манаки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 Sep 2023 07:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png манаки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По секси стајлинзите од црвениот килим за филмските фестивали во Сараево и Црна Гора, актерката Ана Стојановска на домашен терен сервираше дупло голо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-seksi-stajlinzite-od-tsrveniot-kilim-za-filmskite-festivali-vo-saraevo-i-tsrna-gora-akterkata-ana-stojanovska-na-domashen-teren-na-manaki-vo-bitola-servirashe-duplo-golo-foto/ Sat, 30 Sep 2023 08:12:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319622

Секој фестивал има свој црвен килим каде гостите сакаат да се покажат во своето најдобро и највпечатливо модно издание, особено дамите. Изминатиот период домашните медиуми, па и регионалните пишуваа за ултра ефектниот изглед на нашата млада и позната македонска актерка Ана Стојановска, особено за нејзините секси изданија.  Најпрвин на Сараевскиот филмски фестивал, а потоа и за стајлингот на филмскиот фестивал во Црна Гора каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“. А ако надор остави силен импакт, на домашен терен остана перманентна со модното светло кое го презентираше претходно. Па така, на 44-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Брака Манки во Битола, Ана Стојановска „сервираше“ дупло голо. Имено, таа на црвениот килим зачекори во дводелна металик пудресто розова нијанса на дводелен комплет. Изборот се состоеше од ултра краток топ кој го откри нејзиниот совршено рамен и мускулест стомак, а останатата голотија овој пат беше за одзади- на грбот. Макси здолништето пак од долниот дел, нималку не беше изоставено од впечатокот за комплетната визуелна слика, а таму акцентот беш ставен на светкавите синџирчиња околу струкот. И во ова модно издание Ана ја покажа својата вита фигура, па изборот и овој пат беше непогрешлив за неа и тоа како таа знае да го износи. Периодов Ана покажа дека е доминантна на црвениот килим, така што и со комплет за кој се погрижи една македонска модна куќа, изборот на Ана беше полн погодок. Фото: Ана Стојановска Инстаграм принтскрин/ International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS]]>

Квалитетна филмска програма и познати имиња на 39.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva.vistina.com.mk/kvalitetna-filmska-programa-i-poznati-iminja-na-39-izdanie-na-iffk-brakja-manaki/ Thu, 16 Aug 2018 13:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43417

Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, а чии подготовки влегуваат во својата завршница. Од ИФФК „Браќа Манаки“ соопштија дека годинава ќе има 14 програми, а проширен е и кругот на селектори кои ги обликуваат програмите. Новина е програмата „Филмски класици – Полноќен јавач“, која вклучува филмови од светската филмска антологија, за кои помладата генерација има можеби само слушнато или прочитано. Селектор на програмата е италијанскиот режисер, кој живее во Битола, Микеле де Анѓелис, а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови. Во главната програма, пак, се вклучени најновите филмски продукции на големите мајстори на филмската фотографија, што ја фасцинираа публиката и критиката, во селекција на Благоја Куновски – Доре. – Оваа година фокус ќе биде ставен на студентската програма. Годинава ќе има студенти од 15 филмски академии, најмногу досега од почетокот на основањето на фестивалот, а тие доаѓаат со свои филмови, по чии проекции ќе има дискусии и разговори. За студентите подготвуваме и средби со филмските автори, кои со нив ќе ги споделат своите искуства, вели директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска. Од ИФФК посочуваат дека и годинава ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот, под режисерската палка на Вардан Тозија. МИА]]>