малини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2024 12:58:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png малини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кремаста и сочна: Рецепт за торта со чоколадо и малини без печење https://arhiva.vistina.com.mk/kremasta-i-sochna-recept-za-torta-so-chokolado-i-malini-bez-pechenje/ Wed, 14 Feb 2024 13:51:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268929

Потребни состојки: 200 грама бисквити 160 грама путер 440 грама крем сирење 300 грама темно чоколадо 250 грама слатка павлака малини или други бобинки по избор Начин на подготовка: 1. Сомелете ги бисквитите и додадете 60 грама растопен путер. Добро измешајте ја смесата и префрлете ја во сад за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. 2. Во друг сад изматете 440 грама крем сирење со 100 грама путер. Додадете 200 грама растопено чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. Настрана изматете 150 грама слатка павлака и додајте во смесата со кремот и чоколадото. Добро промешајте. 3. Додајте го кремот врз основата и оставете го колачот во фрижидер околу 30 минути. 4. Измешајте 100 грама чоколадо со 100 грама павлака. Прелијте го колачот со оваа смеса и декорирајте го со малини. На здравје! Извор: atma.hr/кафепауза]]>

Трик како да ги одржувате малините и капините сочни и цели кога ќе ги извадите од замрзнувач https://arhiva.vistina.com.mk/trik-kako-da-gi-odrzuvate-malinite-i-kapinite-sochni-i-celi-koga-kje-gi-izvadite-od-zamrznuvach/ Wed, 03 Aug 2022 11:14:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261358

Во сезоната на малини и капини, многу домаќинки одлучуваат да ги подготват за замрзнување и да ги користат од есен до следното лето за правење колачи и торти. Но, бидејќи овие плодови се многу чувствителни и нежни, често се случува да се претворат во каша кога ќе се одмрзнат. За да не ви се случи тоа, треба на посебен начин да ги подготвите за замрзнување. Свежите малини и капини измијте ги, наредете ги на пластичен плех и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Внимавајте плодовите да не се допираат за да може секое да замрзне поединечно. Следниот ден извадете го пластичниот плех со замрзнатите малини и капини и префрлете ги во садови за еднократна употреба, пластични шишиња или кеси со широки усти и ставете ги во замрзнувач. Вака замрзнатите бобинки нема да се претворат во каша кога ќе ги одмрзнете, а плодовите ќе останат сочни. На ист начин можете да подготвите и боровинки и рибизли. извор:kurir.mk]]>

Кремаст тирамису со малини: Фантастично освежување за топлите летни денови! https://arhiva.vistina.com.mk/kremast-tiramisu-so-malini-fantastichno-osvezuvanje-za-toplite-letni-denovi/ Fri, 13 Aug 2021 07:12:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215094

Се подготвува многу брзо, многу е вкусно и не бара премногу состојки. Ви предлагаме да го пробате рецептот со малини, кој на вашиот омилен десерт ќе му донесе чувство на свежина. Состојки за 8 порции: 250 мл слатка павлака 50 гр шеќер во прав, 500 гр маскарпоне сирење, шолја црно кафе, 3 лажици амарето или друг алкохол, 150 гр бисквити, 4 лажици какао, 200 гр малини Подготовка: Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додадете го маскарпонето. Измешајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол. Подгответе сад и наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со кисела павлака и сирење и покријте со друг слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го врвот со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа. Пријатно јадење!]]>

Рецепт за домашен сладолед од малини https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-domashen-sladoled-od-malini/ Mon, 24 Aug 2020 12:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164531

Направете домашен леден десерт од овошје и шеќер или мед.

Потребни состојки (за 6 лица):

  • 500 грама свежи или замрзнати малини (делумно одмрзнати)
  • 150 грама шеќер (можете да користите мед наместо шеќер)
  • 375 милилитри слатка павлака
  • 1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Ставете ги малините во блендер и испасирајте ги. Потоа, ставете ги во сад, додајте го шеќерот и мешајте додека не се растопи и додека не добиете хомогена смеса. Додајте ги слатката павлака и екстрактот од ванила и измешајте сè заедно. Турете ја смесата во сад и оставете ја во замрзнувачот додека не замрзне. извор: Кафепауза ]]>

Уште една „Гранд ѕвезда“ го батали пеењето и се сврти кон земјоделието: „Па нема веќе мене короната да ме за* бава“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-grand-dzvezda-go-batali-peenjeto-i-se-svrti-kon-zemjodelieto-pa-nema-vekje-mene-koronata-da-me-za-bava-foto/ Mon, 20 Jul 2020 10:09:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159444

Многу пејачи се жалат дека се во финансиска криза и дека парите што ги вложиле во песни и видеа нема да им бидат вратени, и дека речиси го потрошиле сета заштеда што ја оставиле настрана. Како и многу нејзини колеги, и учеснилката во „Ѕвездите на Гранд“, младата фолк пејачка Драгица Златиќ не може да настапува заради епидемијата на коронавирусота, тоа трае со месеци. Но, младата фолкерка нема намера да  седи со скрстени раце и очајува, па затоа брзо најде решение. Таа одлучи да се сврти кон земјоделсието и тоа одгледувањето малини. „Следната година ќе купам 100 хектари, ќе засадам малини, па не ќе можеш ти мене короно веќе да ме за*баваш.  Па, кога не можам да пеам, еве ме во малините, природа, чист воздух, што сакаш подобро?“ - се пошегува Драгица додека се фотографирала како ги бере малините во еден атар во Чачак .  ]]>

Домашен сладолед од малини https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-sladoled-od-malini/ Thu, 21 May 2020 12:45:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150871

Состојки:

½ кг свежи малини 150 гр шеќер 375 мл слатка павлака 1 лажичка екстракт од ванила Начин на подготовка: Свежите малини ставете ги во блендер, па потоа испасирајте ги. Во помало тенџере сипете малини, додајте шеќер и мешајте додека смесата да се стопи и да стане изедначена. Во смесата од малини додајте изматена слатка павлака, екстракт од ванила и измешајте. Сипете ја смесата во сад и оставете ја во фрижидер за да се стегне. извор: кајгана]]>

Торта која не се пече: Десерт од малина подготвен за само 15 минути (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/torta-koja-ne-se-peche-desert-od-malina-podgotven-za-samo-15-minuti-video-2/ Fri, 27 Sep 2019 13:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109467

Оваа освежувачка тортa се подготвува за само петнаесеттина минути и е превкусна за јадење. Состојки: - 500 милилитри слатка павлака; - 400 грама кисела павлака; - 150 грама шеќер; - 500 грама мелени бисквити; - 500 грама смрзната малина. Подготовка: Изматете ја слатката павлака како шлаг, па потоа измешајте ги киселата павлака и шеќерот. Мешавината од кисела павлака и шеќер додадете ја во слатката павлака, па убаво измешајте. На таа смеса додадете бисквити и сè соединете убаво. Доколку смесата е доволно густа додадете млеко, па потоа повторно измешајте. На крајот додадете ги малините кои мора да бидат смрзнати затоа што смесата се меша, а потоа повторно се става во калапи. Целата смеса ставете ја во фрижидер да се излади убаво (околу 1 час), а потоа може да сервирате и да уживате во ова слатко задоволство. https://www.youtube.com/watch?v=8XYQJ5AtXuo извор:точка.ком.мк]]>

Јадете ги редовно- еве која болест ја спречува малината https://arhiva.vistina.com.mk/jadete-gi-redovno-eve-koja-bolest-ja-sprechuva-malinata/ Thu, 18 Jul 2019 12:15:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98269

Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро дигестивно здравје и кардиоваскуларен систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаление. Ова вкусно бобичесто овошје има силни антиоксидантни својства. Тоа значи дека ги намалува ефектите на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојка, грлото на матката, хранопроводникот и простатата. Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на рак, така што ги потикнува на апоптоза, односно самоуништување. Двесте грама од ова овошје содржи препорачаната количина на витамин Ц. Богати се со влакна, фолна киселина, витамин К, E5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини. Оние, чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се одговорни за контрола на гликозата во крвта. Тие го потикнуваат метаболизмот на масти и ги намалуваат масните наслаги. Внесувањето малини го активира хормонот адипонектин, од чиј недостаток страдаат луѓе од дијабетес тип 2. Адипонектинот ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои го следат дијабетес тип 2. Предноста на исхраната со малини е тоа што кожата ја прави поотпорна на штетните зраци на сонцето. За таа цел корисно е и маслото од малини кое одлично ја штити кожата, затоа што содржи високо ниво на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин E. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е помеѓу 30 и 50. Освен за заштита од сонце, маслото од малини е добро и за нега на кожата. Особено за намалување на брчки, стрии, егзема, дерматитис и воопшто сите воспалителни состојби на кожата. Не е лековит само плодот, туку и листот од малина. Чај од листот од оваа билка помага кај менструални грчеви, тешки крварења и вагинален исцедок. Се применува по породувањето, го забрзува закрепнувањето на матката и го стимулира производството на млеко. Овој чај може да се користи и за зајакнување на непцата, дезинфекција на крајниците, спречување на дијареа и заболувања на очите. Подготовка на чај: лажица лист од малина прелијте го со топла вода. Процедете по 10 минути и испијте го топол, две до три чаши на ден. извор: Курир.мк]]>