мама миа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Jun 2022 12:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мама миа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овој остров го нарекуваат „Mamma Mia“: Најубавите плажи кои треба да ги посетите таму https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-ostrov-go-narekuvaat-mamma-mia-najubavite-plazi-koi-treba-da-gi-posetite-tamu/ Thu, 02 Jun 2022 12:29:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252917

Популарниот филм „Mamma Mia“ бил снимен токму на Скопелос. Кои плажи треба да ги посетите на овој грчки остров, прочитајте во продолжение.. Плажите на островот се магична комбинација на песок и борова шума, како и кристално чиста вода, пренесува „Greekcitytimes“.
Милиа е најимпресивна и најпозната плажа на овој остров, а ја носи титулата „најдолга плажа“. Оваа плажа е секогаш преполна со туристи, па паркингот вообичаено не е доволен за сите оние кои сакаат таму да одат и да се сончаат на песокот. Жителите сакаат да кажат дека туристите оваа плажа ја нарекуваат Кариби. Кастани
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Σκόπελος (@skopelos_greece)

Плажата Кастани се наоѓа малку посеверно на островот и опкружена е со борова шума. Оваа плажа стекнала меѓународна репутација благодарение на филмот „Mamma mia“ и оттогаш се претворила во посебна туристичка локација. Ховоло
 
Плажата Ховоло е една од најскриените на овој грчки остров, па е идеална за туристите кои не сакаат метеж. Панормос
Големата плажа Панормос се наоѓа на патот за плажата Милиа, а некои од најдобрите ресторани и таверни на островот се наоѓаат непосредно зад оваа плажа. Веланио
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velanio beach (@velanio.skopelos)

Веланио е единствената плажа која официјално е означена за нудистите, без оглед на тоа што има уште многу плажи на кои летуваат нудисти на Скопелос. Периволи
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pavel (@pavel_145296)

Во североисточниот дел на островот, најпопуларната плажа е – Периволи. Керамото
Исто така во околината се наоѓа малата, а исклучително убава плажа Керамото со кристално чиста вода која е сместена меѓу импресивните карпи. извор:точка.ком.мк]]>

„Мама миа!“ каков мјузикл направи МНТ! https://arhiva.vistina.com.mk/mama-mia-kakov-mjuzikl-napravi-mnt/ Mon, 25 Dec 2017 11:19:51 +0000 http://vistina.mk/?p=7643

Со бурен аплауз и овации беше поздравена премиерата на мјузиклот „Мама миа!“ која се одржа синоќа, на 24 декември, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во режија на Наташа Поплавска. Кореографијата е на Олга Панго и нејзината асистентка Ирена Лозинска, а со оркестарот диригира Бисера Чадловска. Репризата е утре, на 26 декември, а до крајот на годината има уште две изведби, на 28 и 29 декември. Картите чинат по 1.200, 1.000, 800 и 600 денари. Билетите за изведбата на 28 декември се распродадени, а уште малку карти има за 26 и за 29 декември. Во јануари „Мама миа!“ е на репертоарот на 12, 13 и 23. Ова е втор лиценциран мјузикл на сцената на МНТ, по „Чикаго“, кој имаше огромен успех. Македонскиот национален театар има хит-претстава која се гледа во еден здив. Со музика од крајот на седумдесетите години од минатиот век, со светки, конфети, „шљокици“, диско топка и хитови на шведската поп-група АББА, „Мама миа“ е мјузикл кој одлично ја забавува публиката. Се игра, пее, танцува, глуми и свири и пофалбите се за сите седумдесетина актери, танчери, музичари, придружни вокали кои се вклучени во изведбата на мјузиклот.  Претставата трае неполни три часа, со пауза, но во ниту еден момент нема да погледнете на часовникот. Времето лета брзо во овој динемичен мјузикл кој ќе биде интересен и за помладата публика која не растела со хитовите на АББА. „Мама миа“ е еден од најизведуваните мјузикли. Приказната е позната и прикажана на филм – тинејџерката Софи (Нина Деан) е во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров. Во пресрет на свадбата Софи сака да го открие идентитетот на својот татко, па така, ги кани тројцата мажи (Владимир Јачев, Трајче Ѓоргиев и Кире Ѓоревски) од минатото на мајка си Дона (Билјана Драгичевиќ Пројковска). За дејствието да биде поинтересно, тука се другарките на Дона, одличните Тања Кочовска (Рози) и Арна Шијак (Тања) кои треба да ја потсетат Дона дека еднаш, пред многу години била вистинска диско-кралица. Приказната се раскажува преку хитовите на АББА. Песните, односно хитовите на АББА се на македонски јазик, а препевот е на актерката Тина Трпковска, која одлично си ја завршила работата. Преку песните и преводот лесно се следи дејствието во претставата. За крај, како што стои во договорот, единствено песната „Ватерло“ беше изведена на англиски јазик а ја отпеаја актерите Драгичевиќ- Пројковска, Кочовска, Шијак, Јачев, Ѓоргиев и Ѓоревски за совршен крај на „Мама миа!“. Дел од главните ликови во мјузиклот имаат алтернации, па така на местото на Нина Деан е Јана Стојановска, Висар Вишка е замена за Кире Ѓоревски (Сем Кармајкл), а младиот Петар Стојанов е алтернација на Никола Наковски, кој го глуми Скај, свршеникот на Софи. Во мјузиклот уште играат и Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Подготовкитте за претставата траеле една година, а актерите, танчерите и музичарите мјузиклот го подготвувале два месеци. „Мама миа!“  е копродукција помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“ која ги има ексклузивните права за мјузиклот „Мама миа!“ во земјите од регионот. Сценографијата , според веќе готовиот модел на Словенците, е дело на Александар Дениќ, а костимите се на Роза Трајческа-Ристовска. Придружни вокали се корепетиторките од ФМУ Сара Николовска и Ана Костадиновска. фото: Емил Петро извор:република.мк]]>

Премиера на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-mjuziklot-mama-mia-vo-mnt/ Mon, 06 Nov 2017 13:21:54 +0000 http://vistina.mk/?p=2750

Македонскиот народен театар на 24 декември ќе ја изведе премиерата на мјузиклот „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска...

 Македонскиот народен театар на 24 декември ќе ја изведе премиерата на мјузиклот „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска, која пред точно две години на сцената на МНТ го постави и бродвејскиот мјузикл „Чикаго“. „Мама миа!“ е весела приказна за тинејџерка која е во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на АББА и по текст на Кетрин Џонсон. Се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар и словенечката компанија за театарска и музичка продукција „Проспот“ која ги има ексклузивните права за мјузиклот „Мама миа!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија.

Режисерката Наташа Поплавска во интервјуто за МИА вели дека мјузиклот е процес кој бара многу работа, откажувања и посветеност.

Поплавска и овојпат соработува со кореографката Олга Панго и со диригентката Бисера Чадловска. Ќе трае 180 минути и по премиерата на 24 декември ќе има уште три претстави до новата година (26-ти, 27-ми и 29 декември).

„Да, мјузиклите се скапи проекти, токму поради тоа што бројат најмалку 150 костими и најмалку 50-ина изведувачи на сцена. Вклучува работа со оркестар, луѓе кои, исто така, макотрпно ќе дојдат до резултатот, потоа танчари, пејачи, актери... Тука е и техничката поддршка, микрофоните и многу детали кои се потребни за продуцирање на еден мјузикл или обемен театарски проект. Па потоа заедничката работа и спојувањето на ансамблите, тоа е навистина голем број на луѓе, потреби, сите артисти... Но, јас уживам токму во тој спој, кога ќе ги видам заедно на сцена или поединечно зад сцена, како се подготвуваат за сцена. Често на изведбите сум со нив, затоа што реткост е на сцена или во животното работно искуство да имаш соработка со колеги од разни гранки на уметноста и да си на исто место во еден ист миг во животот. Радосно е!", вели за МИА Поплавска.

Во „Мама миа!“ ќе видите една нова комбинација на актери од средната и помладата генерација на Македонскиот народен театар. На сцена ќе ги има веќе докажаните актерки на театарот: Арна Шијак или Велма во „Чикаго“, Тања Кочовска или Мама Мортон во „Чикаго“, Биљана Драгичевиќ-Пројковска или Мери Саншајн во „Чикаго“. Носечката улога во помладата генерација на ролји ја толкува младата талентирана актерка Нина Деан. За „Мама миа!“ ќе има и алтернации за главните ролји, а тоа се актерите Звездана Ангеловска, Висар Вишка и Јана Стојановска (како гостин од Драмски театар) кои ќе се појават во главните ролји, па така публиката ќе може да ја види „Мама миа!“ со две различни актерски креации.

]]>