малколм јанг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 19 Nov 2017 12:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png малколм јанг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од последици на деменција: Почина Малколм – постариот од браќата Јанг од хард рок великаните AC/DC ! https://arhiva.vistina.com.mk/od-posledici-na-demencija-pochina-malkolm-postariot-od-brakjata-jang-od-hard-rok-velikanite-ac-dc/ Sun, 19 Nov 2017 12:37:34 +0000 http://vistina.mk/?p=4105

Информациите велат дека тој починал мирно в кревет во саботата 18 ноември 2017, во кругот на  своето семејство . Познат по рифовите  и енергија на ритамот на гитарата што ја промовираа групата АЦ/ДЦ до супербенд, Малколм Јанг страдаше од деменција,  во последните три години. „Со огромна посветеност и лојалност тој беше движечката сила на групата“,напишаа членовите на  AC / DC на својата веб-страница.
  "Како гитарист, текстописец и визионер, тој беше перфекционист и единствен човек. Тој секогаш држеше до своите принципи и го правеше токму она што го сака". Помладиот брат Ангус изјави: "Како негов брат тешко ми е да се изразам со зборови... Врската што ја имавме беше уникатна и многу посебна“ - рече тој. "Тој остава зад себе огромно наследство кое ќе живее вечно".
Малком беше заменет со внукот Стиви за последната турнеја на која  групата  го промовираше албумот Rock or Bust во 2014 година. Тој сакаше групата да ја продолжи турнејата. "Мал секогаш сакаше музиката да продолжи" - изјави пејачот Брајан Џонсон за Ролинг Стоун во 2014 година. Според Ангус Јанг, Малколм почнал да се бори против симптомите на деменција пред да го направат својот албум "Црн мраз" во 2008 година, но тогаш бил сѐ уште способен да свири и  настапува“.
Малком почнал да се лекува за време на неговата последна турнеја со групата од 2008 до 2010 година . "Познат по својата музичка моќ, Малком беше текстописец, гитарист, изведувач, продуцент и визионер кој сите многу не инспирираше“, се вели во соопштението на бендот. "Од самиот почеток, тој знаеше што сака да постигне и заедно со неговиот помлад брат излегоа на светската сцена, давајќи се од себе на секое нивно шоу.
  Малколм Јанг ги основал AC / DC во ноември 1973 година и набрзо побарал Ангус да им се придружи кога обајцата имале само 20 односно 18 години.  Тие започнаа со австралиска турнеја во 1974 година со пејачот Дејв Еванс. Неговата смрт доаѓа само неколку недели откако неговиот постар брат Џорџ Јанг, гитарист на  Easybeats и  продуцент на AC / DC, почина на 70 години. 
]]>