мамурлак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 May 2023 12:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мамурлак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мамурлак и како да се спречи? Совети од фармацевтите: Oва никако не смеете да го правите https://arhiva.vistina.com.mk/mamurlak-i-kako-da-se-sprechi-soveti-od-farmatsevtite-ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite/ Mon, 08 May 2023 12:13:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301067

Време е да се вратиме во секојдневието, после неколку продолжени викенди. Алкохолот беше секако дел од забавите, прославите и празниците. Кога се прославите во прашање, несаканите ефекти од алкохолот се една од најчестите причини кои не’ спречуваат во нормалното функционирање. Ентузијазмот што го имаме тие неколку слободни денови, лесно може да биде уништен веќе следното утро, баш поради моментот “Aj уште по една пијачка”. За да не ги поминувате неработните денови во болки и малаксани, важно е да научите како да го превенирате мамурлакот, вратите енергијата и да го детоксицирате организмот. Секако, најважниот апел и совет на стручњаците е доколку консумирате алкохол, правете го тоа одговорно и умерено, за да не се доведете себеси или другите во опасност. Симптоми на мамурлак Главоболка, слабост, болки во мускулите, гадење, зголемена чувствителност на бучава и светлина се најчестите последици од прекумерното консумирање алкохол. Алкохолот е диуретик кој доведува до дехидратација, поради што се јавуваат главоболки, како први знаци на исцрпеност на телото. Затоа, важно е да пиете што повеќе вода – помеѓу пијалоците, пред спиење, но и во текот на следниот ден. “Покрај дехидратацијата, проширувањето на крвните садови кое е предизвикано од алкохолот, води кон сериозни главоболки. Во случај на силна болка во мускулите, не треба да земате аналгетик. Лековите базирани на парацетамол се метаболизираат во црниот дроб, кој веќе е загрозен од прекумерното консумирање на алкохол.” – советува фармацевтот Мирјана Спајиќ од платформата Аптека.рс. • Што да не се консумира? - Покрај парацетамолот, постојат и други лекови кои оставаат негативни последици на организмот во комбинација со алкохол. Во групата на аналгетици спаѓаат и аспиринот и ибупрофенот, и тие од истата причина не треба да се земаат при мамурлак. - Лековите против алергија, кога се консумираат со алкохол, предизвикуваат поспаност и вртоглавица. Во случај на алергиски реакции за време на првомајските празници, или кога сме некаде во природа – треба да се избере, или алкохол или антихистамин... Но никогаш и двете во комбинација. - Антидепресивите, никогаш не треба да се земаат заедно со алкохолни пијалоци – алкохолот го зголемува ефектот на антидепресивите и може да одведе до предозирање. • Што да се јаде? - Алкохолните пијалоци предизвикуваат оксидативен стрес во телото и го зголемуваат производството на слободни радикали. Поради оваа причина, важно е да се зголеми внесот на храна која има силно антиоксидативно дејство. Највисока содржина на антиоксиданси има во свежото овошје и зеленчук, како и во јаткастите плодови. Се препорачува консумирање на оореви, лешници, бадеми, боровинки, јагоди, суви сливи, грејпфрут и јаболка. Од зачини – каранфилче, оригано, ѓумбир, цимет и куркума имаат висока содржина на антиоксиданси. • Што да се пие? - Денот после “другарувањето со алкохолот” , може да помогнат црниот и зелениот чај. Тие ги смируваат надуеноста, грчевите и мачнините, а исто така имаат и корисен ефект врз малаксаноста. Мултивитамините, како и производите со ѓумбир, лимон и камилицасе препорачани после консумирање на алкохол. Затоа, доколку консумирате алкохол бидете внимателни, хидрирајте го телото и јадете правилни. “Клин со клин” алтернатива во никој случај не се препорачува, додека неодговорната комбинација на лекови и алкохол може да доведе до сериозни последици по вашето здравје. изворtocka.kom.mk]]>

Таа е познат лек за мамурлак, но може ли расолницата да биде опасна ако претераме со конзумирањето? https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-poznat-lek-za-mamurlak-no-moze-li-rasolnicata-da-bide-opasna-ako-preterame-so-konzumiranjeto/ Thu, 29 Dec 2022 13:40:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282182

Расол е познат пијалок на нашето поднебје, кој со причина се поистоветува со тековниот дел од годината. Секако, првата асоцијација е мамурлакот и „лекувањето“ од него. Но, приказната за расолница е всушност логична последица на огромната популарност на кисела зелка. Расолницата и киселата зелка се користеле како лек уште од античко време Иако киселата зелка се подготвувала на овој начин во античка Кина пред 2.000 години, нема да погрешиме многу ако ја класифицираме како балканска храна. Меѓутоа, бидејќи ритуалот на уживање во храната е често поважен отколку да се земат предвид здравствените придобивки поради нашиот менталитет, не треба да ги занемариме оние од кисела зелка и расолницата. На пример: кога уживаме во вкусот на кисела зелка со пиперка, кој се сеќава дека оваа храна, и во форма на салата и како киселина, некогаш им ја давале на морнарите со цел да се лекува скорбут поради големата количина на витамин Ц? Ќе признаете, ретко кој. Кои корисни материи содржат кисела зелка и расолница? Кисела зелка има многу малку калории и воопшто нема маснотии. Има и мала количина на јаглени хидрати и протеини. Исто така е еден од шампионите во содржината на витамините Ц, К1, К2 и железо. Киселата зелка содржи и магнезиум, цинк, манган, бакар, калиум, витамин Б6 и фолна киселина. Расолницата и киселата зелка се уште поздрави поради процесот на ферментација Киселата зелка е похранлива од обичната зелка поради процесот на ферментација. Станува збор за процедура која се нарекува „закиселување“, всушност микроорганизмите во зелката ги вари природните шеќери, претворајќи ги во јаглерод диоксид и органски киселини. Ферментацијата се јавува кога природните габи и бактерии доаѓаат во контакт со овие шеќери во зелката. Ферментацијата на кисела зелка го фаворизира развојот на корисни бактерии, пробиотици. Пробиотиците се бактерии со големи здравствени придобивки и се многу важни за нашето варење. Тие помагаат во подобрата способност на цревата да ги апсорбира витамините и минералите и поефикасно да ја вари храната, да спречи запек и други нарушувања во дигестивниот тракт. Дали премногу расолница е опасно како лек за мамурлак и кој е изложен на поголем ризик Расолницата, кај нас позната и како лек за мамурлак, ги содржи сите хранливи состојки кои ги содржи и киселата зелка. Тоа се првенствено витамин Ц и бројни минерали, заедно со голема количина на млечна киселина. Сепак, она што ја разликува киселата зелка од сурова е големата количина на натриум што се засилува со ферментација. Во комбинација со големата количина сол содржана во кисела зелка, може да дојде до скок на нивото на натриум во телото. Затоа, сите кои имаат некои кардиоваскуларни заболувања и внимаваат на количината на внесена сол треба да внимаваат со консумирањето. Колку расолница се препорачува да се пие? Во случај на тежок мамурлак, нутриционистите советуваат една чаша жнаутро и една попладне. Симптомите на мамурлакот треба да исчезнат до вечер. Иако научниците сè уште не се сигурни што точно го предизвикува ова непријатно чувство по пиење големи количини алкохол, тие се согласуваат дека сигурни фактори се дехидрацијата, протокот на цитокини и одговорот на хормоните поради токсичните ефекти на алкохолот. Алкохолот е диуретик и телото ќе треба да го исфрли, но останува во организмот некое време. Потоа има негативни ефекти, па затоа треба да се исфрли од телото. Најдобар и најбезбеден начин да го направите ова е да внесувате вода. извор:попара.мк]]>

Француски лек против мамурлак: Рецепт за супа од лук која ќе ве згрее и засити https://arhiva.vistina.com.mk/francuski-lek-protiv-mamurlak-recept-za-supa-od-luk-koja-kje-ve-zgree-i-zasiti/ Thu, 06 Oct 2022 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270435

Едноставна, заситувачка и неодоливо вкусна супа од кромид (soupe à l’oignon) е француска класика која можете да ја подготвите со само неколку состојки. Полна е со вкус и особено убаво се загрева во постудените денови. Покрај тоа, Французите обожаваат да ја јадат откако ќе се напијат малку премногу бидејќи помага при мамурлак. Со соодветна подготовка, домашната супа од кромид лесно може да им парира на оние од најдобрите ресторани. Покрај кромид ќе ви требаат и сирење кое убаво се топи, како гриер, проволоне, ементалер или гауда, како и пармезан. Иако основата од месо дава полн вкус, Французите често готват супа од кромид само со вода, но во овој случај е потребно долго карамелизирање на кромидот, кој треба целосно да се зарумени и трае до половина час на тивок оган. По потреба, во кромидот може да се додаде и една лажица брашно за да стане погусто. Состојки за француска супа од кромид: 4 супени лажици путер 2 супени лажици маслиново масло 1 голем кромид 1,2 л булјон од месо 2 лажици суво десертно вино (шери, порт, мадира, итн.) 1 лажичка сува мајчина душица 6 кришки долгнавест леб 200 гр сирење (грујере, ементалер итн.) 60 гр рендан пармезан сол, бибер магдонос Подготовка на француска супа од кромид: Во тенџере загрејте ги путерот и маслиновото масло, а потоа додадете го ситно исечканиот кромид и повремено мешајте додека не омекне и стане проѕирен. Истурете го густинот од месо, десертното вино и мајчина душица, сол и бибер. Гответе ја супата 30 минути на средна топлина. Загрејте ја рерната на 200 °C, лебот исечкајте го на парчиња и тостирајте го или испржете го во тава. Истурете ја супата во огноотпорни садови и ставете по една кришка француски леб, одозгора ставете парчиња сирење и посипете со рендан пармезан. Печете под горната решетка 2 до 3 минути додека рабовите не поруменат. Послужете топло со свежо сечкан магдонос.]]>

Се бореше со зависност, а потоа сврте нов лист! Бредли Купер откри: Ниту една девојка не сакаше ни да ме погледне! https://arhiva.vistina.com.mk/se-boreshe-so-zavisnost-a-potoa-svrte-nov-list-bredli-kuper-otkri-nitu-edna-devojka-ne-sakashe-ni-da-me-pogledne/ Thu, 16 Jun 2022 07:32:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254602

Во еден подкаст, актерот Бредли Купер зборуваше за своите пороци, односно за зависноста од алкохол и дрога. Поради зависноста добил отказ за време на снимањето на серијата „Алијас“. Тогаш почна, но она што уште повеќе му ги отвори очите беше кога неговиот колега Вил Арнет дојде да провери дали сè е во ред, бидејќи со денови не ги шеташе своите кучиња. „Имав среќа што тоа се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за ланец ресторани за брза храна. Но, јас дефинитивно не го почувствував тоа. Преселувајќи се во Лос Анџелес за серијата „Алијас“, се чувствував како да сум се вратил во средно училиште: не можев да одам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев тотално депресивен“ – признал актерот. Тој откри дека неговата зависност од алкохол и дрога започнала пред да ја стекне светската слава со филмот „Мамурлак“. „Така беше всушност се до „Мамурлак“. Имав 36 години кога го снимав филмот,  па поминав низ сите тие работи пред славата воопшто да влезе во мојот живот секојдневно.  Сето тоа се случи претходно“ – рече тој. Бредли исто така призна дека Вил Арнет дошол во неговиот дом во 2004 година за да провери дали е добро. Се загрижил кога видел дека Купер не ги шетал своите кучиња. „Тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Тоа ми го кажа и Вил и ми го промени целиот живот, тоа никогаш нема да го заборавам. Дефинитивно направив големи поместувања од 29  до 34 , кога барем можев да застанам пред некого и да дишам, да слушам и да зборувам“ – додаде тој Да потсетиме, Бредли Купер од врската со моделот Ирина Шајк ја има четиригодишната ќерка. Иако пред две години ставија точка на врската, тие беа фотографирани заедно во декември минатата година, па ги подгреаа сомнежите дека повторно се во врска. Фото:Принтскрин/Танјуг ап]]>

Секој алкохол предизвикува различен мамурлак – излечете се соодветно https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-alkohol-predizvikuva-razlichen-mamurlak-izlechete-se-soodvetno/ Thu, 02 Jan 2020 11:53:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127054

Мамурлакот можете да го излечите со банана, со богат масен појадок, со јатки, па дури и со антихистаминик, но сето тоа во зависност што сте пиеле. Различни видови алкохол предизвикуваат различен мамурлак, па во продолжение прочитајте како можете да се излечите зависно од тоа што испивте: Бело вино Премногу бело вино предизвикува процес сличен на воспаление, па засилено се произведуваат бели крвни зрнца. Обидете се полека да изедете банана, бидејќи калиумот ќе го смири диуретичкиот ефект на виното. Ако сте пиеле зрело, отстојано вино, можна е реакција слична на алергиската. Во овој случај ќе ви помогне таблетка против алергија, која ќе ги смири хистамините. Доколку не ви се ризикува, измешајте малку ѓумбир во млака вода и пијте бавно, голтка по голтка. Џин-тоник Поради мешавината на алкохол и газиран сок, потребно е да го смирите иритираниот желудник. Направете го тоа со солени интегрални кекси кои ќе ги регулираат електролитите, испијте чај од ѓумбир и изедете едно парче препечен леб со малку мед. Пиво Мамурлакот од пиво лесно се лечи со појадок богат со масти и протеини, како што се варените јајца и авокадото на парче леб. Можете да земете и дополнително витамин Б и да испиете една до две чаши чај од камилица или од нане. Шампањско Поради тоа што е пенливо и лесно ни се чини дека нема многу да нè опие, но тоа е далеку од вистината. Напротив, шампањското може да предизвика главоболки од епски размери. Најдобар лек е кока-кола со малку шеќер, за да се запре апсорпцијата на алкохолот, како и парче месо испечено на скара. Овошно вино Овошните вина може да предизвикаат непријатна подуеност. Испијте чај од ѓумбир засладен со шеќер или мед, а потоа подгответе пилешка супа, за да надоместите за електролитите. извор:iportal.mk]]>

Зошто не треба да вежбате кога сте мамурни? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-vezbate-koga-ste-mamurni/ Tue, 19 Jun 2018 13:28:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33022

Голем број луѓе мислат дека тренингот е ефикасен начин да се излечи мамурлакот, но постојат аргументи кои го тврдат токму спротивното. Основниот проблем на организмот, по ноќ помината со голема количина алкохол е дехидрираноста. -За жал, концептот „потење токсини“ физиолошки не се допаѓа. Најголем проблем на организмот во состојба на мамрулак е дехидрираност, па обидов за потење никако не помага, туку може да доведе до уште поголема дехидрација, вели Ијан Стриц, тренер од Лондон за британски Индепендент. Освен тоа, вежбањето станува уште потешко подносливо, а организмот многу повеќе се заморува, а тоа може да доведе до силни болки и мачнини кои доаѓаат со мамурлакот. Стриц исто така вели дека алкохолот ја намалува брзината со која се синтетираат протеините, што го отежнува правењето на мускулни ткива. Тоа значи дека самото вежбање ќе биде помалку ефикасно. Ако чувствувате тежок мамурлак, со вртоглавица, главоболка и повраќање, терминот во теретана би требало да биде последна работа која ќе ви падне на памет.]]>

Мамурлак – како да си помогнете? https://arhiva.vistina.com.mk/mamurlak-kako-da-si-pomognete/ Wed, 11 Apr 2018 08:08:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20017

Ако вчера се забавувате од зајдисонце до изгрејсонце, денес сигурно страдате од мамурлак. Имате пулсирачка главоболка, вртоглавица, осетливи сте на светло и звук и жалите што не сте прекинале со пиење пред да биде предоцна. Така вчерашната забава ви се претвора во утринско мачење.
 
Бананите, медот, лимонот и лесната храна можат да ви помогнат да ги намалите непријатните симптоми на мамурлак.
Алкохолот е дрога и кога ќе се консумира во поголеми количини го полни нашето тело со токсини. Затоа, телото реагира така како што би реагирало и при предозирање со дрога – сака да се ослободи од штетните супстанции. Најдобар лек да ги избегнете непријатностите на мамурлакот е да не пиете алкохол или „да си ја знаете границата“.

СОВЕТИ

Секој греши. Ако вчера сте испиле неколку чаши повеќе, еве неколку совети како да си го олесните утринското мачење:
  1. Јадете банани. Бананите се супер храна ако имате мамурлак. Кога сте пијани уринирате повеќе од нормално и со тоа губите калиум. Бананите се богати со калиум, па затоа излупете една банана и вратете си ја енергијата.
  2. Мед и лимони. Зовријте една чаша вода и измешајте во неа мед и сок од лимон по ваш вкус. Пијте од течноста неколку пати во денот. Лесно е за пиење, а го снабдува организмот со течности и шеќери. Користете мед, а не бел шеќер, затоа што медот содржи фруктоза која е полесна за апсорбирање.
  3. Лесна храна. Последното нешто што сакате да го правите додека се опоравувате од мамурлак е да јадете. Но, храната ви е потребна за да си ја вратите енергијата. Во почетокот придржувајте се кон бистри течности додека не сте сигурни дека можете да поднесете нешто кашесто. Јадете тост, ориз или бистра супа.
  4. Спортски пијалоци. Спортските пијалоци се одличен начин да го снабдите телото како со течности, така и со изгубените електролити и глукоза.
  5. Мраз. Ставете облога со мраз на главата. Искршете мраз и ставете го во најлонска торбичка. Завиткајте го во сува крпа и поставете го на главата каде што ве боли. Исто така можете да наводните една крпа, да ја ставите на челото и да се релаксирате.
  6. Џус. Пресно исцедениот сок од портокал ќе ви помогне да го покачите нивото на шеќер во крвта и да си ги олесните симптомите на мамурлак. Но, ако имате проблеми со стомакот, наместо сок од портокал пијте свеж сок од јаболка.
  7. Пијте вода. Водата е добар лек на мамурлакот, бидејќи телото после пијанство е дехидрирано. Пијте повеќе од 8 чаши вода дневно додека закрепнете.
]]>

Изедете го ова и веднаш решете се од мамурлакот! https://arhiva.vistina.com.mk/izedete-go-ova-i-vednash-reshete-se-od-mamurlakot/ Thu, 28 Dec 2017 09:21:44 +0000 http://vistina.mk/?p=8062

Празниците се како создадени за претерување со алкохолот. Затоа, ако сте претерале со алкохолот и се потпирате на старите, сигурни методи на олеснување на симптомите на мамуралкот, научниците имаат лек кој не може да биде поедноставен.

Станува збор за бананите.
Тоа го откриле научниците од Универзитетот Џорџ Масон во истражувањето во кое се наведува дека алкохолот, освен што го дехидрира организмот, воедно тера на често празнење, поради што организмот останува без важни количини од минералите, а особено од калиумот.
„Калиумот и минералите се важни за организмот, а особено нервниот систем и мускулите да можат правилно да функционираат. Освен тоа, алкохолот ги исцрпува залихите на гликоген кој потоа го исфрламе преку урината, поради што на организмот почнува да му недостасува енергија. И поради тоа логично е да се чувствуваме исцрпено, изморено и „климаво“ по бурната ноќ со многу алкохол“, пишува во заклучокот на истражувањето. А, бидејќи бананите се одличен извор на минерали и калиум, не би било лошо утрото по забавата да изедете неколку банани и да се потрудите што повеќе да ја надоместите изгубената течност. извор:слободенпечат.мк]]>