макијато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Aug 2021 08:04:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макијато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овде забраната за пиење кафе на невакцинирани во кафуле „не важи“: Прилеп, е*аго! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovde-zabranata-za-pienje-kafe-na-nevakcinirani-vo-kafule-ne-vazi-prilep-e-ago-foto/ Fri, 20 Aug 2021 08:02:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216102

Новите Ковид мерки го пореметија животот, го поделија народот, ги „осакатија“ трговците, најмногу кафанџиите и угостителите, ја умреа ивент индустријата, ја унишптија забавата... Едноставно, за половина од народот - „нема живот“! Селективни, неболузни, неиздржани, ступидни, нехумани, медицински неоправдани, задоцнети... и уште иллјада други „фалинки“ можат да им се најдат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата на нивните „килави“ новокомпонирани протоколи кои ги наметнаа „пост фестум“ среде експанзија на на новиот бран од пандемијата, наместо тоа да го направат многу порано, како превентива, пред тој да ни се случи. Арно ама, македонскиот народ е познат по тоа што „на секое грнче му нашол капаче“, на секое дупче - затка“, во секој закон - дупка... па така и овој пат! И тоа сосема легално, без фалсификати, без лаги и измами, без фејк дозволи и фалца сертификати, прилепчани, во стилот на Итар Пејо најдоа начин како да го надитрат законот, а да не се виновни, и истиот да не ги качи. Не си вакциниран, немаш ни прелажано Ковид-19, ПЦР тест не се исплати да правиш...  а ти се пие кафе во друштво, ама не дома? Нема проблем! Повели слободно! И тоа во пакет сосе паркинг, за ефтини пари со сите салтанати, без ризик некој да те проверува, малтретира, бара вакцинални докази, казнува... Седи и уживај еден час, терај си муабет, пиј си кафенце на раат на паркинг пред кафуле и сето тао за евтини пари! Пакет: маса со 4 столчиња, макијато + еден час паркинг пред кафуле - за само 90 денари! Прилеп, е*аго! ]]>

Јованче Тодоров повеќе не пие со неа – „Макијато“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanche-todorov-povekje-ne-pie-so-nea-makijato-video/ Fri, 10 May 2019 10:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87140

Велешкиот музичар Јованче Тодоров ја претстави својата прва авторска песна насловена „Макијато“, на која се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, додека  аранжманот и студиската обработка (снимање, микс и мастеринг), ги потпишува Драган Ристовски-Дац, кој стои и зад снимањето на видеото со  неговото „ДРД студио“ од Скопје. Придружните вокали ги пее Сара Николовска, а гостин на трумпет во песната е Стефан Котески.
Видеото е снимено на брод ресторанот „Панини“ лоциран на брегот на Велешкото езеро. Во него како протагонисти покрај Јованче и музичарите, како статисти и артисти се појавува и танцовата двојка Иван Јованов и Катерина Спасова од танцовиот клуб „Desiree“.
Тодоров е македонски пејач, музичар и композитор, роден во 1989 година во Велес. За првпат се запознава со инструментите клавијатура и хармоника на 4-годишна возраст.
Потоа од 8 години официјално  го започнува своето нижо музичко образование.  Активно почнува со настапи во ресторани и кафулиња од 17-годишна возраст.
„Почитувани дами и господа, животот е како молив кој секој нов ден е сè пократок, па затоа треба да се потрудиме со тој молив да создаваме убави дела, со цел да останат како трајна вредност. Токму затоа ви ја подарувам мојата прва авторска песна со наслов ’Макијато’, која се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Јованче.
Како звучи и изгледа неговото првенче во вид на музичко „Макијато“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=50&v=Qr23OEBG7Mo]]>