макфест 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Oct 2020 12:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макфест 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ промовираа спот за „Сакам да живеам“ и ново лого, а најавија документарец и нов албум на бендот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-promoviraa-spot-za-sakam-da-ziveam-i-novo-logo-a-najavija-dokumentarec-i-nov-album-na-bendot/ Thu, 29 Oct 2020 08:29:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173556

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. На 28 октомври (среда) тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „Сакам да живеам“. „Режијата на видеото ја потпишува  Јован Куциноски -  „Motion Emotion“ продукција, човекот со кого го работвме и видеото за „Позитив(н)о“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна“ – изјави Никола Перевски – Пере на промоција. Членовите на бендот кој покрај лидерот Пере - вокал, гитара, уште го сочинуваат:  Горјан Петровски - гитара, Борче Кузмановски - клавијатури, Виктор Николовски - бас, Горан Кавраков - саксофон и Благоја Антовски - тапани, го најавија и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски - Ѓуле. „Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и ги лови интересните моменти од нашите настапи, проби, дружби, хотелскиот престој... Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видео документ со уште понеобична приказна“ – откри Пере. Инаку, новиот, четврти по ред студиски албум на „Нокаут“ е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти бендот. Дизајнот на логото го направил Андреј Марјановиќ. Во продолжение, погледнете како изгледавидеоостварувањето за последниот макфестовски победник, темата „Сакам да живеам“ на групата „Нокаут“, за која музиката ја компонирале Никола Перевски и Филип Неделковски, аранжманот е на Никола Перевски, а текстот го напишал Огнен Неделковски, додека за музичката продуцикција на песната бил задолжен Дарко Димитров. https://www.youtube.com/watch?v=IYoHUv3E7jk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3aj9zvMqrcFMlJpyC59_BddDpwjj7DBbmkZPWTx1le9ssmI9gOiQ2sLs8]]>

Виктор Апостоловски ја овековечи во видео наградената макфестовка тема – „Срца камени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktor-apostolovski-ja-ovekovechi-vo-video-nagradenata-makfestovka-tema-srca-kameni-video/ Tue, 29 Sep 2020 13:16:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169152

Битолчанецот Виктор Апосотоловски, на неодамна одражаниот фестивал на забавни песни „макфест 2020“ во Штип  ја испеа   темата „Срца камени“, за која доби и награда за најдобар сценски настап. Песната на Виктор, за која музиката и аранжманот  се дело на Илија Ќосевски, а текстот на самиот пејач која ја потпишува и аудио продукцијата  во неговото студио „VA Records“, е динамична, со брз, модерен ритам, а со самото тоа подобна за одлична кореографија. Токму кореографијата и му ја донесе макфестовската награда на Апостоловски, а истата доминира и во видеоспотот за песната, која официјално деновиве ја доживеа својата премиера во етерот. Видеото пак,  (камера и едит) се дело на  Сергеј Смилков, додека главната улога во спотот ја има  Викторија Варадинова. Во коделот на кореографијата која го следи за цело време и водеозаписот учествуваат девојките од танц студиото - „Break The Floor“: Глорија Атанасова, Марија Цветанова, Леа Манева, Анастасија Стојкова, Јована Коцевска, Горица Николова и Ева Пејова. Како звучи и изгледа кога Виктор Апостоловски пее и танцува во неговата наградена фестивалска тема „Срца камени“  проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=39&v=Se7sl1uomgY&feature=emb_logo  ]]>

Митевски и Дац со макфестовската песна се обидоа да се врати она наше време, а и тебе – „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-makfestovskata-pesna-se-obidoa-da-se-vrati-ona-nashe-vreme-a-i-tebe-gjavol-da-te-zeme-video/ Thu, 24 Sep 2020 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168526

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, а помеѓу учесниците беа и  дуото Драган Спасов Дац - Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“. Дац и Митевски имаа забележителен настап, а  на сцената беа придружувани од дувачкиот состав „Brasstet Скопје“. Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа пред неколку дена во клубот „Tribeca“ во Скопје. Музика и  овој пат ја напиша Александар Митевски, текстот  е заедничко дело на Митевски и Дац, додека  аранжманот го потпишуваат Иле Спасев и Горан Илиевски.  Музички продуцент е Иле Спасев, а веќеспоменатиот дувачки состав „Брастет Скопје“ гостува во песната и спотот, а во која покрај нив уште свират: гитари - Иле Спасев, виолина - Илија Филиповски,  бузуки - Трајче Ставревски,  кларинет - Момчило Митровски. Видео спотот како и обично кога се песните на дуото Митевски - Дац во прашање и овој пат го изработила екипата на „Pikado Creative Collective“ видеопродукција. https://www.youtube.com/watch?v=kpO6BJDJvOU&feature=emb_logo    ]]>

На Полина Тасева, најдобриот дебитант на „Макфест 2020“ многумина ќе и гледаат во грб по – „Се се врти во круг“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-polina-taseva-najdobriot-debitant-na-makfest-2020-mnogumina-kje-i-gledaat-vo-grb-po-se-se-vrti-vo-krug-video/ Tue, 22 Sep 2020 11:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168105

Пејачката Полина Тасева е релативно ново име на македонската естрада.  По неодамнешната промоција на на нејзината втора песна во кариерата насловена „Игра“, Полина  зеде учество и на 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип. Таму талентираната и атрактивна пејачка ја изведе композицијата „Се' се врти во круг“ и за неа се закити со наградата за најдобар дебитант на фестивалот. Овој пат младата пејачка се потпре врз креативноста, знаењето, умеењето и искуството на веќе проверен авторски тим, па музиката и аранжманот за песната се на Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Робин Зимбаков. Производот очекувано, повеќе од добар и заради мајсторството на искусните музички волци, но и заради вокалните квалитети, енергијата, експресијата и душата која Полина и ја вдахнала на песната. Во текот на фестивалскиот викенд,  песната  на Полина „Се' се врти во круг“  доживеа и премиера на видеозаписот за истата, зад кој се потпишува режисерот Владимир Гавриловски. Видеоспот кој на музичката тема и дава поинаква мистика, друга димензија, еротско-психолошки набој кој  созадава амбиент кој апсолутно кореспондира како со музиката, така и со стиховите, а камерата, монтажата и самата режија на видеото уште повеќе ја доловуваат суштината на приказната. Во неа секако Полина не само вокално, туку и со своите естетско-телесни квалитети, природен сексапил и вродена дарба за актерство, брилијантно ја одиграла ролјата која ги спојува двата света: минатото и сегашноста, музиката и сликата. Како сето ова спакувано звучи изгледа, проследете во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=qG0wVEr4fqA              ]]>

„Ај Кју“ не освоија награда на „Макфест“ ама затоа… Марија „најширокограда“ со деколте за „влажни погледи“, а Бојан со хумор на своја сметка, но можеби на туѓа адреса? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aj-kju-ne-osvoija-nagrada-na-makfest-ama-zatoa-marija-najshirokograda-so-dekolte-za-vlazni-pogledi-a-bojan-so-humor-na-svoja-smetka-no-mozebi-na-tugja-adresa-video/ Tue, 22 Sep 2020 07:51:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167937

Скопското љубовно-музичко дуо „Ај Кју“ по преставувањето на Македонија на „Евровизија“ и „тезга“ прошетката по неколку клубови низ Европа, по пауза од пет години му се врати на најстариот македонски фестивал на забавни мелодии, кој трае три и пол децении во континуитет - „Макфест“. Сепак, Бојан и Марија и покрај атрактивниот настап останаа со „празни раце“ по нивната изведба на песната „Ти си ми сон“. Наградите на годинешниот „Макфест 2020“ ги одминаа и останаа само „нивен сон“, но затоа не ги одминаа некои други нешта, како впечатливиот изглед, особено кога е во прашање стајлингот на  баеги „раскомотената“ пејачка на дуото и секако, уникатниот хумор на своја сметка, но, дали не и на туѓа адреса, на расположената посилна половина на „Ај Кју“?! Имено, Марија беше облечена во свечено здолниште, во кое изгледаше прилично предизвикувачки и провокативно, со сето она што мајката природа и го дарила и ја надарила, а модната креаторка сето тоа го спакувала во крецијата која го сервираше на увид нејзиниот граден потенцијал. Таквата смела комбинација резултираше со тоа  пејачката да ја го понесе епитетот „најширокограда“ на макфестовската сцена, со деколте за „влажни погледи“ кај машката публика. Или барем кај оние, вистинските мажи, зашто Марија покрај песната имаше и визуелно што да понуди. Впрочем нејзиниот колега и љубовен партнер од дуото, тоа најдобро го знае... Проверено! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/ А кога сме веќе кај колегата, Бојан Трајковски покрај тоа што го знаеме како автор и изведувач,  познат е и по својот несокојдневен смисол за хумор. Некогаш разбран, некогаш несфатен, ама секогаш доволно содржаен за да побуди и поттикне на размислување. Така и овој пат, лидерот на „Ај Кју“ тргна да се шегува на своја сметка, иако можеби „меѓу редови“ сакаше некому да му испрати и поинаква порака во стилот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“! Имено,  Бојан во едно од видео-интервјуата дадени по завршувањето на фестивалот, во стилот на политичарите по изборно гласање, побара да се прегласа, зашто како што рече: „Водиме во Чучер - Сандево, победуваме во Струмица...“ Се разбира на шега, на своја сметка, ама „на шега-на смеа, во секоја шега-половина вистина“ или...? Можеби во неговата шега на своја сметка, „меѓу редови“ има и скриена порака упатена до некого?   Патем, за тоа како ја подготвувале песната дури „цели 20 минути“ додека Марија готвела, а Бојан ја „склепал“, за неговата одлука на Макфест 2020  „да пее малку потивко за да на му пречи на плејбекот“, за тоа дека по настапот „певаљката“ ќе си ја носи дома... и уште некои други нешта, кои не останаа незабележани дури и од поедини колеги на „Ај Кју“ како Сара Мејс на пример, погледнете и слушнете во видеото на Точка ТВ, подолу: https://www.youtube.com/watch?v=dr17uNOUNbk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2LZzcH1gFpEn6BbVsp_CSn5LYf-Wf5AGgYUgxsPn3zYrmVi_eO3BtA6_I Фото: Инстаграм принтскрин/Јутјуб скриншот Видео: Јујуб/Точка ТВ      ]]>

Марјана Станојковска со нов „бисер“: Пред 10 години ја повика на сцена да прими награда покојната Сашка Петковска, а сега наместо уредничката на МТВ Мери Попова да додели награда, водителката на сцената покани покојна актерка! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-so-nov-biser-pred-10-godini-ja-povika-na-scena-da-primi-nagrada-pokojnata-sashka-petkovska-a-sega-namesto-urednichkata-na-mtv-meri-popova-da-dodeli-nagrada-voditelkata-na-scenata/ Mon, 21 Sep 2020 08:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167737

Помина уште еден „Макфест“... Јубелејниот 35-ти, и покрај сите тешкотии, проблеми, недоумици и ризици заради Ковид -19 епидемијата, организаторите го истуркаа во најдобар ред... Со оглед на околностите - повеќе од задоволително. Важно беше традицијата да не се прекине токму на јубилејот, да не се заборави огромното творештво и сета музичко-културна оставштина што штипскиот фестивал на забавни песни и ја остави на Македонија и нејзините поколенија и да се чекаат подобри денови, за уште поблескави и понеаборавни мигови, за нови хитови и евергрини. А „Макфест“ несомнено произвел и зад себе оставил стотици такви. Затоа и беше важно без оглед на се', да се одржи и да го има! И бидна, а на него учествуваа и старите проверени македонски музички ведети и новите „деца“, младите пејачки имиња кои допрва доаѓаат, а од нив за некоја година поединци ќе им се приклучат на првите. Од водителските ведети секако сите ја паметат Вера Јанковиќ - некогаш неизоставната домаќинка на сцената на фестивалскиот Штип и сегашната, последниве години водителска алтернатива, моделот и лото девојка Марјана Станојковска. Убава, згодна, сатрактивна, секапилна... Арно ама, модната писта е едно, а фестивалската сцена нешто сосема друго.  На првата доволна е само естетиката, додека на втората харизмата, шармот, умеењето со микрофонот, владењето на говорот, динамиката на најавите, сценскиот ритам и гестикулациите во однесувањето... и уште многу други нешта ја создаваат „водителската магија“ на она нешто што еден водител „го има или нема“, го носи или не во себе, нешто што го прави уникатен, специфичен, единствен, различен од другите. Без претензии да правиме компарации помеѓу некогашната и сегашната, ама и овој „Макфест“ не помина без „бисери“. Највоочлив оној водителскиот на Марјана, на која и по повеќе од една деценија „историјата и се повторува“. Имено, Марјана во една од најавите презентирајќи го името на наа која треба да додели една од наградите наместо уредничката ка Културно-уметничката програма на МТВ, Мери Попова, на сцената ја покани да се појави покојната актерка. Марјана  и го погоди името на уредничката, ама и го утна презимето, па наместо Мери Попова, испадна дека ја повикува некогашната македонска актерска легенда, покојната Мери Бошкова! Да не е „трагично“ би било смешно, зашто веќе по втор пат на Маријана во водителска улога и се повторува „сценски викенд на мртовци“! Имено, на лото девојката во улога на водителка пред повеќе од десет години  на една манифестација и се случи истото. Тогаш Марјана на сцената ја повика легендарната македонска пејачка на забавни песни да прими награда, иако истата беше покојна, откако трагично загина во сообраќајна несреќа 25 и кусур години претходно: „Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието“, најави тогаш водителката Марјана Станојковска на промоција на цедето „Кирилицо испеана“ во МОБ. Тогаш младата водителка и манекенка се збуни, па на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година. Нејзиниот колега на сцената Александар Блажевски набрзина ја извади ситуацијата, и рече дека признанието за испеаните хитови ќе го прими нејзината ќерка Сандра Липша. Станојковска веднаш се извини за грешката, па на сцената го повика и авторот на евергринот "Бакни ме", сега исто така веќе покојниот Тодор Бојаџиев да ја прими наградата. Маријана Станојковска другиот ден изјави дека многу и е жал за грешката. Таа тогаш рече дека се надева оти семејството на Сашка Петковска ќе и прости и прогледа низ прсти. „Во сценариото, кое беше пред мене, за сите наградени го пишуваше истото: 'Плакетата оди за'... Затоа настана мала забуна и наместо да речам ја повикувам ќерката на Сашка Петковска, Сандра Липша, јас го изговорив името на покојната пејачка. Јас сум млада и ова ми беше прво искуство да водам програма во живо. Родена сум во 1984 година, па не знам многу за кариерата на Сашка Петковска, која на почетокот ја мешав со Нина Спирова. Во оваа пригода сакам да му се извинам на семејството и се надевам дека ќе ми простат и ќе ми прогледаат низ прсти.  Луѓе сме, грешиме"- изјави тогаш Марјана. Сега не е ниту така млада, во професијата секако, ниту и е ова прво фестивалско и воопшто сценско искуство... Годините минуваат, а грешките за жал, одново се повторуваат. Останува да чекаме само на ново извинување на водителката, кое од Марјана Станојковска не го слушнавме вечерта на макфестовската сцена, а нејзиниот гаф го прокоментираа и некои од колегите новинари! Кликнете ОВДЕ за да го видите ВИДЕОТО со моментот на ВИСТИНА(ТА):]]>

Штип овој викенд живее во ритамот на „Макфест 2020“ https://arhiva.vistina.com.mk/shtip-ovoj-vikend-zivee-vo-ritamot-na-makfest-2020/ Sat, 19 Sep 2020 06:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167636

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип заради корона епидемијата годинава се одржува  на отворено на Градскиот плоштад „Слобода“, каде се поставени сцената и столчињата. Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на нови макфестовски хитови. Првата вечер се слави 35-от роденден со ревијална вечер на којашто осум македонски познати пејачи и групи ги пејат своите песни, но и евергрините на други познати пејачи и тимови. Уметничкиот директор на „Макфест“, Владимир Дојчиновски вели дека организаторите го прифатија предизвикот фестивалот и оваа година да се одржи, но на отворено, наместо на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“, поради здравствените протоколи. На првата вечер, петок 18 септември,  која е ревијална,  по многу години на сцената ке ги видиме ,Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев и групата Интервали, кои ќе ги изведат едни од најголемите макфестовски хитови, што го одбележаа фестивалот во изминатите 35 години, во придружба на голем биг бенд оркестар, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски. МРТ со директен пренос на двете вечери, вели Дојчиновски. Сабота, 19 септември,  е натпреварувачка вечер на којашто ќе се слушнат 24 нови песни, а за шоу програматакоја ќе се одвива  додека публиката гласа, задолжен е Игор Џамбазов заедно со бендот на со Гуру Харе.]]>

Глумецот Жарко Димоски дефинитивно „сврте друг лист“ во животот: Најпрвин од ерген – сопруг, а сега од актер – пејач! ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/glumecot-zarko-dimoski-definitivno-svrte-drug-list-vo-zivotot-najprvin-od-ergen-soprug-a-sega-od-akter-pejach-foto/ Tue, 15 Sep 2020 07:08:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166944

Македонскиот актер од „Театар Комедија“, Жарко Димоски 2020 година ќе ја памети по многу нешта. Не, не само заради корона пандемијата и принудното „седење дома“ на уметниците, туку заради останатите работи  што на приватен план му се случија. Да ве потсетиме дека на почетокот на месец август 2020 год. тој официјално заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова. Венчавката на Жарко и Андреа се случи на уште понеобично место во Ровињ, Хрватска, каде магијата на Јадранот ја преточија во почеток на една поинаква, заедничка животна бајка. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nevestata-vo-fustanot-na-majka-si-poglednete-ja-svadbenata-bajka-na-magichnata-istra-na-akterot-zarko-dimoski-i-negovata-taze-sopruga-foto/?fbclid=IwAR0xRpvxLwE019F2HCeiPTE_uSRU3Rlmhb9okzYsnfAXEafYcRLNdYLiOnQ Но, по се изгледа Жаре не застана тука со изненадувањата, иако оние кои добро го познаваат уште подобро знаат дека пеењето за актерот не ниту ново, ниту непознаница. Напротив, Жарко Димоски колку добро глуми, толку добро и пее. Всушност, оние кои гледале некои од неговите театрски настапи и преставите во кои се пее знаат дека тоа е така. Жаре особено се истакна за време на карантинската криза кога Театар Комедија на својата „вонредна сцена“ на репертоар имаша чисто музички онлајн настапи на своите актери, со кои им го разубавуваа и разведруваа секојдневието на граѓаните. Освен тоа, новопечениот младоженец своите вокални квалитети ги покажал и докажал и како член на музичкото трио  „Equilibrium“, составено од двајца музичари и еден актер: Жарко Димоски - вокал, Димитар Михајловски-виолина и Александар Стојчески-пијано. Тие додека траеше корона изолацијата и карантинот, во почетокот на месец мај годинава  ја преработија безвременската италијанска тема „Карузо“. https://www.youtube.com/watch?time_continue=19&v=AjNTlih8Lr8&feature=emb_logo Но Жаре, музиката по се' изгледа како и љубовта, полека, полека почна да ја сфаќа многу посериозно, па ако првата емоција и страст ја круниса со брак, оваа втората, (ќе) ја круниса со фестивалски настап настап на годинешниот „Макфест 2020“ што ќе се одржи престојниов викенд, на 18 и 19 септември и тоа за прв пат на отворено, на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. „Чест ми е да објавам дека конечно ќе се појавам во улога на пејач. Оваа сабота (19 септември) на фестивалот Макфест во Штип за прв пат ќе настапам со песна, за чија мелодија и аранжман се погрижи маестралниот Валентино Скендеровски, а текстот е на мојата маленкост. Се потрудивме да бидеме ведри и позитивни во ова време-невреме. Вие ќе кажете дали сме успеале во тоа. Stay tuned и се слушаме во сабота! Фестивалот ќе започне во 20:30ч, а преносот ќе биде на МРТВ“ - обзнани актерот на Фејсбук, повикувајќи ја публиката да го гледа и фестивалот и неговиот настап.
Епа, гледајте го и гласајте за Жаре, зашто кој да знае... Ако му тргне како во љубовта, можеби и во професијата ќе смени статус! ]]>

Епа, гледајте го и гласајте за Жаре, зашто кој да знае... Ако му тргне како во љубовта, можеби и во професијата ќе смени статус! ]]> Годинава „Макфест“ на отворено, а на фестивалот ќе се „пее“ на плејбек (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-makfest-na-otvoreno-a-na-festivalot-kje-se-pee-na-plejbek-foto/ Sun, 13 Sep 2020 12:43:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166554

Во Штип се одржа првата прес конференција по повод фестивалот на забавна музика „Макфест 2020”. Спецификациите на овогодинешното издание ги соопштија заменик градоначалникот Јане Миланов и директорот Кирил Панајотов. Она што предизвика посебно внимание е тоа што оваа година сите учесници песните ќе ги пееат на плејбек. Токму заради тоа наградата за најдобра интерпретација нема да се додели оваа година. Причина за ова изведбите на плејбек, според техничкиот раководител Кирил Панајотов е заштитниот фактор, односно неможноста да се менуваат 24 микроофони. “Според протоколот за заштита, потребно е засебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо”, напомена Панајотов. “Макфест е бренд, кој остави во наследство над 1000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика уште од своите почетоци. Годинава фестивалот ќе се реализира во услови на светска пандемија, и на заштитните мерки и протоколи согласно препораките, и тоа е најголемиот предизвик. И во минатото имало бројни предизвици, но биле успешно совладани, така што не се сомневам дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал”, напомена Миланов. Фестивалот ќе се оддржи на 18 и 19 септември (петок и сабота) на градскиот плоштад, под отворено. Ќе има ревијална вечер, на која ќе настап осум музички имиња, дел победници а дел познати имиња од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи. Меѓу изведувачите оваа година се Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Димитар Андоновски, Биба Додева, Нокаут, Ѓоко Танески и други. Освен познати имиња кои настапувале на фестивалот, ќе имаме и дебитанти. Наградите остануваат исти како и претходните години, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобра аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра. Шоу програмата е на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кои ќе настапат по завршувањето на натпреварувачкиот дел, додека публиката гласа. Кога сме кај гласањето, ќе гласа публиката, согласно протоколот и заштитните мерки, а дел од гласачкиот сегмент не се открива, за да се избегне можноста за интервенции. Истиот ќе биде објавен на денот на фестивалот. На градскиот плоштад, ќе бидат поставени столчиња, согласно препораките на растојание од 1,5 метар, и се прават пресметки колку е капацитетор на плоштад во согласност со здравствените протколи. Движењето на плоштадот, ќе биде ограничено со две акредитации, црвена и зелена. Новинарите ќе имаат посебно место, до сцената, кое ќе биде еден вид на прес центар и ќе го следат фестивалот согласно протоколот: Годинава, заради коронавирусот ќе го нема традиционачлниот коктел и сечењето на торта. Единствен предизвик се временските прилики, и организаторот изрази надеж дека времето ќе биде на наша страна. Преносот и годинава е во релазација на МРТВ со почеток во 20:30 часот. Извор: Музика24]]>

Објавена натпреварувачката програма на “Макфест 2020” https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-natprevaruvachkata-programa-na-makfest-2020/ Tue, 08 Sep 2020 06:27:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166152

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест” – Штип ја објави својата натпреварувачка програма за годинешното издание. “Макфест 2020” за првпат ќе се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода”, каде што ќе се одржат две фестивалски вечери на 18-ти и 19-ти септември. Во конкуренција за наградите се 23 нумери во изведба на македонски артисти како: “Нокаут“, Ѓоко Танески, Биба Додева, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Александар и Дац… итн. Во продолжение е целосниот список на песни и изведувачи за “Макфест 2020“:
   ]]>