макфест 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Oct 2021 13:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макфест 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-chista-petka-e-ona-shto-kali-go-pee-i-sviri-iako-se-vika-4-video/ Tue, 19 Oct 2021 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223633

Калина Велковска  која  на последниот „Макфест“ ја изведе  амбиенталната поп-рок балада „4“ и беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот, истата неодамна ја визуелизираше со интересно видео. Кали, како што сите ја познаваат, покрај својата извонредна вокална изведба и сценскот фестивалски настап, покажа дека може да биде и „неодоливо привлечна“, пожелна и сексапилна, а во исто време бескрајно емотивна, шармантна и сугестивно впечатлива и кога е во прашање нејзината актерска улога. Имено, видеото кое маестрално го режирал познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски изобилува и со еротски набој, амбиент кој максимално соодветствува со лириката во стиховите на песната, а од друга страна ја визуелизира целокупната емоција која пејачката ја вградила во песната. Нераздвојна симбиоза на аудиото и видеото во еден единствен аудиовизуелен впечаток за комплетно доживување на „4“-ка, која и звучи и изгледа за „5-ка'! Инаку темата „4“ е комплетно авторско дело на уште една позната македонска поп ѕвезда, пејачката и харфистка Сара Мејс, која ги потпишува и музиката и стиховите, кои звучат прилично (авто?)биографски, како да се дел од нечија животна љубовна приказна, а музиката повеќе од зрело за една дама која не е исклучиво позната како композитор. Аранжманот и продукцијата кои исто толку свежо делуваат се на Иван Петровски, а пијаното го свири Петар Лукиќ. Се на се', макфестовската „4“ како и самата Кали се вистинско откритие на домашната сцена, барем за пошироката јавност, зашто оние, особено помладите  што „не можат без музика“ и претходно добро ја познаваат и од нејзините перформанси на социјалните мрежи и од настапите по ноќните клубови. Секако, охрабрување и мотив повеќе и за Сара Мејс, покрај свирачко-пејачките квалитети, посмело да се впушти и во своите музичко-авторски способности. ]]>

Од Пепа Димитрова извира – „Длабоко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-pepa-dimitrova-izvira-dlaboko-video/ Mon, 04 Oct 2021 08:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221586

Во саботата, 02 октомври 2021 год. точно на пладне, македонската пејачка Пепа Димитрова на својот „Јутјуб“ канал, го промовираше спотот за новата песна “Длабоко”.   Се работи за интересен видео запис кој ja доловува емоцијата и драмата содржана во музичката приказна. Сниман е на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро. Препознатливиот режисерскиот потпис е на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Стојановски Зонде. Во видеото покрај Пепа се појавува и таначарката Дора Китановиќ. „Сакам музика со душа, со емоција, пред се песни кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Оваа песна е токму таква и навистина заслужи своја видео приказна. Драго ми е што финалниот продукт е нешто што со право може да биде потпишано со Длабоко“- вели Пепа Димитрова за новиот спот. Инаку, песната “Длабоко” премиерно беше изведена на овогодинешниот Макфест. Музиката и аранжманот се на Јованче Арсовски , а текстот е на Наталија Данаилова. Истата ќе биде дел од албумот кој е во подготовка и од кој веќе се снимени повеќе песни. Пепа Димитрова најавува дека деновиве ќе снима и нов спот. Погледнете го видеото за „Длабоко“ во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=ilCfr7RhB7U[/embed]]]>

Роберт Билбилов не победи на „Макфест 2021“, ама затоа има песна што ќе остане – „Луда си на мирен начин“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-ne-pobedi-na-makfest-2021-ama-zatoa-ima-pesna-shto-kje-ostane-luda-si-na-miren-nachin-video/ Thu, 23 Sep 2021 12:54:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220412

Роберт Билбилов веднаш по завршувањето на „Макфест 2021“ го промовираше видеото за  песната со која учествуваше на годинешниов фестивал на забавни мелодии во Штип. „Луда си на мирен начин“, Билбилов самиот ја потпишува како композитор, аранжер, продуцент и коавтор на стиховите за кои му помогнала Ива Михајловска. Песната е исто така миксана и продуцирана во неговото студио, со потпис на сопствената „Just RB Production“. Иако не освои награда на штипскиот фестивал, „Луда си на мирен начин“ е една од оние теми кои беа на прва забележани и оставија силен впечаток. Во основа се работи за класична балада, со модерен звук, необичен аранжман и богата вокална изведба, каде Билбилов кој е во се' друго е супериорен, вокалните делници ги збогатил со мултиплицирани главни и богата придружба на придружни вокали во рефренот, отпеани од колелегите Александар Тарабунов, Огнен Здравковски и Барбара Поповиќ. Сите заедно со главниот вокал,  дополнително збогатени испеглани со одличната продукција ја покриваат „ахиловата пета“ во песната, која вака студиски стокмена звучи богато, раскошно и импресивно моќно. Кога на тоа ќе се додаде уште една одлична визуелизација на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски кој го потпишува и ова видео, песната навистина добива димензија која ја прави една од оние модерни балади кои претендираат да станат евергрини со видеоприказна во која покрај пејачот својата улога одлично ја одиграла убавата и атрактивна, Росана Стефанова.< Или како што самиот Билбилов вели: „Некои песни се за да победат, некои за да останат“... Оваа комотно можеше и двете, да беше овој „Макфест“ фестивал од некои други времиња. Вака, може само да остане... слушана и запаметена. Како звучи и изгледа оваа песна и видео спакувани во едно единствено аудиовизуелно парче, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=cWPSuEzJkr8[/embed]]]>

Александра Јанева со песна ни открива – „Денот што ни носи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-so-pesna-vi-otkriva-denot-shto-ni-nosi-video/ Tue, 21 Sep 2021 13:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220042

По речиси двегодишна пауза македонската пејачка Александра Јанева одново има нова песна и видео за неа. Овој пат се работи за темата насловена „Денот што ни носи“ која струмичанката ја изведе на сцената на годинешниов фестивал на забавни мелодии „Макфест 2021“ во Штип. Песната беше и една од наградените или поточно нејзиниот автор Лазар Цветковски кој заедно со пејачката ја компонирал музиката и ги напишаа стиховите, а тој самиот ја продуцирал и го направи аранжманот, за кој и беше награден на штипскиот фестивал. „Денот што ни носи“ во суштина е емотивна балада која Јанева ја отпеала онака како што најдобро знае: моќно, сугестивно, на моменти суптилно, со силна емоција и вдахновена експресија во интерпретацијата која ја прави препознатлива во изведбата. Видеото реализирано од Ѓорѓи Вацев во целост ја следи приказната во стиховите и музичката подлога, испреплетувајќи го звучното со визуелното во една компактна целина која допира до најсилните и најдлабоки човекови чувства... Не секогаш подготвени да се судрат и соочат со она... „Денот што ни носи“. https://www.youtube.com/watch?v=ucHQcbBA8Ws&list=RDucHQcbBA8Ws&start_radio=1&t=1s]]>

Дебитантот Александар Тодоровски со „Под исто небо“ победи на „Макфест 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/debitantot-aleksandar-todorovski-so-pod-isto-nebo-pobedi-na-makfest-2021/ Mon, 20 Sep 2021 06:23:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219725

36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ се одржа изминатиов викенд во Штип на отворено, на просторот на  Аквабела ресорт. Победи младиот дебитант Александар Тодоровскисо песната „Под исто небо“, додека втoрото место го освои Мартинијан Кириловски со „Вистина“, а третопласирана беше Марија Данева, која ја зеде и наградата за најдобар сценски настап за изведбата на „Твоја“. Фестивалот беше поделен во две вечери - првата во која настапуваа дебитантите и втората финална, во која првите пет од полуфиналето им се придружија на финалистите. Во втората вечер освен петте композиции од првата вечер, на сцената на „Макфест“ публиката и тв гледачите ќе имаат можност да ги погледнат, Пепа Димитрова, Александра Јанева, Роберт Билбилов, Интервали, Лара, Мартинијан Кириловски, Ѓоко Таневски и уште многу други познати македонски изведувачи. Покрај тројцата првопласирани, награди добија уште и Лазар Цветковски за најдобар аранжман за композицијата „Денот што ми носи“ на Александра Јанева. Лара Иванова се закити со наградата за најдобра интерпретација за темата „Душа“, додека Калина Велковска  која ја изведе „4“ беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот. Водители за прв пат на „Макфест“ беа Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров, кои не се снајдоа баш најдобро во оваа улога, оставајќи неинвентивен и блед впечаток на фестивалската сцена.    ]]>

Викендов се одржува „Макфест 2021“ во Штип: Организаторите ветуваат нови хитови и низа изненадувања https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-se-odrzuva-makfest-2021-vo-shtip-organizatorite-vetuvaat-novi-hitovi-i-niza-iznenaduvanja/ Thu, 16 Sep 2021 12:47:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219272

По триест и шести пат во Штип викендов ќе се одржи „Макфест“. Ќе изобилува со новини ова фестивалско издание закажано за 17-ти и 18-ти септември. Дваесет и шест нови композиции, сместени во две фестивалски вечери ќе одекнуваат и оваа годино на отворено. Покрај тоа што организаторот гарантира нови хитови и добра забава, најавени се низа изненадувања и нови водители. „Макфест 2021“ на првата вечер ќе понуди дванаесет песни, а вечерта ја отвора Калина Велковска со темата насловена „Четири“, а е дело на Сара Мејс. Уметничкиот директор на фестивалот Владимир Дојчиновски, кој воедно четврта година по ред фантастично си ја одработува својата задача, на прес конференцијата им порача на изведувачите да се фокусираат на изведбата и истакна дека најдобриот ќе победи.   Втората фестивалска вечер ни носи 14 нови композиции, а ќе се изведат и 5-те најдобро пласирани нумери од првата фестивалска вечер. Ќе уживаме во гласовните способности на девојката која два пати триумфираше на фестивалот – Александра Јанева, настапуваат „Интервали“ кои го имаат десетиот настап на „Макфест“, Мартинијан Кириловски кој веќе сто пати се докажа пред штипската публика, хитмејкерот Роберт Билбиров кој во својата архива награди има многу макфестовски, Евровизиските претставници „Ај Кју“, Ѓоко Таневски, но и оние поновите имиња кои нижат радиски хитови периодов како Лара и Филип Пешевски. Ревијалниот дел пак, без исклучок ќе ги разигрува нашите тела, души, емоции – се препуштаме на „ Тумбао салса бенд “ првата, а втората вечер боемски ќе живееме (барем некој час) со Александар и Дац.  ]]>

„Макфест 2021“ на 17-ти и 18-ти септември: Ова е списокот на учесниците https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2021-na-17-ti-i-18-ti-septemvri-ova-e-spisokot-na-uchesnicite/ Mon, 06 Sep 2021 13:04:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218140

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ и годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Оваа година дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт и тоа на 17-ти и 18-ти септември. На првата фестивалска вечер ќе се претстават 12 изведувачи. Следната вечер се предвидени 14 нови композиции а ќе се изведат и 5-те најдобро пласирани нумери од првата фестивалска вечер. Публиката во шоу програмата првата вечер ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, додека втората вечер ќе настапат Дац и Александар Митевски.]]>