макфест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Dec 2018 12:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макфест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тара ја одбра Барбара за дует верзија за макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-ja-odbra-barbara-za-duet-verzija-za-makfestovskata-bi-te-odbral-samo-tebe-video/ Mon, 17 Dec 2018 12:20:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63513

Годинашното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“ навистина ни понуди бројни потенцијални евергрини, а за да им го продолжат векот на своите песни, музичарите понекогаш одлучуваат да им направат и по некоја нова верзија.
Токму тоа го направи Александар Тарабунов со одличната “Би те одбрал само тебе“, чија музика ја потпиша неговата колешка Тамара Тодевска, а стиховите и аранжманот се дело на Роберт Билбилов.
Имено, оваа одлична тема сега си доби освежување во форма на дует со уште една млада ѕвезда во подем –Барбара Поповиќ.
Некогашната македонска претставничка на детската Евровизија 2013, дебитираше на сцената на годинашниов „Макфест“ со „Не си ти крив“ па можеби токму дружбата на популарниот фестивал, резултирала со идејата за дует.
Сето тоа визуелно го надополнил режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој ја направи и екранизацијата на оригиналната верзија на песната. И двете варијанти се вистинско освежување на домашната сцена, а како звучи „Би те одбрал само тебе“ во изведба на Тара и Барбара дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=3QcqIlmvLdo&fbclid=IwAR0YU8M8cU2CLmfvM6D-DUPMw1pvbudhwNv96-8aAEL8Wz8bc-mBovGQSNk]]>

Лина Пејовска со „Нема“, покажа дека има макфестовски хит (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lina-pejovska-so-nema-pokaza-deka-ima-makfestovski-hit-video/ Sat, 06 Oct 2018 11:23:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51803

Откако минатата година на „Макфест“ нè воодушеви со „Ако ме сакаш“,  Лина Пејовска и годинава има уште еден хит отпеан на популарниот фестивал, чие 33. издание деновиве се одржува во Штип. Младата пејачка таму настапи со моќната балада „Нема“, потпишана од нејзниот веќе редовен соработник Дарко Димитров, кој се погрижи за музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите му се заеднички со Огнен Неделковски. 
Без никакво изненадување, Лина лесно успеа да обезбеди пласман за вечерашното финале, а новата песна ја промовира и со видео во реализација на продукцијата „Фабрика“.
Иако периодов е актуелна со разиграниот хит „Топло-ладно“, таа призна дека многу повеќе ги сака баладите.
Како звучи и изгледа макфестовска „Нема“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=130&v=P-zqMv_gdqs]]>

Ова се финалистите на годинешниов „Макфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-finalistite-na-godineshniov-makfest-2018/ Sat, 06 Oct 2018 11:11:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51796

Уште десет од шеснаесетте композиции што се натпреваруваа во вчерашната втора полуфинална вечер на „Макфест 2018“ си обезбедија пласман за финалето на 33. издание на популарниот фестивал, кое ќе се одржи вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Вкупно 20 нови рефрени ќе се натпреваруваат за вредните награди во износ од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и за четирите стручни награди во вредност од по 500 евра. По евровизиски принцип на гласање, за судбината на натпреварувачките теми одлучуваа две стручни жирија и гласовите на публиката што беше присутна во салата, па така во оваа втора полуфинална вечер победи баладата „Никогаш не вели никогаш“ во изведба на талентираната Антонија Гиговска, а потпишана од братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.
Како второрангиран оваа вечер заврши хитмејкерот Роберт Билбилов, кој на макфестовската, но и на музичката сцена како изведувач се врати во неколкугодишна пауза. Тој се натпреваруваше со темата „Чудни места“, за која самиот си ги потпиша музиката и аранжманот, а текстот е на Робин Зимбаков. По долгогодишна пауза повторно ја видовме и изведувачката на треторангираната балада „Време“ Дани Димитровска, која и овој пат настапи со дело на своите долгогодишни соработници Весна Малинова и Кирил Бабамов.
За вечерашното финале се пласираа и „Би те одбрал само тебе“ од Александар Тарабунов, „Разбуди ме“ од Огнен Здравковски, „Изгреј сонце“ од триото „Џентлмен“, „Не си ти крив“ од Барбара, „Тој сон нека потрае“ од штипјанецот Давид Миладинов, „Ме научи да бидам своја“ од Анастасија и „Песно моја“ од Весна Спасова.
Како и на првото полуфинале така и вчера шест композиции не успеаја да обезбедат доволна поддршка од жиријата и публиката, па натпреварот заврши за Марјан Стојаноски со неговата „Љубов искрена“, Ивона Јовановиќ со „Убав е овој свет“, Наталија Славева со „Штом љубовта исчезне“, дебитантот Симеон Коруноски со „На светов си сè“, Мартина Митревска со „Мое мило“ и Анета Ристова Василева со „Како зрно песок“.
Дваесетте финални композиции уште еднаш ќе ги слушнеме вечерва со почеток од 20.30 минути, преку директниот пренос на првата програма на МРТ, а во улога на водителка на манифестацијата повторно ќе ја видиме Марјана Станојковска. Во ревијалниот дел од вечерта, за време на гласањето свое шоу ќе има еден од најпопуларните македонски пејачи и автори – Дарио Панковски. Извор: РадиоМК]]>

Ова се првите 10 финалисти на „Макфест 2018“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-prvite-10-finalisti-na-makfest-2018-video/ Fri, 05 Oct 2018 11:14:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51686

Со едни од најпознатите макфестовски рефрени во изведба на учениците од музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип вчера беше отворена првата полуфинална вечер на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“. Публиката во Домот на културата „Ацо Шопов“во Штип и онаа пред малите екрани имаше можност премиерно да слушне 16 од вкупно 32-те композиции што се натпреваруваат годинава, а само десет од нив успеаја да си обезбедат пласман за саботното финале. Како што беше претходно најавено, годинава има измени во гласањето, односно за судбината на финалистите одлучуваат две жирија – едно стручно и едно медиумско, како и публиката од салата, а телефонското гласање е укинато. Непосредно по завршувањето на првата полуфинална вечер, официјалните резултати беа објавени на веб-страната на фестивалот, па првите десет финалисти што уште еднаш ќе ги видиме в сабота се следните:
  1. Мина Блажев – Во други души
  2. Пепа – Доцна е
  3. Симона Попоска – Остани
  4. Ѓоко Танески – Јас немам ниту сон
  5. „Тајфата“ и Димитар Андоновски – Стари добри времиња
  6. Лина Пејовска – Нема
  7. Џокси – Љубовта е
  8. Игор Узунов – Знаев сè
  9. Наташа Малинкова – Милион причини
  10. Сара Гигова – Љубовна бура
Иако дел од нив добија навистина голем аплауз од публиката, без пласман за финале останаа: Мартинијан Кириловски со „Таму некаде“, Лена со „Караван“, Филип Пешевски со „Кукло моја несудена“, Горан Наумовски и Горан Папаз со „Не ме следи“ и дебитантот Христијан Проданов со „Невреме“. Вечерва со почеток од 20.30 часот нè очекуваат уште 16 нови макфестовски рефрени, а десет од нив ќе ја комплетираат сликата за утрешното финале, кога ќе го дознаеме победникот или победничката на 33. издание на популарниот фестивал. Доколку го пропуштивте вчерашниот пренос во живо, првата полуфинална вечер на „Макфест 2018“ можете да ја погледете во продолжение. ]]>

„Макфест 2018“ го одржа првиот прес: Познати песните и изведувачите и одреден редоследот https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2018-go-odrza-prviot-pres-poznati-pesnite-i-izveduvachite-i-odreden-redosledot/ Wed, 26 Sep 2018 10:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50035

Во пресрет на претстојното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“, кое ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври во Штип, вчера, вторник 25 септември беше одржана прес-конференција, во чии рамки со влечење жрепка беше утврден и редоследот на настапи за двете полуфинални вечери.
„Фестивалот ’Макфест’ е гордост за Штип. Верувам дека годинава ќе постигнеме најдобро издание и фестивалот ќе блесне во сиот свој сјај“, рече на прес-конференција градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, а Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“, објасни дека годинава нема да има телефонско гласање, туку дека победничките песни ќе се избират со медиумско гласање, гласање од стручно жири и со гласање на публиката во салата. Фотографија на Makfest. Вкупно 32 композиции, односно по 16 во двете полуфинални вечери, годинава ќе се натпреваруваат за награди во вредност од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и оние од по 500 евра за најдобар аранжман, најдобра вокална интерпретација, најдобар дебитант и за најдобар сценски настап. Меѓу изведувачите има веќе докажани, но и нови имиња што допрва ќе се етаблираат на нашата музичка сцена, како што е најмладата учесничка Сара Гигова, чија „Љубовна бура“ ја има честа да го отвори фестивалот.
Во првата полуфинална вечер на 4 октомври ќе ги слушнеме и: Симона Попоска, Мина Блажев, Мартинијан Кириловски, Игор Узунов, Лена, Филип Пешевски, Пепа, Наталија Данаилова, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, Горан Наумовски со Горан Папаз, Џокси, Димитар Андоновски со „Тајфата“, Кристијан Проданов и Ѓоко Танески. 
Следната вечер за влез во финалето ќе се натпреваруваат: Барбара, Огнен Здравковски, Маријан Стојаноски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“, Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов, Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруноски, Антонија Гиговска, Мартина Митревска и Анета Ристова Василева.
Преносот на „Макфест 2018“ ќе се емитува на Македонската радио телевизија, со почеток во 20.30 часот за двете полуфинални и за финалната вечер. Водителка на фетсивалот е Марјана Станојковска.]]>

Познати изведувачите и песните на „Макфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-izveduvachite-i-pesnite-na-makfest-2018/ Fri, 21 Sep 2018 10:58:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49179

Покрај подготовките за штипската „Пастрмалијада 2018“, во тек се и финалните подготовки за 33-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2018“. Штип е подготвен да оддржи уште едно издание на „Макфест 2018“, кое треба да започне на 4 октомври. – Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица кои бараат место на естрадата. Следи фаза на изработка на ЦД со сите песни, така што до почетокот на фестивалот ќе бидат реализирани сите планирани задачи, вели Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“. Од технички аспект, веќе се работи на логистичкиот дел на фестивалот. -Традиционално, големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе биде комплетно подготвена за фестивалот. Се договараат последните финеси околу сцената, звукот, преносот и веќе од идната недела комплетно влегуваме во реализација на „Макфест“. Останува публиката и Македонија да слушнат нови 32 композиции од домашната продукција, изјави Кирил Панајотов, технички раководител на „Макфест 2018“. Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, Тајфата и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на Макфест 2018. Драган Ристов шеф на прес-центарот денеска најави дека на 25 септември (вторник), во хотелот „Александар Палас“ (тениско) со почеток во 12:00 часот ќе се оддржи првата прес-конференција. – Ги повикуваме сите новинари, сите медиуми, од радијата, телевизиите и порталите, да повелат на прес-средбата и да ги запознаеме со сите новитети околу Макфест 2018 и уште еднаш заеднички да напишеме убава приказна за фестивалот и за македонската музика, вели Ристов. Традиционално, на првата прес-конференција ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на  фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20:30 часот.]]>