ман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Sep 2023 12:21:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МАН додели признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/man-dodeli-priznanija-na-dolgogodishni-istaknati-profesionaltsi-vo-novinarstvoto-foto/ Wed, 06 Sep 2023 08:36:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316859

На изборното Собрание на МАН кое се одржа вчера, вторник, 05 септември 2023 год. во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје, со одлука на Извршниот и Надзорниот одбор, беа доделени посебни признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството. Во разни години, различни медиуми трпеле политички или економски притисок, а успеваат да останат на нозе и да продолжат да работат. Последните години пример за притисок е Алфа ТВ. Заслугата за тоа што тие и покрај сето тоа успеваат да бидат во врвот на македонското ТВ новинарство е тимска, но како награда за целиот тим ние во МАН ја издвојуваме Искра Коровешовска, главен уредник во најголем дел од тој тежок период со наградата за автентичност и самостојност во ТВ новинарството, во свое име и за целиот им на Алфа. Генерално телевизиите произведуваат програма. Оваа и ланската година највпечатлив производ од продукцијата на македонските телевизии е ТВ серијата “Бистра Вода“ на Алфа ТВ. Во таа тимска работа издвојуваме двајца маѓионичари, врвни професионалци, без кои оваа серија немаше да биде тоа што го видовме. Затоа, две награди за оние кои за серијата го создадоа крајниот, финалниот впечаток. Игор Василев – награда за музика за ТВ серијата “Бистра вода“. Валентин Видовиќ – награда за перфектна тонска обработка за ТВ серијата “Бистра вода“. И секако за Јани Бојаџи – награда за најдобра продукција, сценарио и режија за серијата “Бистра Вода“. Независните и комерцијални медиуми се појавија во деведесетите и создадоа нов информативен и демократски простор. Во основањето и развојот на комерцијалните медиуми, во оваа прилика издвојуваме шест професионалци кои имаат посебен придонес како одновачи и децениски уредници на главни македонски медиуми. Драган Павловиќ Латас, основач и главен уредник на Радио Вокс, на дневниот весник Вечер 7 години и ТВ Сител 22 години, а исто така и основач на МАН и 12 години генерален секретар на организацијата. Бранко Героски, еден од основачите и главен уредник на весникот Дневник, водечки дневен весник во Македонија додека постоеше. Автор на Тв емисии на А1 ТВ, основач и уредник на неколлку неделни изданија, а и на весникот Слободен печат, како и основач на порталот Плусинфо. Николина Јакимова, директор на Метрополис, најголемата радиска групација која според МАН остава најдлабок печат како групација во слободниот радиски простор. Во оваа група, како долгогодишни професионалци, но и главни уредници на најтиражните дневни весници во Македонија се: Предраг Димитровски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата. Дарко Јаневски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата Наташа Хаџиспиркоска Стефанова – награда за професионални стандарди во новинарството во областа на економијата Извршниот и Надзорниот одбор на МАН и благодарат на Канал 5 ТВ, особено на директорот Иван Мирчевски, кој даде целосна и несебична поддршка заедно со МАН да ја организираме хуманитарната акција за помош на настраданите по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Канал 5 – награда за општествена одговорност и хуманост по земјотресите во Турција. А бидејќи успеа да освои и повеќе меѓународни награди во промоција на македонската култура и националите интереси, МАН му доделува признание на Иван Мирчевски, директор на Канал 5 ТВ. Новинарството не е само политика, туку е и култура во која спаѓа и фимската, телевизиската продукција, но и забавата и естрадата.   Посебно признание од МАН  доби и уредникот на нашиот портал Вистина.ком.мк -  Антонио Димитриевски – ТВ и радио водител, новинар и уредник  за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура, естрада и забава во новинарството.     Како и Јована Стојменовиќ – за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура и забава во новинарството. Марина Ристевска – доби награда за најдобар снимател/камерман во Македонија, како првото женско-снимател во независна Македонија, која го отвори патот за други колешки кои сега се сниматели или камермани. Таа несебично работеше во многу кризни ситуации, како што беше состојбата во 1999 година и војната 2001 година. Матеја Петровски – награда за најдобар репортер во Македонија, кој поставува вистински прашања, на вистински теми за да им ја пренесе вистината на гледачите и читателите.    

Повеќе на vistina.mk]]>

На изборното Собрание на МАН кое се одржа вчера, вторник, 05 септември 2023 год. во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје, со одлука на Извршниот и Надзорниот одбор, беа доделени посебни признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството. Во разни години, различни медиуми трпеле политички или економски притисок, а успеваат да останат на нозе и да продолжат да работат. Последните години пример за притисок е Алфа ТВ. Заслугата за тоа што тие и покрај сето тоа успеваат да бидат во врвот на македонското ТВ новинарство е тимска, но како награда за целиот тим ние во МАН ја издвојуваме Искра Коровешовска, главен уредник во најголем дел од тој тежок период со наградата за автентичност и самостојност во ТВ новинарството, во свое име и за целиот им на Алфа. Генерално телевизиите произведуваат програма. Оваа и ланската година највпечатлив производ од продукцијата на македонските телевизии е ТВ серијата “Бистра Вода“ на Алфа ТВ. Во таа тимска работа издвојуваме двајца маѓионичари, врвни професионалци, без кои оваа серија немаше да биде тоа што го видовме. Затоа, две награди за оние кои за серијата го создадоа крајниот, финалниот впечаток. Игор Василев – награда за музика за ТВ серијата “Бистра вода“. Валентин Видовиќ – награда за перфектна тонска обработка за ТВ серијата “Бистра вода“. И секако за Јани Бојаџи – награда за најдобра продукција, сценарио и режија за серијата “Бистра Вода“. Независните и комерцијални медиуми се појавија во деведесетите и создадоа нов информативен и демократски простор. Во основањето и развојот на комерцијалните медиуми, во оваа прилика издвојуваме шест професионалци кои имаат посебен придонес како одновачи и децениски уредници на главни македонски медиуми. Драган Павловиќ Латас, основач и главен уредник на Радио Вокс, на дневниот весник Вечер 7 години и ТВ Сител 22 години, а исто така и основач на МАН и 12 години генерален секретар на организацијата. Бранко Героски, еден од основачите и главен уредник на весникот Дневник, водечки дневен весник во Македонија додека постоеше. Автор на Тв емисии на А1 ТВ, основач и уредник на неколлку неделни изданија, а и на весникот Слободен печат, како и основач на порталот Плусинфо. Николина Јакимова, директор на Метрополис, најголемата радиска групација која според МАН остава најдлабок печат како групација во слободниот радиски простор. Во оваа група, како долгогодишни професионалци, но и главни уредници на најтиражните дневни весници во Македонија се: Предраг Димитровски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата. Дарко Јаневски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата Наташа Хаџиспиркоска Стефанова – награда за професионални стандарди во новинарството во областа на економијата Извршниот и Надзорниот одбор на МАН и благодарат на Канал 5 ТВ, особено на директорот Иван Мирчевски, кој даде целосна и несебична поддршка заедно со МАН да ја организираме хуманитарната акција за помош на настраданите по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Канал 5 – награда за општествена одговорност и хуманост по земјотресите во Турција. А бидејќи успеа да освои и повеќе меѓународни награди во промоција на македонската култура и националите интереси, МАН му доделува признание на Иван Мирчевски, директор на Канал 5 ТВ. Новинарството не е само политика, туку е и култура во која спаѓа и фимската, телевизиската продукција, но и забавата и естрадата.   Посебно признание од МАН  доби и уредникот на нашиот портал Вистина.ком.мк -  Антонио Димитриевски – ТВ и радио водител, новинар и уредник  за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура, естрада и забава во новинарството.     Како и Јована Стојменовиќ – за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура и забава во новинарството. Марина Ристевска – доби награда за најдобар снимател/камерман во Македонија, како првото женско-снимател во независна Македонија, која го отвори патот за други колешки кои сега се сниматели или камермани. Таа несебично работеше во многу кризни ситуации, како што беше состојбата во 1999 година и војната 2001 година. Матеја Петровски – награда за најдобар репортер во Македонија, кој поставува вистински прашања, на вистински теми за да им ја пренесе вистината на гледачите и читателите.    ]]>
Новинарски протест: „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со притисок, апсења и прогон!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novinarski-protest-na-novinarskiot-zbor-odgovorete-so-zbor-a-ne-so-pritisok-apsenja-i-progon-video/ Thu, 26 Sep 2019 12:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109226

Македонската асоцијација на новинари – МАН и редакцијата на порталот Инфомакс, заедно со колеги од други редакции денес протестира пред Јавното обвинителство (ЈО) и кривичниот суд по одлуката на ЈО да отвори кривична постапка против Александар Митевски, главниот уредник на порталот Инфомакс, бидејќи објавиле извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев кој во ЈО во мај годинава пријаил кривично дело рекет во која пријава се спомнуваат осомничените за тоа дело Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски Кичеец како и имиња на политичари од актуелната власт. Според ЈО новинарот со објавувањето на делови од исказот на бизнисменот Орце Камчев сторил кривично дело оддавање службена тајна. Објавувањето на содржината од исказот пред ЈО уследи откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите на пријавителот и сведоците не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат и лажно ја известуваат јавноста со информации дека повеќе лица од политичкиот врв на власта се вмешани директно и индиректно во рекетирањето бизнисмени од скандалот Рекет, односно откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај. Како одговор на оваа прозивка и клеветење од страна на обвинителот Јовевски кон новинарите порталот Инфомакс изнесе детали и документи со кои јасно се виде дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски лажел, дека свесно ги штити политичарите од врвот на власта со прикривање информации кои ги теретат и подразбираат и кривична и политичка одговорност од учесниците. Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот Рекет. Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците, Јавното обвинителство реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт. Наместо да ја гони корупцијата и учесниците во неа Јавното обвинителство ги гони новинарите кои објавуваат факти и документи за корупција. Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта. Дека е тоа така потврдата стаса и на денот кога се протестираше за овој настан пред ЈО. Имено, полицијата упадна во редакцијата на порталот Нетпрес и вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудио снимката од кабинетот на секретарот на владата Рашковски од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав. Овој коруптивен скандал на владата, персонифицирана во нејзиниот генерален секретар Рашковски, Јавното обвинителство не го обработува ниту благовремено ниту темелно и практично го амнестира Рашковски со притисок врз сведоци и новинари кои објавиле факти и документи како и со заташкување на случајот и пристап кон корупцијата кој однапред е осуден на замижување во однос на обвинение за висока корупција на Рашковски. Соработката ја Јавното обвинителство со актуелната извршна власт и интересите на премиерот Зоран Заев е повеќе од очигледна и извесно е дека еден ден, кога ќе се создадат услови за слободно делување на законот, ќе мора да се бара кривична одговорност од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефот на одделот за организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска. Денес новинарите протестираа пред Јавното обвинителство и кривичниот суд, на бело перниче свечено пред Јавното обвинителство оставија лисици за притвореници кои Јавното обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Пред кривичниот суд, на свечено бело перниче, оставен е микрофон кој судот го одзема заедно со одземање на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор. Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот Курир, Бранко Геровски во Слободен печат, Ивона Талевска во весникот Вечер… Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми. Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Инфомакс. https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=RJGG1H7s0f4

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската асоцијација на новинари – МАН и редакцијата на порталот Инфомакс, заедно со колеги од други редакции денес протестира пред Јавното обвинителство (ЈО) и кривичниот суд по одлуката на ЈО да отвори кривична постапка против Александар Митевски, главниот уредник на порталот Инфомакс, бидејќи објавиле извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев кој во ЈО во мај годинава пријаил кривично дело рекет во која пријава се спомнуваат осомничените за тоа дело Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски Кичеец како и имиња на политичари од актуелната власт. Според ЈО новинарот со објавувањето на делови од исказот на бизнисменот Орце Камчев сторил кривично дело оддавање службена тајна. Објавувањето на содржината од исказот пред ЈО уследи откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите на пријавителот и сведоците не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат и лажно ја известуваат јавноста со информации дека повеќе лица од политичкиот врв на власта се вмешани директно и индиректно во рекетирањето бизнисмени од скандалот Рекет, односно откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај. Како одговор на оваа прозивка и клеветење од страна на обвинителот Јовевски кон новинарите порталот Инфомакс изнесе детали и документи со кои јасно се виде дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски лажел, дека свесно ги штити политичарите од врвот на власта со прикривање информации кои ги теретат и подразбираат и кривична и политичка одговорност од учесниците. Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот Рекет. Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците, Јавното обвинителство реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт. Наместо да ја гони корупцијата и учесниците во неа Јавното обвинителство ги гони новинарите кои објавуваат факти и документи за корупција. Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта. Дека е тоа така потврдата стаса и на денот кога се протестираше за овој настан пред ЈО. Имено, полицијата упадна во редакцијата на порталот Нетпрес и вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудио снимката од кабинетот на секретарот на владата Рашковски од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав. Овој коруптивен скандал на владата, персонифицирана во нејзиниот генерален секретар Рашковски, Јавното обвинителство не го обработува ниту благовремено ниту темелно и практично го амнестира Рашковски со притисок врз сведоци и новинари кои објавиле факти и документи како и со заташкување на случајот и пристап кон корупцијата кој однапред е осуден на замижување во однос на обвинение за висока корупција на Рашковски. Соработката ја Јавното обвинителство со актуелната извршна власт и интересите на премиерот Зоран Заев е повеќе од очигледна и извесно е дека еден ден, кога ќе се создадат услови за слободно делување на законот, ќе мора да се бара кривична одговорност од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефот на одделот за организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска. Денес новинарите протестираа пред Јавното обвинителство и кривичниот суд, на бело перниче свечено пред Јавното обвинителство оставија лисици за притвореници кои Јавното обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Пред кривичниот суд, на свечено бело перниче, оставен е микрофон кој судот го одзема заедно со одземање на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор. Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот Курир, Бранко Геровски во Слободен печат, Ивона Талевска во весникот Вечер… Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми. Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Инфомакс. https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=RJGG1H7s0f4]]>
По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди https://arhiva.vistina.com.mk/po-chetvrti-pat-man-dodeluvanje-na-makedonskite-alternativni-nagradi/ Thu, 31 May 2018 08:20:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29878

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.
Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.      

Повеќе на vistina.mk]]>

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.
Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.      ]]>