мала станица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 May 2023 12:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мала станица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал на јапонска култура во „Мала станица“: „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-japonska-kultura-vo-mala-stanitsa-nihon-dhi-2-0-neonski-branovi/ Tue, 16 May 2023 08:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302298

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица. За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех. Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија. Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања. Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека. Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик. Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци. Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk. Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.]]>

Изложба на фотографии во „Мала станица“: „Лицата на Европа“ од Александар Кондев https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-fotografii-vo-mala-stanica-licata-na-evropa-od-aleksandar-kondev/ Wed, 03 Nov 2021 09:29:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225870

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ ја поместивме и оваа изложба со наслов „ЛИЦАТА НА ЕВРОПА“ на нашиот познат фотограф Александар Кондев, соопштуваат од Дирекцијата за култура и уметност.
Фотографии настанати во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со Ансамблот „Орце Николов„ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа. Која беше целта на авторот со оваа изложба. Едноставно да се сретнеме со лицата на европските граѓани од Кипар и Турција до Германија, снимени на еден друг начин, вон стандардните места и стереотипи на кои сме навикнати. Покрај портретите во нивната средина на живеење, овде можеме да ја видиме сета убавина на традицијата и фолклорот кој сеуште се негува во целиот овој простор. Можеме да видиме како традицијата и современоста се преклопуваат во она што ние го нарекуваме живот и постоење. Гледајки ги фотографиите доаѓаме до заклучок колку луѓето на Европа се културолошки блиски, поблиски од што мислиме во секојдневието, велат оттаму.
]]>

Годишна изложба на ДЛУМ во „Мала Станица“ на која учестуваат 57 автори https://arhiva.vistina.com.mk/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica-na-koja-uchestuvaat-57-avtori/ Tue, 20 Oct 2020 12:42:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172320

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) ќе се отвори вечерва, 20 октомври 2020 година, во 19 часот во објектот „Мала Станица“. На отворањето ќе може да присуствуваат ограничен број посетители, а изложбата ќе биде поставена и ќе може да се види до 30 октомври. На изложбата учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Наградата за сликарство ја доби Мирослава Микица Трујкановиќ за делото „Молитвеник за сите“, наградата за скулптура - Слободан Милошески за „Запознавајќи се себеси“, а наградата за нови медиуми ѝ припадна на Ана Ивановска за делото „Без здив“. Годишната изложба на ДЛУМ се одржува од 1945 година.]]>

Вечерва во „Мала станица“: Red Land на Тања Балаќ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-mala-stanica-red-land-na-tanja-balakj/ Wed, 01 Nov 2017 14:48:57 +0000 http://vistina.mk/?p=2348

Вечер, 01. 11. 2017 (среда), со почеток во 19.00 часот, во галерискиот простор на Национална галерија на Македoнија – објект „Мала станица“ ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Red Land“ (Црвена Земја). Овој проект се состои од неколку видео проекции и претставува последно и најново видео остварување на авторката Тања Балаќ. Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него. Данкан Хигинс уметник и професор по Визуелна Уметност на Универзитетот Нотингем Трент, Велика Британија и Универзитеот Берген, Норвешка, во предговорот за каталогот, меѓу другото, истакнува: „Делото на Балаќ истражува и нуди серија од мноштво отворени интерпретации, предизвикувајќи длабока тензичност во можностите, гестовите и движењата во оваа визуелна творба. Филмот како самиот да размислува, преку своите движења и избор на процеси, спротивставувајќи им се на нормите и традициите на линеарниот документарец и композициските форми што, можеби, ни се многу попознати како дел од навидум хомогените репортажи на денешницата. Вчудоневиден сум како „Црвена Земја“ ми нуди рамка во која се натпреваруваат улогата на документарната фотографија и филмот, и тоа низ процесот преку кој е направен овој филм, како и преку неговата материјална форма на прикажување. Ова не е некојси „брз бакнеж”момент од YouTube, Instagram или Snapchat, ова е сериозна, интимна и емотивна провокација“.]]>