Макфест 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 11:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Макфест 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бони го визуелизираше својот макфестовски хит – „Ми амор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boni-go-vizuelizirashe-svojot-makfestovski-hit-mi-amor/ Thu, 08 Feb 2024 11:25:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338071

Божица Китановска е ново име на македонската естрадна поп сцена, за кое можеби малкумина слушнале. Но, ако кажете само  Бони, како што гласи нејзинотои уметничко име и го споменете нејзиното појавување на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“, на многумина ќе им текне на впечатливиот настап на сексапилното црнко мињонче, кое со својот танц и стајлинг и нејзината хитовски ориентирана тема „Ми амор“, многумина остави со подзината уста и без збор.   Бони е позната по своите настапи најмногу по скопските кафулиња, а за музиката како што самата преферира да каже, се интересира веќе неколку години. Самата пишува песни, снима и настапува со свој бенд. До сега кариерита ја водела исто така самата, но отсега има и менаџер. Повикот да учествува на најреномираниот македонски фестивал ја изненадил, а за да ја комплетира песната и помгнал Иван Јованов - Ивајо. Големата сцена и е следниот предизвик, па затоа повторно би настапувала на фестивали. „Сепак, се' е до песната... Ако е добра, ќе помине, луѓето ќе ја засакаат. Ако не е, колку и да ја туркаш, каков и да има маркетинг, нема да помине онака како што треба“ - ќе каже Бони при гостувањето во една ТВ емисија. Инаку, за нејзиниот дебитантски настап на „Макфест 2023“, односно за песната „Ми Амор“ деновиве Бони сними и интересен видеоспот, кој ќе му го продолжи животот на ова нејзино  фестивалско музичко парче, кое се' уште се врти во македонскиот радио - етер. Како изгледа визуелизацијата на нејзиниот макфестовски радио хит „Ми амор“, продуцирана од „Универзум продукција“ со  режисерски потпис на самата Бони и Томислав Живковиќ, проследете од видеото во продолжение. ]]>

Кристина Димитри и Љуба Перуќица ја промовираа видеоприказната од макфестовскиот дует – „Посилна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-i-luba-perukitsa-ja-promoviraa-videoprikaznata-od-makfestovskiot-duet-posilna-video/ Fri, 17 Nov 2023 12:35:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327483

Иако уште на самиот фестивал се користеа сцени од снимањето при нивниот настап, дури еден месец по завршувањето на „Макфест 2023“ Кристина Димитри и српскиот фолкер Љуба Перуќица ја имаат премиерата за видеото за нивната фестивалска дует песна - „Посилна“. Македонската екс мисица, сега естрадна пејачка и српскиот пејач снимиле видео кое изобилува со жешки сцени, од кои некои делуваат толку многу убедливо, што дури и српските медиуми се посомневаа дека меѓу нив нешто и приватно се случило, иако сопругата на фолкерот тогаш само што се не беше породила со нивното прво дете. Како и да е прашината бргу слегна и се' остана само на „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“. Особено откако набргу по макфестовскиот настап ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус се породи, па таа и макфестовскиот дует партнер на Кристина Димитри станаа за прв пат родители. „Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па секако нема да има развод“ - низ насмевка тогаш прокоментира сексапилната тетовка, која видеото за „Посилна“  деновиве и го промовираше. Инаку песната која како комплетен автор (музика, текст, аранжман)  ја потпишува Стефан Стојановски е отпеана на комбинаиран македонски и српски јазик и е во стилот на модерна ар ен би балада, која не е лоша, но не е ниту кој знае колку впечатлива. Впрочем, обајцата изведувачи пред тоа имале многу посветли музички моменти во своите претходни остварувања. Видеото изработено од Sneak Media донекаде ја надополнува оваа констатација, зашто визуелизацијата на „Посилна“ е на висината на задачата. Урбани кадри кои реалистично  ја отсликуваат љубовната приказна исполнети со доволна количина еротски набој за да ја заскокоткаат јавноста. Останува да видиме колку визуелизацијата ќе помогне песната да стане  „Посилна“ или видео-инфузијата нема многу да и помогне, па „Посилна“ бргу ќе замине во заборав на јавноста. Како и да е, погледнете го видеото и преслушајте ја песната, па самите проценете дали и колку е „Посилна“ од претходните музички изданија на Кристина и Перуќица: ]]>

Панче Касапски ја визуелизираше макфестовската балада која не само што одлично помина, туку и ќе остане – „Помини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-ja-vizuelizirashe-makfestovskata-balada-koja-ne-samo-shto-odlichno-pomina-tuku-ke-ostane-pomini-video/ Fri, 10 Nov 2023 13:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326454

Еден од најперспективните македонски композитори и изведувачи од новата поп генерација, пејачот Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за баладата „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест 2023 во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов. „Помини види колку те сакам, помини види колку се лажам дека без тебе сѐ уште можам, а добро знам дека ти си ми под кожа“ е дел од текстот на баладата што ги освои срцата и симпатиите на публиката. Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и оттогаш бележи голем успех со бројни хитови, како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде Касапски се потпишува како композитор. Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија. Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција. Во продолжение погледнете го видео спотот за макфестовската „Помини“: ]]>

Таско и Малена ви го подаруваат видеото за нивниот макфестовски – „Сафир“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-malena-vi-go-podaruvaat-videoto-za-nivniot-makfestovski-safir-video/ Wed, 01 Nov 2023 10:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324879

“Сто пати рани, рани, рани ме, но не ми брани јас да љубам не, тонеш во лаги барем еднаш признај се, солза на образ како плав сафир е”... Се заразните љубовни стихови од рефренот на новиот макфестовски хит на Таско и Малена, напишани токму од Таско кој во многу песни па и во оваа се појавува во улога на текстописец. Автор е и на музиката заедно со популарниот Пајак, додека пак аранжманот, миксот имастерингот се на хитмејкерот и продуцент Иван Јованов- Ивајо, а во заедничка интерпретација со младата пејачка Малена. Навикнати сме Таско да го слушаме во дуети и соработки со доста познати музички имиња како Раста и слично, но овој пат Таско даде поддршка на една млада, харизматична и доста талентирана девојка. Магдалена Јаковска- Малена е осумнаесетгодишна пејачка која пред само неколку месеци учествуваше во македонското музичко тален шоу “Пат до ѕвездите”, каде успева да се пласира во големото финале. Веднаш после тој настап кој се емитуваше во живо на една од нашите телевизии, добива повик за соработка од Урбан Рекордс и така станува новиот ексклузивец на продукцијата. Таско беше дел од музичкото жири во тоа шоу, така што веќе беше добро запознаен со нејзиниот голем талент. Таско оваа година се оствари како родител и стана татко на Лукијан. По кратката пауза се враќа на голема врата на музичката сцена со летниот хит “ Намерно “ во соработка со Пајак, а сега и со макфестовскиот хит “Сафир”. Спотот за “Сафир” е во режија и продукција на Никола Наумовски и Гордан Божиновски од Урбан Рекордс , а се снимаше на Галичник и во Prolight студио. Го имаме хитот од Макфест 2022 “ Bella” - Пајак & Лара , кој зеде награда за најслушана композиција помеѓу два фестивала, а се чини дека ќе го имаме и хитот од Макфест 2023  - “Сафир” кој сериозно претендира да биде најслушана песна меѓу два фестивала ( и двете под палката на продуктивната Урбан Рекордс,). Хит кој веќе високо котира на врвот на трендинг листата на Јутуб, но за тоа сепак ќе покаже годината пред нас. Во продолжение уживајте во видеозаписот на “Сафир”. ]]>

Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/ Mon, 30 Oct 2023 12:37:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324531

На 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска и вечер на млади надежи и помалку афирмирани изведувачи. Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе”, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера. Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди. Како звучи и изгледа видеото на Теона нејзината макфестовска песна „Јас без тебе“, проследете во продолжение. ]]>

Џокер на „Макфест 2023“ ја имаше Антониа Гиговска во публика и „Кошула бела“ на сцената (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhoker-na-makfest-2023-ja-imashe-antonia-gigovska-vo-publika-i-koshula-bela-na-stsenata-video/ Fri, 27 Oct 2023 09:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324234

На 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според новинарската критика, а и коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции. Една од нив дефинитивно беше и  „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, музичарот и пејач Роберт Спасенцовски кој се крие зад уметничкиот прекар Џокер, кого јавноста подобро го запозна откако и стана момче, а потоа и сопруг на поп пејачката Антониа Гиговска. Џокер настапи за првпат на овој фестивал, на првата фестивалска вечер, а иако „за влакно“ не успеа да обезбеди пласман за во втората, онаа ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“. „Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“ кого неговата соруга и колешка Антониа Гиговска сесрдно го бодреше од публиката за време на неговиот макфестовски настап на сцената на домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти... како сето звучи и изгледа проследете во продолжение: ]]>

Драгана Јовановска блесна на „Макфест 2023“, ги собра симпатиите на публиката, сними спот на Малдиви и сето тоа не е – „Случајно“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-jovanovska-blesna-na-makfest-2023-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-snimi-spot-na-maldivi-i-seto-toa-ne-e-sluchajno-video/ Thu, 26 Oct 2023 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324050

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест 2023“. Таа пееше на првата фестивалска вечер, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жири комисијата имаа можност да настапат и на втората, односно ревијалната вечер. Драгана беше избрана според гласовите на жири комисијата и публиката во салата да биде една од петте изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот. „Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест 2023“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот“ - изјави новата македонска музичка надеж на која музилката и е во гените, зашто потекнува од музичко семејство. Нејзини родители се познатата естрадно музичка двојка од Куманово, фолк пејачката Тања Јовановска - Трајкова и нејзиниот сопруг, музичарот Младен. Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, туку на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви. „Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната“ - вели Јовановска. Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа... Дотогаш, проследете го и уживајте во видеото за нејзиното макфестовско музичко остварување - „Случајно“. ]]>

„Скраја било“: Димитар Атанасовски со реакција на критиката од Сергеј Варошлија по танчарската изведба со Марјана на „Макфест 2023“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skraja-bilo-dimitar-atanasovski-so-reaktsija-na-kritikata-od-sergej-varoshlija-po-tancharskata-izvedba-so-marjana-na-makfest-2023-foto/ Wed, 25 Oct 2023 10:35:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323735

На 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“ водители беа добро познатите за македонската јавност Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Тие пред публиката својата макфестовска  фестивалска вечер ја започнаа со хип-хоп танц.... Како некогаш... Во „Танцот на ѕвездите“. Арно ама,  со тоа го потикнаа „модниот ТВ гуру“ Сергеј Варошлија да ја коментира нивната изведба... И тоа со негативен коментар. Па така на кратките Инстаграм приказни, Димитар  ја сподели критиката на  Варошлија кој за изведбата на танцот на Димитар и Марјана им напиша: „ЈК и Терор Теса во обид, хахаха“  - тагнувајќи ги двајцата макфестовски водители. Потоа следуваше уште еден коментар со кој го кажа неговото мислење: „Не,тие несвесно вака се замислиле ... ама им испадна во реализација поинаку“ - не додржал да не се дообјасни Сергеј. На ова не остана имун ниту Димитар Атанасовски, кој веднаш му возврати, одговарајќи му со негов контра коментар, со кој се огради дека таа констатација баш и „не држи вода“. -„Скраја било да сме се замислиле како оваа пластичнава“  - беше неговата реакција со која потврди дека се оградува од сличноста, па макр и случајна со Карлеуша. По ова Варошлија на кратките приказни на Инстаграм кажа дека ова сепак е критика, а не хејт  и потврди дека и со Димитар и со Марјана се во добри односи , па никого не  налути со оваа негова реакција. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Димитар А./С.Варошлија]]>

Симона Поповска со силна прака против семејното насилство – дека секој има свој пат и право да го изоди, во макфестовската – „Бакни ме за крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-so-silna-praka-protiv-semejnoto-nasilstvo-deka-sekoj-ima-svoj-pat-i-pravo-da-go-izodi-vo-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-video/ Tue, 24 Oct 2023 06:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323450

„Бакни ме за крај“ е насловот на композицијата што Симона Поповска ја отпеа викендов на Макфест 2023. Песната  е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски, а за неа Симона веќе сними и видеозапис, кој го работеше со Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на фестивалската сцена на Макфест беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како Феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ. „Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Симона, која по музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи. „Доста одморав време е за настапи, по Макфест каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена. Во продолжение погледнете го видеото за макфестовската тема на Симона, „Бакни ме за крај: ]]>

Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>