макфест 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Apr 2019 09:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png макфест 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симона Поповска е одново „Сама“… ама, само на спот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-e-odnovo-sama-ama-samo-na-spot-video/ Mon, 08 Apr 2019 09:57:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81730

Симона Поповска има ново видео. Станува збор за екранизација на одличната емотивна балада „Сама" од 2017 година, зад која стои авторскиот тим Иле Спасев, музика и аранжман, и Даниела Хаџи-Тоневска, која ги потпишува стиховите на песната.

„Оваа песна ми е исклучително драга и иако е снимена оддамна, сепак  не сакав да остане без видеозапис. Го чекав вистинскиот момент и ете желбата ми се оствари. Се надевам дека и на мојата публика ќе ѝ се допадне видеото, од кое сум презадоволна. Навистина сум среќна што ми се случи она што одамна го посакував" - вели Симона.

Видеото е работено со режисерот Андреј Ѓоргиевски, а во реализацијата на целиот проект учествуваше веќе проверениот тим соработници на Симона - шминката и фризурата се на Бобан Тодоровски, додека за стајлингот беа задолжени Златко Јовановски и Сињори.   

Кадрите во видеото во кои доминираат убавините на нашата земја се снимени во Македонска Каменица, езерото Калиманци, и хотелот Буши.

„Сакавме да ги искористиме убавините на нашата земја. Откривме преубаво место, односно езерото Калиманци кое располага со прекрасна природа и целосно се вклопува во она што сакавме да го пренесеме. Темата на приказната е потонување во сон и чувството на осаменост. Токму и затоа сè, односно кадрите почнуваат од највисоката локација, па како што тече песната така се спуштаме пониско и завршуваме со будење и враќање во реалноста. Пораката која сакавме да ја пренесеме е дека иако е тешко да се прифати секој тежок момент во животот, особено чувството на осаменост и страв, многу е важно реалноста да се прифати како таква и да се направи обид за излез. Сè е минливо, а соочувањето со реалноста е првиот чекор во изнаоѓањето решение и излез од секоја состојба"- вели Симона, која тука не завршува со проектите и наскоро најавува нешто сосема ново.

А и време е распеаната докторка која изминативе години и е повеќе посветена на медицинската козметика, да нè почести и со својот прв албум. Дотогаш, уживајте во видеото за несудената макфестовска песна со која Симона Поповска требаше да се натпреварува на популарниот штипски фестивал „Макфест“ во 2017 година. https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=M_U9sTAB4s0

]]>

Избрани композициите за „Макфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/izbrani-kompoziciite-za-makfest-2018/ Tue, 11 Sep 2018 13:16:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47444

Избрани се композициите за фестивалот на забавна музика „Макфест“. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип информира дека оваа година, наместо 30  ќе бидат изведени 32 композиции.
Годинава има 32 композиции кои ќе се натпреваруват во две полуфинални вечери. Веќе се завршени и сите технички подготовки околу фесивалотТелеволтинг повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере. Практично ќе биде троделно гласање, но техниката ќе се соопшти дополнително, вели Панајотов. Тој истакна дека се уште не се дефинирани учесниците во шоу програмите, но се највува музички перформанс за неодамна почината музичка ѕвезда, а своевремено учесник на Макфест. Од оваа година фестивалот на забавна музика „Макфест“ ќе се одржи во почетокот на месец октомври, со што го враќа стариот тајминг. ]]>

Зоран Илиев и Анабела Атијас со „Од утро до вечер“ – победничката песна на „Макфест 2017“ https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-iliev-i-anabela-atijas-so-od-utro-do-vecher-pobednichkata-pesna-na-makfest-2017/ Wed, 18 Oct 2017 12:43:56 +0000 http://vistina.mk//?p=415

Како што е веќе познато, штипјанецот Зоран Илиев и популарната спрска пејачка Анабела Атијас  победија на  годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“,кој традиционално се одржа  во Домот на културата „Ацо Шопов“ на 5, 6 и 7 октомври во Штип.
Нивниот дует насловен „Од утро до вечер“, освен што беше победник и во првата полуфинална вечер, собра најголем број гласови од публиката и во финалето, што им донесе награда од 5.000 евра во денарска противвредност, а за време на победничкиот настап Илиев рече дека дел од парите ќе ги донира во хуманитарни цели. Инаку, ова е втора победа за штипјанецот, кој претходно триумфираше на фестивалот во 2011 година со темата „Ангели и демони“, а за Анабела ова беше првпат да запее на македонски. Победничката композиција инаку е авторско дело на Стојанче Аврамов, кој се потпишува на музиката и текстот, а аранжманот го направи Зоран Алексиќ. За сите оние што не го проследија  „Макфест 2017“, еве уште едно потсетување на победничката песна, овој пат во нејзината оригинална – студиска верзија.  

Ќе да има… „Нешто“ во новата песна на Елена Петреска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-da-ima-neshto-vo-novata-pesna-na-elena-petreska-video/ Wed, 18 Oct 2017 12:31:16 +0000 http://vistina.mk//?p=369

„Нешто“ е насловот на новата песна на Елена Петреска, со која пејачката се наптреваруваше на годинашниот Макфест 2017,  но за жал не успеа да се пласира во финале. Баладата е резултат од соработката со шведските композиторки Илва и Линда Персон, кои се погрижија за музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша уште една наша Елена, колешката на Петреска  Елена Ристеска. Како коавтори и продуценти на песната се појавува уште еден шведски двоец: Никлас Бергквист – Симон Јохансон, додека гитарските делници ги отсвирел Патрик Ског.

Песната е објавена токму на каналот на двете Швеѓанки, во придружба на стиховно видео и фотографии од неодамнешната фотосесија на Елена Петреска. Како звучи делото на македонско-шведската авторско-изведувачка комбинација,  можете да слушнете во продолжение.