македонско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 06:54:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра Трајческа е победничката во втората сезона на македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-trajcheska-e-pobednichkata-vo-vtorata-sezona-na-makedonskoto-muzichko-onlajn-talent-shou-zableskaj-video/ Mon, 05 Jun 2023 06:51:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304789

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит. Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова. Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб - „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни. Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место. Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден… А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата. Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година. Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение:

Повеќе на vistina.mk]]>

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит. Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова. Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб - „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни. Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место. Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден… А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата. Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година. Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение: ]]>
Започна со снимање новата сезона од македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-so-snimanje-novata-sezona-od-makedonskoto-muzichko-talent-shou-novi-i-mladi/ Wed, 19 Oct 2022 12:57:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272134

Деновиве во ИН продукција започна со снимање Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“. Исто како минатата година и оваа се имаат пријавено голем број на кандидати и веќе се снимени првите 4 емисии. Новитет во ова Македонско талент шоу е тоа што водителка е познатата и докажана Анита Даева , а водителката на минатата сезона Јасна Стојаноска исто останува дел од оваа шоу само што оваа сезона поради оправдани причини ќе паузира, а од следната се приклучува и таа на тимот. Бендот овојпат е проширен исто под раководство на Митко Бежаноски, а новитет исто така е што во емисијата освен кандидатите свои точки имаат и познати пејачи каде промовираат нивни нови песни. За разлика од првата сезона правилата се сменати и има испаѓања уште во првиот круг, па продукцијата одлучи пријавувањете да трае додека трае и првиот круг. Емитувањете е на истите телевизии и исти термини како минатата сезона ИНТВ Сателитска, ТВ Сонце и сите регионални телевизии низ Македонија. Ова шоу е моментално најгледаното Македонско естрадно ТВ шоу.

Повеќе на vistina.mk]]>

Деновиве во ИН продукција започна со снимање Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“. Исто како минатата година и оваа се имаат пријавено голем број на кандидати и веќе се снимени првите 4 емисии. Новитет во ова Македонско талент шоу е тоа што водителка е познатата и докажана Анита Даева , а водителката на минатата сезона Јасна Стојаноска исто останува дел од оваа шоу само што оваа сезона поради оправдани причини ќе паузира, а од следната се приклучува и таа на тимот. Бендот овојпат е проширен исто под раководство на Митко Бежаноски, а новитет исто така е што во емисијата освен кандидатите свои точки имаат и познати пејачи каде промовираат нивни нови песни. За разлика од првата сезона правилата се сменати и има испаѓања уште во првиот круг, па продукцијата одлучи пријавувањете да трае додека трае и првиот круг. Емитувањете е на истите телевизии и исти термини како минатата сезона ИНТВ Сателитска, ТВ Сонце и сите регионални телевизии низ Македонија. Ова шоу е моментално најгледаното Македонско естрадно ТВ шоу.]]>
Тамара ја „измеша“ химната, Девана Нардели знамињата: Македонската пејачка со грчко на градите, македонско на гаќичките! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-izmesha-himnata-devana-nardeli-znaminjata-makedonskata-pejachka-so-grchko-na-gradite-makedonsko-na-gakjichkite-foto/ Mon, 08 Jul 2019 07:17:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96571

Близината на Егејското море,  инфраструктурата, поволната клима и пристапните цени... се само некои од причините  што многумина Македонци летуваат кај јужниот сосед. Меѓу нив, секако и голем број од јавните и познатите личности, меѓу кои и оние од естрадата. Македонската пејачка Девана Нардели е една од оние, кои деновиве уживаат на Халкидики. Русокосата решила да не биде на едно место, па деновите ги минува на неколку различни локации. Познатиот и ексклузивен гранд ресорт Порто Карас, познат по комарот и место каде македонските олигарси ги чуваат своите јахти, е едно од местата каде Девана уживаше... или само се сликаше, сеедно. А, на фотогрфаијата, пејачката како модерна Индијанка.
Впрочем облечена во  бела туника со висечки обетки и диоптер очила, изгледа прилично заводливо и сексапилно... Особено што под туниката се проѕира и белата долна облека на пејачката, која ја бранува фантазијата... Што за летни прилики и не е нешто необично!
Ама затоа, вистинска бура од емоции и коментари предизвика она што го носеше на себе додека одмараше во Сарти. Имено, ако Тамара „случајно и од возбуда“ ги „измеша“ зборовите од химната, Девана исто така (не)намерно ги измеша знамињата. Грчкото и македонското! Променета во „тегет“ маичка на која го пишува името на земјата на грчки и англиски јазик, на пејачката градите и ги покрива грчкото знаме. Она од папокот надолу пак и го покриваат,  се црвените гаќички со апликација на сонцето од македонското знаме.
Само што Девана како и Тамара... Ги „измеша“ работите... Во случајов, географската локација на државите, чии државни симболи се знамињата. Грција географски гледано, никако не може да биде над, туку под  Македонија, па нашето знаме требало да биде на маичката, а грчкото на гаќичките, ако веќе толку сакала да ги има.
Но, како и за секој спор и за овој има решение. И тоа компромисно, се надеваме на задоволство на двете страни.  Едноставно е: Само некој треба да ја преврти пејачката наопаку...
...И се' ќе си дојде на свое место! Барем географски!

...И се' ќе си дојде на свое место! Барем географски!]]>
(ВИДЕО) Ќе ви го направат денот: Јапонски бенд ги свират и пеат „Македонско девојче“, „Брала мома капини“! https://arhiva.vistina.com.mk/video-kje-vi-go-napravat-denot-japonski-bend-gi-svirirat-i-peat-makedonsko-devojche-brala-moma-kapini/ Tue, 27 Mar 2018 08:46:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17856

Дека нашата народна македонска музика е една од најубавите и најпознати во светот, не е нешто ново. Но, дека јапонска група  ќе ја свири и пее „Македонско девојче“,„Брала мома капини“... сигурно никој не би помислил.
Е па на оваа видео поставено на Јутјуб, во клуб се свири македонско народно на јапонски начин, и звучи извондредно! Уверете се и сами… https://www.youtube.com/watch?time_continue=290&v=ZZRsv6ryWqA изворсреќа.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

Дека нашата народна македонска музика е една од најубавите и најпознати во светот, не е нешто ново. Но, дека јапонска група  ќе ја свири и пее „Македонско девојче“,„Брала мома капини“... сигурно никој не би помислил.
Е па на оваа видео поставено на Јутјуб, во клуб се свири македонско народно на јапонски начин, и звучи извондредно! Уверете се и сами… https://www.youtube.com/watch?time_continue=290&v=ZZRsv6ryWqA изворсреќа.мк]]>