мали деца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Oct 2022 11:49:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мали деца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кучиња што не се за во семејства со мали деца https://arhiva.vistina.com.mk/kuchinja-shto-ne-se-za-vo-semejstva-so-mali-deca/ Thu, 13 Oct 2022 12:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271197

Со соодветно учење, надзор и дисциплина, повеќето раси кучиња се прекрасни миленичиња. Но, некои раси се попредизвикувачки од останатите и не се најсоодветниот избор за семејства со мали деца. Станува збор за кучиња кои бараат повеќе тренирање, време и внимание, па затоа не се препорачуваат за помалку искусни сопственици. 1. Ротвајлер Тоа е прекрасно, моќно животно, но може да реагира негативно, па дури и да нападне дете ако, на пр., детето вика и бега. Кучето може инстинктивно да истрча по детето бидејќи во неговата природа, во генетскиот код е да трча по плен, а уште поголем проблем е што тешко се запира. 2. Сибирски хаски Овие кучиња по природа се разиграни и многу енергични. Може да бидат пријателски расположени, но поради специфичните потреби, интелигенција и целосен недостаток на чуварски инстинкти, не е препорачливо да живеат во близина на деца. Оваа раса, исто така, може да предизвика и алергии кај децата. 3. Доберман Тоа е многу интелигентна, силна раса чии членови се одлични чувари. Имаат силен заштитен инстинкт што ќе ги натера туѓинците да размислат пред да им пријдат или да им наштетат на нивните сопственици. Сепак, поради нивната склоност да бидат крајно тврдоглави и поради нивната огромна енергија, доберманите не се за семејства со мали деца, како и за неискусни сопственици на куче. 4. Џек Расел териер Како мало куче кое сака да копа и лае, и Џек Расел териерот не е раса погодна за секој дом. Тие имаат многу изразена самоволја, поради што бараат цврста и доследна обука. Се одликува со природа на куче-чувар, поради што може да биде многу љубоморен на своето подрачје и може ненадејно да реагира на непознато лице, куче или некоја околност која не му е позната. Поголемите деца подобро ќе знаат како да „ја ценат“ интелигенцијата на кучето, но малите деца може само да го направат раздразливо.]]>

Родители, овие намирници не смеете да им ги давате на вашите бебиња и мали деца https://arhiva.vistina.com.mk/roditeli-ovie-namirnici-ne-smeete-da-im-gi-davate-na-vashite-bebinja-i-mali-deca/ Thu, 15 Sep 2022 12:45:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267152

На децата треба да им се дозволи да ја истражуваат храната, но стручните лица предупредуваат дека има намирници кои треба да се избегнуваат додека бебето не наполни барем една година. Мед Медот треба да се избегнува затоа што може да развие ботулизам. Ботулизмот е ретка, но сериозна болест предизвикана од анаеробната бактерија „Clostridium botulinum“ која произведува токсини, а последиците за бебињата помали од една година може да бидат сериозни. Путер од кикирики Овој производ може да предизвика сериозни алергиски реакции. Освен алергии, путерот од кикирики е опасен и затоа што е густ и леплив, па може да предизвика задушување. Сол Бебињата не треба да јадат солена храна. Бубрезите на едногодишно дете не се доволно развиени за да се справат со големи количини на натриум, па затоа солта треба да се избегнува. Грозје Грозјето е корисно за дечињата, но откако ќе потпораснат малку. Дури и ако зрното се исече на половина, тоа претставува ризик за бебето оти може да доведе до задушување. Ова важи и за сувото грозје. Едноставно, ова овошје треба да се избегнува. Тврди бонбони Бонбоните и лижавчињата детето треба да ги добие тогаш кога ќе може веќе само да ги четка забите. Чоколадо Секое бебе сака чоколадо. Но, чоколадото содржи кофеин, какао и млеко, што е тешко за децата под една година, да го сварат. Свежи моркови Како и грозјето, големите и тврди сурови моркови се голем ризик од задушување кај малите деца. Најбезбеден начин за консумирање морков е кога тој е варен. Пуканки Иако се крцкави, вкусни, а донекаде и здрави за јадење, пуканките сепак, се сериозен ризик од задушување. Никогаш не смее да им се даваат пуканки на деца под една година. Извор:Курир.мк]]>