малме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 03 Mar 2024 18:55:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png малме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се одржа финалето на „Песна на Евровизија“ во Србија: Победничка е Теја Дора (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/se-odrzha-finaleto-na-pesna-na-evrovizija-vo-srbija-pobednichka-e-teja-dora-foto/ Sun, 03 Mar 2024 18:54:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340906

Во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија победи песната „Рамонада“ во изведба на Теја Дора Претставничката беше избрана меѓу шеснаесетте натпреварувачи, врз основа на гласовите на жирито и публиката. Таа ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме во мај. Второто место го зазеде Бресквица, која исто така беше еден од фаворитите за победа, а на третото место е Зорја. Пред самото финале на натпреварувањето беше многу тензично во обложувалниците. Бресквица со песната „Гнездо орлово“ долго време го држеше првото место, а потоа падна на третото место. Првото место тогаш го зазеде Теја Дора, која и странските фанови на Евровизија ја сметаа за фаворит за победа. По победата на Теја Дора, на Твитер почнаа да се слеваат реакции. На крајот, некои сѐ уште не се задоволни од победникот, но многумина не го кријат своето воодушевување. Теја Дора или Теодора Павловска е родена 1992 година во Бор во источна Србија. Со музика почнала да се занимава уште како дете, а до сега компонирала и пишувала песни за бројни српски ѕвезди. На 17-годишна возраст заминала во САД да студира музика и години подоцна работела во музичката продуцентска куќа „ARKTKT Publishing LLC“ во Њујорк. Теја Дора е автор и на неколку песни кои се појавуваат во серијата „Јужен ветер“. Во март минатата година, Теја Дора ја објави песната „Џанум“, која по низа околности стана ултимативен хит на ТикТок. На Јутјуб, таа песна има над 75 милиони прегледи. Фото: printskrin/RTS Tv/YouTube]]>

Втора година по ред без свој претставник: Македонија нема да учествува и на „Евровизија 2024“ https://arhiva.vistina.com.mk/vtora-godina-po-red-bez-svoj-pretstavnik-makedonija-nema-da-uchestvuva-i-na-evrovizija-2024/ Wed, 06 Dec 2023 13:32:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330247

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска Македонија нема да учествува, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во овој шведски град, во мај следната година, а учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. „Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“ - објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х. Од Македонската Радио Телевизија се' уште нема официјално соопштение во врска со нашето неучество на Евровизија следната година, но неофицијално добивме потврда дека веста е точна. Впрочем објавена е и од страна на ЕБУ. Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме причините за оваа одлука. Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.]]>

Малме ќе биде домаќин на 68-от Избор за песна на Евровизија во Шведска https://arhiva.vistina.com.mk/malme-ke-bide-domakin-na-68-ot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-vo-shvedska/ Wed, 12 Jul 2023 12:49:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310015

На 68-та Евровизија, која годинава се одржа во мај во Велика Британија, победи Шведска, а нејзин претставник беше пејачката Лорен со песната „Тетоважа“. И денеска, по долго размислување, на официјалната веб-страница на Евровизија беше објавен датумот на настанот, како и градот кој ќе биде домаќин на следниот, 68. Избор за песна на Евровизија. Официјалните лица денеска соопштија дека финалето ќе се одржи на 11-ти мај во Малме, а датумите на првото и второто полуфинале се 7-ми и 9-ти мај. Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска. Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години. „Фала боже, повторно не е досаден Стокхолм. Одличен избор“, напиша еден од обожавателите. Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.]]>