коронавирусот ја покори естрадата: Еве кои пејачи, водители, манекенки, старлети, ријалити ѕвезди… се заразени или го прележале Ковид-19 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koronavirusot-ja-pokori-estradata-eve-koi-pejachi-voditeli-manekenki-starleti-rijaliti-dzvezdi-se-zarazani-ili-go-prelezaa-kovid-19-foto/ Sat, 04 Jul 2020 09:37:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157028

Опасниот коронавирус ја зарази половина српска естрада! Милица Тодоровиќ и Славица Ќуктераш веќе неколку дена се во карантин и не се чувствуваат добро, а нивната колешка Илда Шаулиќ на почетокот на својата бременост откри дека е позитивна за ковид-19. „За среќа, немам никакви проблеми, па многу не сум загрижена. Во моментов сум во изолација, не излегувам никаде и никој не доаѓа кај мене. За мене е тешко да се одвојам од ќерка ми и сопругот, но што да правам?“ - вели Илда. За разлика од неа, која нема симптоми, Славица и Милица имаат проблеми. Двете се заедно во карантин, во станот на Тодоровиќ. „И двете сме лошо и имаме треска и главоболка. Се тешиме да го поминеме сето ова заедно. Оди бавно, крајот е на повидок, сега само треба да бидеме трпеливи додека не се ослободиме од вирусот“ - раскажува Милица и додава дека нејзината колешка прима инфузии во ковид центарот на Бежаниска Коса: „Славица мора да добива инфузија затоа што целосно се онесвести. Таа оди во болница речиси секој ден, па се враќа во мојот стан“. Свршеникот на Ана Севиќ, Даниел Недељковиќ исто така бил заразена со коронавирусот. Тој се раздели од Ана и нејзината ќерка Лорена за да не го пренесе вирусот на нив. Поради неговата болест, Севиќ не дозволи нејзината ќерка да биде на крштевката кај нејзиниот брат Алексеј, што му падна многу тешко на нејзиниот татко, пејачот Дарко Лазиќ. Пејачката Нела Бијаниќ, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Фарма“, живее во Жарково во семејна куќа, а бидејќи откри дека е позитивна на корона, не излегува од своето поткровје. Овој дел е целосно изолиран, така што Нела не стапила во контакт со семејството, вклучувајќи ги и внукот и таткото. Пејачката е во целосна изолација и се чувствува многу лошо, дише и зборува со тешкотии. „Јас се распаѓам. Белите дробови ми пукаат од болка“ - вели пејачката за нејзината состојба. Голем број луѓе од сцената веќе се опоравија од коронавирусот. Ѓорѓе Давид беше меѓу првите што се зарази, како и познатиот менаџер, Бане Обрадовиќ, на кого лекарите му даваа само 20% шанса за закрепнување. Повеќето познати личности се заразиле во куќата на Цеца Ражнатовиќ на прославата по повод раѓањето на внукот на пејачката. Покрај домаќинката и нејзиниот син Вељко, во тоа време беа позитивни и водителката Душица Јаковљевиќ,  фризерот Стеван Радивојевиќ, како и пејачката Марина Вишковиќ, која долго криеше дека го има вирусот. Подоцна, манекенката Сања Станковиќ, водителката Оља Црногорац и пејачот Љуба Перуќица се заразиле исто така. Тој имал воспаление на белите дробови и поминал скоро две недели во болница. Кај нас во Македонија, за сега се зборуваше и шпекулираше за водителот на  естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ“ - Миро Кацараов и манекенката и модел Александра Накова дека се заразени, но тие ги демантираа гласините јавно споделувајќи ги своите НЕГАТИВНИ резултати од тестовите. За жал, познатиот музичар, пејач, композитор и ТВ водител Драган Вучиќ,  како и ДЈ Ицко од радио „Антена 5“, починаа од последиците на коронавирусот. Фото: Марко Ѓоковиќ / ТВ Пинк принтскрин/ Instagram принтскрин / принтскрин TVIN]]>

Дарко Спејко: „Слаб сум на манекенки, влегувањето во дизајнерски води може скапо да ме чини“ https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-slab-sum-na-manekenki-vleguvanjeto-vo-dizajnerski-vodi-moze-skapo-da-me-chini/ Fri, 24 Apr 2020 07:30:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146296

Дарко Спејко е единствениот Македонец кој победи во реалити шоу „Велики брат“. Иако претходната година влезе во „Задруга“ овој пат кумановецот немаше многу среќа и по еден месец излезе од реалното шоу. Тој е единствен машки инфлуенсер од Македонија кој е признат од страна на „Инстаграм“, а како што вели за вечер.пресс, тој е инфлуенсер без разлика дали имал социјални мрежи или не. „Што се однесува до инфлуенсот, јас сум инфлуенсер, имал или немал „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Ме ангажираат затоа што сум Дарко Спејко, а не затоа што имам огромен број следбеници на социјалните мрежи. Грешка е тоа што се поврзуваат профили на социјалните мрежи со тоа дека е некој инфлуенсер. Моите следбеници не се купени и моите профили се верификувани од страна на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, моето влијание е потврдено со тоа што сум јас самиот. И останувам еден и единствен верификуван на двете најпопуларни социјални мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“ во Македонија, па и на Балканот, некои брендови го ценат тоа, па плаќаат двократно или трикратно за реклама,  вели Спејко за вечер.пресс. На прашањето дали би запливал во дизајнерските води, победникот на „Велики брат“ вели: „Мојот стаjлинг е резултат на тимот кој стои зад  мене. Тие секогаш се трудат стајлингот да го усогласат со мојот карактер и став, пораката што сакам да ја пренесам и настанот за кој се подготвувам. Студиото што е во чекор со светските трендови се грижи за мојата фризура. А дали би  запловил во дизајнерски води „Никогаш не вели никогаш“, во моментов сум сконцентриран на други големи цели, па не сакам ништо друго да ми одзема внимание додека не ги остварам. Слаб сум на манекенки, влегувањето во дизајнерски води може скапо да ме чини“. Инаку, Дарко има повеќе од 33 000 следбеници на „Инстаграм“. Целото интервју може да го прочитате на вечер.пресс  ]]>

Не ви паѓа ни на памет: Погледнете што никогаш не јадат ангелите на „Викторија Сикрет“ https://arhiva.vistina.com.mk/ne-vi-pagja-ni-na-pamet-poglednete-shto-nikogash-ne-jadat-angelite-na-viktorija-sikret/ Thu, 29 Mar 2018 07:54:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18315

За да бидат на врвот, најпознатите манекенки морале да се откажат од сето она без кое многумина од нас не би можеле да го замислат животот. Кога ќе погледнете колку тие заработуваат и како живеат, можеби ќе помислите дека им се исплатело, но не е сè така едноставно како што изгледа. Секој грам се мери, па така целиот нивни живот е програмиран според строг начин на исхрана. Погледнете што тие никогаш не јадат.
Тоа беше откриено од страна на Стил Кастер, кој вели дека ѕвездите на модниот бренд Викторија Сикрет дури и не го знаат вкусот на хамбургер или чоколадна торта. На пример, најпознатата меѓу нив, бразилскиот супер модел Жизел Бундхен, јаде само органски производи. Колку се грижи за исхраната покажува тоа што таа ја пресликала нејзината исхрана и режимот на вежбање за целото семејство. Она што е интересно е дека Ангелите не јадат некои од намирниците кои се препорачани од лекарите и нутриционистите ширум светот како многу здрави и неопходни за целокупното здравје, како што се пиперките и доматите. Освен овој зеленчук, на листата на храна што никогаш не се внесува во телото се: кофеинот, шеќерот, млечните производи, глутенот, сол, како и поголемиот дел од овошјето и печурките.
Некои се прилично екстремни кога диетата е во прашање, па така, Миранда Кер, која, како и нејзината колешка Жизел, инсистира на органска исхрана, секогаш ја лупи јаболката и ја јаде само кората, а остатокот го фрла. Каролина Куркова е малку повеќе разумна, така што правилото број еден за нејзината диета е да не јаде ГМО храна, а новата надеж на Викторија Сикрет, Тајлер Хил особено презира една намирница и никогаш не ја јаде, а тоа е кромид! Не се само супер-слабите манекенки тие кои внимателно водат сметка што јадат. Иако за многумина, ова можеби не функционира така, но и супер сензационалните ѕвезди водат сметка за секој грам што ќе го внесат. Така, новата плус-сензационална ѕвезда, Искра Лоренс, во својата чинија не става модар патлиџан.
]]>