макфест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Nov 2019 07:17:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макфест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Мина Блажев отворено ќе ти признае – „Не можам без тебе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mina-blazev-otvoreno-kje-ti-priznae-ne-mozam-bez-tebe-audio/ Thu, 31 Oct 2019 14:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115780

Јавноста младата тинејџерка Мина Блажев ја запозна како македонска претставничка на „Детскиот Евросонг“ во 2017 година, кога со песната „Dancing Through Life“ не претставуваше во Тбилиси - Грузија. Претходно симпатичната и шармантна Мина, која е внука на Владимир Блажев, алиас Панчо од ДНК, а на јавноста и стана позната по своите забележителни настапи на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде ги собра аплаузите и ги доби сите пофалби од жирито. По детскиот Евросонг во Грузија, Мина лани, на почетокот на летото во 2018 година ја издаде својата прва самостојна песна „Веќе нема“ зад која авторски стоеше Роберт Билбилов, а беше визуелизирана и со симпатично летно видео кое го изработи Александар Ристовски - Принц. Несомнено талентираната тинејџерка со ова го најави својот пробив на домашната естрада, а годинава  ja продолжи соработката со истиот автор - Р. Билбиров, најпрвин со англиската тема „Confusion“ во септември годинава, а веднаш потоа и  појавувајќи се одлична песна на последниот „Макфест 2019“. „Не можам без тебе“ е современа, ар-ен-би/поп тема, која во себе содржи модерни звуци, перфектно испеглана продукција и аранжманско пакување какво што и прилега на стилот, вокалот и возраста на една вака млада пејачка. Иако не чепна од наградите, песната зад чии стихови стои Робин Зимбаков, го наоѓа својот пат во радиоетерот особено кај помладата публика на интернет каналот Јутјуб. Песната ја следи визуелизација во вид на Арт Ворк колаж  видео составено од фотографии со сегменти од настапот на Мина на макфестовската сцена, кој го изработил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски  - Зонде. Како сето тоа изгледа и како звучеше макфестовската „Не можам без тебе“ на Мина Блажев, потсетете се и проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=dH3wRuKKz2g]]>

Мартинијан Кириловски го освои „Макфест 2019“ со – „Стопати на ден“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martinijan-kirilovski-go-osvoi-makfest-2019-so-stopati-na-den-lirik-video/ Mon, 14 Oct 2019 12:03:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112486

На финалната вечер на 34-то издание на фестивалот нма забавни  мелодии „Макфест 2019“ каде беа изведени 20 композции, победи песната насловена „Стопати на ден“ која на сцената на домот на културата во Штип ја изведе младиот кумановец Мартинијан Кириловски. Тој го отвори фестивалот на првата полуфинална вечер, но и го затвори на финалето како победник со освоени пет илјади евра, предвидени за првопласираната песна. Со ова нејзиниот автор Ристо Самарџиев (музика и текст) стана најнаградуваниот автор во историјата на „Макфест“ што како автор, што како изведувач или обете.   Аранжманот на победничката песна го направил Иле Спасев, кој ги сработил и миксот и мастерингот, а истата е снимена и во неговото студио. Придружните вокали на баладата „100 пати на ден“ ги испеала Сара Николовска, а како звучи годинешната макфестовска победничка песна, проследете во продолжение заедно со нејзиното лирик видео составено од стиховите на истата. https://www.youtube.com/watch?v=ZlVvMtDGk1Q]]>

„Макфест 2019“ на 10, 11 и 12 октомври во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2019-na-10-11-i-12-oktomvri-vo-shtip/ Mon, 30 Sep 2019 10:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109846

На 34. издание на „Макфест“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври 2019, ќе се изведат 30 композиции. Меѓу изведувачите, кќе биде и групата „Фрајле“ кои ќе пеат на македонски. Во финалето ќе влезат 20 композиции, а организаторорите посочија дека можеби ќе има простор за уште две композиции. На првата полуфинална вечер на 10-ти октомври ќе настапат: Ристо Самарџиев со песната „Стопати на ден“, Столе Аврамовски со „Зрак“, Тоше Поп-Симонов „Си одиш ти“, Кристијан Габроски, Томислав Коцевски Пепси „Магија“, Бобан Василевски „Знам“, Роберт Билбилов „Не можам без тебе“, Виктор Апостоловски „Оди си“, Александар Митевски „Уште ми фалиш“, Григор Копров „Светот нека застане“, Филип Неделковски „Ранет херој“, Весна Малинова „Нема утре“, Александар Масевски „Возбуда и љубов“, Баже Темелков „Што ли да направам“ и Роберт Поп Димитров „Допир нежен и мил“. Во второто полуфинале, на 11 октомври ќе настапат: Анастасија Габроска – „Завртив круг“, Иво Горов – „Вечно заедно“, Весна Малинова – „Крај“, Александар Р. Принц – „Фанк“, Горјан Стојановски – „Љуби ме“, Тоше Поп-Симонов – „Не и признавај“, Хари Котларевски – „Како странец“ , Александар Масевски – „Без дилема“, Иле Спасев – „Кој те учи така“, Александар Митевски – „Спомени“, Г. Копров – „Врела крв кубанска“, Дејан Георгиевски Ѕене – „Бела ајта“, Роберт Билбилов – „Во срцето“, Игор Шаревски – „Без тебе“ и Јован Јованов/Иван Јованов – „Љубовта не боли“. Организатор на фестивалот е Општина Штип, со поддршка од Министерството за култура. И годинава директниот ТВ пренос од сите три вечери ќе врши МРТВ.]]>

Објавени изведувачите на „Макфест 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaveni-izveduvachite-na-makfest-2019/ Tue, 09 Jul 2019 13:17:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96895

Во тек се подготовките за претстојното 34. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. На денешната прес-конференција беа откриени и имињата на изведувачите што ќе се натпреваруваат годинава, меѓу кои има и голем број победници и дебитанти од претходните изданија на фестивалот. „Годинава фестивалот се совпаѓа со празникот 11 октомври, што ќе биде дополнителен придонес во одбележувањето на денот на македонската револуција. Иако е лето, време на одмори, подготовките си течат, со цел во октомври да имаме уште еден успешен фестивал“,кажа Драган Ристов од прес-центарот на „Макфест“, а уметничкиот директор Владимир Дојчиновски-Дојчин откри дека познати се сите изведувачи и дека во тек е финализирањето на композициите.
Годинава ни се враќаат дел од ланските дебитанти, но и дел од победничките имиња, како што се Мина Блажев и Наташа Малинкова, но среќен сум затоа што на фестивалот се враќаат и поранешни победници и реномирани имиња од македонската естрада. Годинава на фестивалот ќе ја имаме и Биба Додева, Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, се враќа и Александар Ристовски-Принц, имаме интересно дуо составено од Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац. На фестивалот ќе настапи и Лена и Бојан Маротови, пинковите ѕвезди Мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, потоа Игор Узунов, Барбара, Виктор Апостоловски, како и тројца штипски изведувачи. Од авторските тимови, можам да кажам дека се застапени речиси сите, што ќе му даде посебен квалитет на фестивалот“, кажа Дојчиновски.
Во тек се и техничките подготовки за фестивалот. Постојат неколку идејни решенија за изгледот на сцената, а во тек се и останатите активности околу распишување тендерски постапки за организирање на фестивалот. „Наградите се 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ, и 1000 евра за трето место, додека техничките награди се по 500 евра поединечно, за најдобар аранжман ‘Драган Ѓаконовски – Шпато’, најдобар дебитант, вокална интерпретација и сценски настап“, напомена Кирил Панајотов, технички директор на „Макфест 2019“. Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а истиот е поддржан од Министертсвото за култура со еден милион денари. За преносот и годинава е задолжена МРТВ, а фестивалот ќе се одржи во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Извор и фотографии: Макфест ]]>

На конкурсот за „Макфест 2019“ пристигнаа над 70 композиции https://arhiva.vistina.com.mk/na-konkursot-za-makfest-2019-pristignaa-nad-70-kompozicii/ Mon, 15 Apr 2019 11:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83030

Над 70 композиции пристигнаа на конкурсот што го распиша општина Штип за претстојното 34. издание на популарниот фестивал „Макфест“, кој ќе се одржи во првата половина на октомври, а комисијата веќе започна со првото преслушување на пристигнатите дела, пренесува Радио Штип. Комисијата составена од уметничкиот директор Владимир Дојчиновски, продуцентот и поранешен уметнички директор Кристијан Габроски, продуцентот Дарко Тасев и координаторот на проектот „Макфест“ – Кирил Панајотов, се договорија да има и второ преслушување, па врз основа на квалитетот ќе се одреди и концептот на годинашното издание на фестивалот.
Конкурсот беше распишан на почетокот на февруари, а авторите имаа рок да ги испратат своите дела најдоцна до 1 април. Наградниот фонд и годинава ќе изнесува 11.000 евра, односно пет илјади за првопласираната композиција, три илјади за второпласираната и илјада евра за третопласираната композиција, како и по петстотини евра за четирите стручни награди. Како што соопшти Панајотов, годинава се очекува да се излезе со нов концепт за фестивалот, како вовед за јубилејното 35. издание в година.  ]]>

Распишан конкурсот за праќање песни на „Макфест 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/raspishan-konkursot-za-prakjanje-pesni-na-makfest-2019/ Fri, 08 Feb 2019 11:22:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71962

Во својство на организатор на фестивалот, општина Штип деновиве го распиша конкурсот за нови композиции за претстојното 34. издание на „Макфест“, чиј покровител традиционално е Министерството за култура на РМ. Конкурсот е само почеток на подготовките за трите фестивалски вечери што ќе се одржат во првата половина на октомври, а како што најави техничкиот раководител Кирил Панајотов, се очекува да се излезе со нов концепт, како вовед за јубилејното 35. издание в година. Наградниот фонд и годинава ќе изнесува 11.000 евра, односно пет илјади за првопласираната композиција, три илјади за второпласираната и илјада евра за третопласираната композиција, како и по петстотини евра за четирите стручни награди. Рокот за пријавување на новите композиции е до 1 април 2019 година, а сите детали се соопштени на официјалната веб-страна на фестивалот.]]>