мала италија патува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Dec 2019 08:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мала италија патува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Предновогодишниот концерт „Come fly with me“ на Павле Камилоски ја крена публиката на нозе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prednovogodishniot-koncert-come-fly-with-me-na-pavle-kamiloski-ja-krena-publikata-na-noze-foto/ Mon, 30 Dec 2019 08:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126393

Извонредниот и наградуван баритон, Павле Камилоски ја заврши својата веќе успешна година со уште еден спектакуларен концерт. На својот предновогодишен концерт во МНТ, Павле ги пееше безвременските песни на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле и останати, како и Божиќни песни кои ја пренесоа празничната еуфорија на присутната публика и не ја оставија рамнодушна. Полната сала на МНТ беше на нозе и со овации го испратија овој спектакл кој за прв пат се случуваше во Скопје. Камилоски изведе и прекрасен дует со Александар Тарабунов, а на сцената му се придружија еминентни и искусни музички имиња од Македонија, заедно со балетски уметници. „Come fly with me“ оддаде почит кон едни од најслушаните артисти преку лична, оригинална изведба на евергрините, како и со самата режија, сценографија и кореографија што покажа дека продуцентите нудат новитети со секој следен проект. По успехот кој го постигна со своето ремек дело „Мала Италија патува“, Павле Камилоски, неодамна беше награден со меѓународно признание во Неапол, Италија – „Амбасадор на Италијанската музика за 2019 година“ во Источна Европа. ]]>

Концерт на отворено: „Мала Италија патува” по петти пат со латино и џез звуци https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-otvoreno-mala-italija-patuva-po-petti-pat-so-latino-i-dzez-zvuci/ Mon, 02 Sep 2019 10:39:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104667

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез звуци, се враќа пред домашната публика овој септември. На 18.09.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, по јубилеен петти пат ќе им пружи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање. Изведувачот кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за се поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез песни, ќе и подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила. Билетите за овој концерт може да се купат на следниот линк.]]>