мала италија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 08 Sep 2020 10:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мала италија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Мала Италија“ на Павле Камилоски подготвена за нова средба со скопската публика во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/mala-italija-na-pavle-kamiloski-podgotvena-za-nova-sredba-so-skopskata-publika-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 08 Sep 2020 10:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166174

Она дека средите во нашиот град никогаш не звучеле подобро не е само празен муабет или обична најава, туку факт. Дека е така потврда имаме и оваа среда, што во првиот и единствен музички бар кај нас веќе традиционално е резервирана за домашните изведувачи, па така утревечер публиката ќе има можност да ужива во уникатното и неповторливо музичко патување со единствениот Павле Камилоски. - Убавите нешта одат во пар, рече Камилоски во пресрет на последниот настап во чии рамки пред скопската публика пееше за љубовта и виното. Овој пат во склоп на најавениот камерен концерт еден од најдобрите баритони во Македонија ни открива дека подготвува малку поинаков репертоар, подинамичен и побрз за да ги разбуди, како што вели, сите сетила во ова време - невреме. Концертот е закажан за утревечер, среда, 9 септември 2020 година, со почеток во 21 часот и освен што ќе биде своевидна посластица за сите сетила на сладокусците, ќе биде и најава за септемврските гостувања во чии рамки следуваат низа одлични музички изненадувања. Камилоски со проектот „Мала Италија“ освои безброј срца, при тоа доближувајќи ја медитеранската музика до публиката, а неговиот репертоар опфаќа голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот се пуштени во претпродажба по цена од 500 денари и се во ограничен број. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто, а токму за почеток на еден од најубавите месеци во годината го одбравме неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar, и додаваат дека и овој настан ќе биде организиран според протоколите на Владата и МЗ.]]>

Мала Италија продолжува да патува https://arhiva.vistina.com.mk/mala-italija-prodolzuva-da-patuva/ Mon, 10 Sep 2018 06:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47134

По минатогодишното уживање и големиот интерес, „Мала Италија патува“ ќе продолжи и годинава со уште еден концерт со кој ќе ве однесеме на прекрасно патување низ многубројни светски култури, најави Павле Камилоски, кој за 19 септември во МОБ закажа уште една средба со љубителите на медитеранската музика и култура. Оваа година, во придружба на Павле Камилоски, на големата сцена ќе настапат балетски уметници кои ќе ја дополнат атмосферата во МОБ. Во присуство на Павле ќе се појави и светски познатиот диригент, Христо Христов, а како специјален гостин ќе настапи реномирана македонска пејачка, што ќе биде изненадување за публиката. Зад овој, единствен од ваков вид проект, стои иницијаторот Павле Камилоски, кој по минатогодишниот успешен концерт и претходните два проекти кои го носеа насловот „Мала Италија“, ова културно воздигнување го претвори во традиционална манифестација. Покрај Павле Камилоски, исто така зад проектот како извршен продуцент стои Катерина Стевковска, а поддржувач ќе биде и Министерството за култура. Фотографија на Мала Италија патува. „Пред нас претстои долгоочекуваниот концерт, како продолжение на минатогодишниот, каде преку романтичноста и заводливоста на музиката ќе допреме до најубавите предели во Италија, Франција и Шпанија, од каде истата е инспирирана. Основната идеја за проектот лежи во поврзување и пренесување на наше тло на културите преку романтични ноти и безвременска музика. И оваа година концертот ќе биде целосно посветен на љубовта и преку шпанската, италијанската и француската култура, преку шансони и канцони, ќе овозможи уникатно патување низ овие предели и прекрасно доживување“, велат организаторите Павле Камилоски и Катерина Стевковска. По минатогодишниот целовечерен концерт, чија посетеност достигна до 4.000 посетители, мотивацијата за уште едно продолжение Павле Камилоски ја добива од желбата да создаде традиција на различни музички ноќи кои ќе ја збогатат музичката понуда и ќе го зголемат интересот за ваков вид музички случувања во Македонија. Влезниците се веќе во продажба преку сервисите „Карти“ и МК Тикетс.]]>