мала торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 07:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мала торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Борко Ристовски славеше роденден: „Мала торта за голема бројка на години“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/borko-ristovski-slaveshe-rodenden-mala-torta-za-golema-brojka-na-godini-foto/ Fri, 03 Nov 2023 07:42:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325189

Денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните... Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава... Па не е секој ден роденден, нели? Кога малку ќе подпораснеме или ќе станеме сосема зрели и возрасни, работите малку и како да се менуваат. Не дека  радоста за секоја нова дочекана година не е голема, ама сепак не е исто... До душа, за кого како! Еден од оние познатите Македонци што деновиве славеше роденден беше и „министерот за одбрана“, како што го нарекуваат нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски, кој откако стави крај на играчката кариера стана дел од раководните струкури на РК Вардар 1961 и однеодамна е нов Извршен директор на клубот. РК „Вардар“ му бил и му е и секогаш ќе му биде во срцето, но сепак роденденот е повод кој се слави малку поинтимно, со најблиските во семејството. Така барем одлучил Борко, да го одбележи овој ден, кога го славеше својот 41-ви роденден. Со најмилите, сопругата Нина, синчето Душан и малечката ќеркичка Анастасија која кон крајот на јануари 2024-та допрва ќе полни една годинка, Борко ги дуваше свеќичките на тортата среќно влегувајќи во прегратките на  41-вата. „Мала торта за голема бројка на години! Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема ! 41 година, а се осеќам како 25“ - напишал славеникот покрај фотографиите со семејството кое се збрало на свечениот чин. Чувството е индивидуално, во зависност кој како ги доживува годините, но затоа едно нешто е единствено: Радоста кога го дочекуваме секој следен роденден , живи и и здрави, среќни, весели, особено во кругот на најсаканите... А годините? Ма, само нека се множат! Фото: Инстаграм/borko12ristovski  ]]>