Максим Венгеров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Jan 2022 14:06:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Максим Венгеров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стоечки овации за Симон Трпчески и Максим Венгеров во Лондон https://arhiva.vistina.com.mk/stoechki-ovacii-za-simon-trpcheski-i-maksim-vengerov-vo-london/ Tue, 11 Jan 2022 14:06:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234470

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески месецов настапува три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. Вчеравечер (10 јануари), серијата камерни концерти стартуваше на сцената на лондонската сала Барбикан. Двајцата врвни уметници настапија со дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.
„Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам“ – изјави Трпчески по повод стартот на оваа извонредна концертна комбинација.
Таа очигледна радост на двајцата безвременски уметници резултираше со стоечки овации и дури 3 изведби на бис за пребирливата лондонска публика. Тандемот Венгеров-Трпчески веќе на 20 јануари ќе настапи во Карнеги Хол во Њујорк, а на 27-ми овој месец и на големата сцена на Париската филхармонија.]]>