манчи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 May 2023 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png манчи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-kako-stojne-nikolova-stana-neostvaren-son-na-sekoj-kamiondhija-video/ Thu, 18 May 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302573

Камионџии... Луѓе на кои куќата им е патувачка, домот им е на тркала, животот по патиштата, каде минуваат илјадници километри по разни друмови, преку мноштво граници, од дома до нивните одредници и назад... Најчесто радиото и музиката им се најверни другари во шоферските кабини, па не случајно камионџиите и убавата песна се како „брат и сестра“! Некои камионџии кај нас песната дури ги направи славни, познати, дотаму  што стигнаа и до естрадните височини, како камионџијата Андруш, на пример. Некои други пак ѕвезди од зад воланот станаа преку социјалните мрежи како Дарко Влогс, ама до сега се чини камионџиите и оние познатите и оние непознатите немаа своја песна по која ќе ги препознаваат. За да не биде тоа така, се погрижија атрактивната струмичка фолкерка Стојне Николова заедно со Манчи и нејзината авторска екипа, како и многубројните гости на проект-песната „Камионџија“ која на прва влегува во уво и има претензии да стане македонска камионџиска фолк химна. „Душава на нафта мириса, само една имам утеха, да си седнам в ладна меана... Зашто лек за камионџии се убавите млади пејачки“ - како што велат испеаните стихови во песната, во чие видео  зад воланот во камионџиската кабина се многу познати ликови. Од авторот на песната Бобан Мојсовски - Мојсо, преку Тони-Биоритам, Дарко- Влогс.... и останатите кои маестрално си ги одиграле своите улоги во спотот, вклучувајќи го и пејачкиот тандем Стојне и Манчи. Вистинска „ол стар екипа“ од познати лица меѓу кои и оркестарот Џамбо - Агушеви, кои кафеанската атмосфера ја доведуваат до лудило, а Стојне Николова блеска во сиот свој сјај... Можеби најдобро до сега. Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии... И не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки во фолк музиката. Како и да е „Камионџија“ не е само камионџиска фолк химна во перспектива, туку вистинска кафеанска песна за забава, дружба и веселба за сите, потенцијален хит кој од прва влегува во уво, а долго ќе се пее и слуша. Екипата која работела на аудиото и видеото во проектот е обемна и ја сочинуваат: На музички план, музика и аранжман: Бобан Мојсовски, текст: Сашо Нојкиќ, микс и мaстер: ХЛ Студио Момировски, орекстар: Џамбо Агушеви, хармоника: Мишел Трајковски. Видео продукцијата и монтажата ја работел Даниел Јовески,  режијата е на Бобан Мојсовски, а во актерскиот тим се: Антонио Климоски Дарко Влогс Игор Додевски Даниел Божиновски Бобан Мојсовски Бојан Кузманоски Дадо Баровец Гоце Пејковски Иле Моша Сара Мирчевска Ивона Каљкова. Моден стилист била Викторија Бурсаќ, за шминката и фризурата се погрижил стилистот Даниел Николовски. Како изгледа сонот на секој камионџија проследете од песната и спотот за „Камионџии“ од видото во продолжение кое ќе ве насмее, расположи и развесели (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>