македонско знаме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 10:13:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонско знаме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските гимнастичарки Илина и Ева Соколовски за прв пат под македонско знаме на балкански натпревар во Будва https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-gimnasticharki-ilina-i-eva-sokolovski-za-prv-pat-pod-makedonsko-zname-na-balkanski-natprevar-vo-budva/ Wed, 20 Sep 2023 10:13:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318832

Илина и Ева Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика, која викендов се одржа во Будва, во организација на црногорската федерација за гимнастка. Иако,  живеат во Германија каде редат успеси, овде не успеаја да се закитат со медали, среќни се што достојно ја претставиле Македонија и имаат само пофални зборови за пречекот и организацијата. За пречекот и организацијата едно големо браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата пред време, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија, бидејќи нивните натпреварувачки се неколкукратни светски и европски прваци во гимнастика. Освен тоа настапија со неколку тима и минимум од 15- 20 свои гимнастичарки, вели Илина и додава: – За нас ова беше нешто ново, прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија и  морам да нагласам дека за овој настап најзаслужен е претседателот на Федерацијата за гимнастика, Љупчо Арнаудов. Тој ги среди сите работи за јас и Ева прв пат да можеме да настапиме, иако во нашата држава не постои овој спорт,  нема државни натпреварувања. Арнаудов ни беше ветерот во грб, не бодреше од трибините, вели Илина. Ева си ги мереше силите со 15- 16 годишните натпреварувчки, таа беше најмалата натпреварувачка на турнирот и единствена што настапи со четири кореографи,  како и јас – топка, чуневи, лента и хулохоп. И двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме, Ева во јуниорска категорија, јас во сениорска конкуренција, но свесни сме,  знаеме колку заслужуваме, а и добро ја познаваме конкуренцијата, додава Илина. За жал, судите од натпреварот направија Евровизија, мислам ќе разберете што сакаме да кажеме. Но, здравје и тоа го има во спортот.  Наше е да работиме и да ја преставуваме нашата татковина на највисоко ниво, но мораме и самите да признаеме дека можностите и капацитетот на нашата Федерација е толкав, немаме други натпреварувачки што би помогнале дури ни судии немаме на записничка маса, но се надеваме дека државата ќе и помогне на Федерацијата за да бидеме побројни натпреварувачки и со наши судии, кои ќе ни помагат во делењето на поени од записничките маси. И покрај сите недостатоци, сепак, уште еднаш можеме да кажеме големо благодарам на нашата Федерација за се, вели Илина.]]>

Срамен гест: Андреа го фрли македонското знаме на тиркизниот евровизиски килим (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sramen-gest-andrea-go-frli-makedonskoto-zname-na-tirkizniot-evroviziski-kilim-video/ Mon, 09 May 2022 06:24:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249213

Македонската евровизиска преставничка Андреа Коевска, која патем е избор на МРТ и во Торино заедно со македонската евровизиска делегација престојуваат со пари од граѓаните кои го полнат македонскиот буџет, го фрли македонското знаме на земја. Да, верувале или не, тоа е вистинја. Имено, според видеото кое имате можност да го погледнете подолу, Андреа се фотографираше со знамето на Република Македонија, а подоцна одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него. Според законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забрането. Според член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на било кој друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување. ]]>

Охридска итрина среде Грција: Жанко – „З’ш“ го развеа македонското знаме на врвот на Олимп меѓу боговите, па сомбрерото го стави на „вистинско место“ на брегот, покрај брановите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridska-itrina-srede-grcija-zanko-z-sh-go-razvea-makedonskoto-zname-na-vrvot-na-olimp-megju-bogovite-pa-sombreroto-go-stavi-na-vistinsko-mesto-na-bregot-pokraj-branovite-foto/ Thu, 01 Jul 2021 07:19:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209122

Откако пред извесно време ја прими и втората доза на руската вакцина, охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „З'ш“ Голабоски така уредно пелцуван тргна во нова авантура. Меѓу останатото, познат и како непоправлив „трагач по возбуди“, Жанко реши да ја освои и Грција... Или поточно, јужните соседи да ги „гледа од високо“, па своите алпинистичко - качувачки вештини ги пушти на најсилно и се здаде во нов планинарски поход - да го освои Олимп! Нималку лесна задача, ама затоа предизвикот поголем од препреката, а инаетот и желбата посилни од сите напори... И Жанко тргна... Охрид, Солун, Паралија, Литохоро... и конечно Олимп! Искачен на еден од највисоките врвови на вечниот Олимп -  Митикас (2918 метри) охридскиот водител стигна на гости во домот на боговите! А таму итриот Жанко направи договор, многу подобар од „Преспанскиот“  со најпрочуениот во грчката митологија, Зевс - кралот на боговите, владетелот на Олимп и богот на небото и громот. Тој ни прати нам поздрави од својот планински престол, а Жанко во наше име гордо го развеа македонското знаме... на врвот на Олимп, среде домот на боговите! Откако ги пренесе поздравите од „другарот Зевс“ покрај кого блескаше македонското сонце, Жанко тргна назад, надолу кон морето, па пред сончевите зраци зад хоризонтот да се скријат, застана да се одмори во Паралиа! Кога стигна,  исцрпен од авантурата, посла пешкир и се испружи на песочната плажа покрај брегот, онака како што тоа го први и во својот Охрид многу често, а сомбрерото го стави „на вистинското место“! Нееее... не на главата, неа ја заштити со шамија, очите со очила за сонце, а шапката сламена, овој пат имаше... „малку поинаква“ намена! За храбриот планинар да не стане „црвен жар“ без потреба, таму кај што не треба! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/zankogolaboski
     ]]>

Македонското знаме гордо се вееше на „Олимпико“ на спектакуларното отворање на ЕУРО 2020 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskoto-zname-gordo-se-veeshe-na-olimpiko-na-spektakularnoto-otvoranje-na-euro-2020-video/ Sat, 12 Jun 2021 09:11:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206748

Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020 конечно го дочека својот почеток по една година одложување поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Како што е обичај во последно време, пред почетокот на премиерниот натпревар помеѓу Италија и Турција се случи и церемонијата со која и официјално беше отворено Европското првенство. На церемонијата, за прв пат во историјата се развеа и македонското знаме, кое беше централно позиционирано и можеше да се види во многу наврати во текот на преносот. Церемонијата беше отворена од легендите на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти и Алесандро Неста, а потоа во ревијалниот дел настапија и Андреа Бочели, како и ликот на пејачот Боно Вокс во вид на холограм и Ди Еџ, обајцата од легендарната груоа „U2“,  заедно со ДЈ Мартин Гарикс, кои ја изведоа официјалната химна на Европсото првенство.

Панчо исто како Тамара, со важна тетоважа, само на различно место и од различна причина – многу посилна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-isto-kako-tamara-so-vazna-tetovaza-samo-na-razlichno-mesto-i-od-razlichna-prichina-mnogu-posilna-foto/ Mon, 16 Nov 2020 07:59:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176152

Македонија на Европско, фудбалерите на  ЕУРО 2021... Историски успех, за прв пат нашата А селекција е на завршницата на едно големо контионентално фудбалско натпреварување. нацијата во делириум, еуфорија низ целата земја, се радуваат сите... И оние кои се „изгорени по фудбалот“, пасионирани љубители на “најважната споредна работа на светот“, фудбалските фанатици, од најголемите патриоти, до најмалите и децата, од обичните граѓани до познатите и јавни личности... буквално сите. Владимир Блажев, познат како ДЈ Шорти или уште попознат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, голем спорстки фан, уште поголем патриот во душата и срцето, личен пријател со некои од  најголемите и најпознатите македонски спортисти, меѓу кои и фудбалските репрезентативци, реши на посебен начин да го овековечи пласманот на Македонија на Европското првенство во фудбал. И тоа трајно, засекогаш! Ионака познат како љубител на украсување на своето тело, Панчо исто како и колешката Тамара на себе стави важна тетоважа... Само на различно место и од различна причина - многу посилна! Ако  на Тамара беше заради еден вид „грижа на совест“, тетоважата на Панчо е заради овекувечување на исполнетиот детскиот сон. И додека Тамара ги тетовираше „промашените“ стихови од химната,  Панчо на себе ги истетовира имињата на целиот национален состав кој обезбеди пласман на Европското првенство, заедно со селекторот Игор Ангеловски, а имињата на златните момчиња се испишани врз македонското знаме иако некои му забележија дека и тој како Тамара, нешто „утнал“... Во прашање е датумот, односно годината, па наместо 2020 стои 2021...? „Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на европско 2021“ - напиша Панчо покрај споделените фотографии од тату чинот на овековечување на детскиот сон и дополни: ПС: За оние малкумина “познавачи” и “експерти” кои се грижите за тетоважата и “погрешниот” датумот во кратко да ви образложам зошто е ставена 2021 за да не ви стои терет на душа Факт, турнирот е ЕURO 2020 ( следен EURO 2024 ) , но е преместен во 2021 ( јуни 11 - јули 11 ) од познати причини. Значи логиката вели дека турнирот и онаа репрезентација која ќе го освои ќе биде запишана во 2021 ( јбг слично на euroleague сеозна 2020/2021 ) , МАКЕДОНИЈА игра во 2021 не во 2020 ( ФАКТ ) и на крај најбитно е што ќе се памтиме сите: која година требало да се игра или ќе го памтиме победникот на турнирот и која година е освоен истиот ? Исто така никогаш не би ја ставил оваа малерозна 2020 како бројка на телото евер. Што значи не се препукавајте меѓусебно, уживајте во историскиот успехот на нашите фудбалери, поддржувајте ги и величете ги нашите спортисти, музичари, уметници и најбитно ширете љубов и позитива. Јас еве повторно јавно кажувам дека ако се пласираме на светско 2022 или било која наредна година иде тетоважа на десната нога, чувам простор. Живели“ - појасни Панчо. По ова , сега сме и естрадно-патриотски комплетни: Химната ја имаме истетовирано, знамето - исто така, составот е тука, уште да „изненандиме“ на ЕУРО 2021... Кој знае што ли тогаш ќе тетовираат на себе македонските музички ѕвезди? Тамара за малку не победи на Евровизија, можеби Панчо со ДНК треба да ја преставува еднаш Македонија, а зошто да не? Па да видиме тогаш, дали со понекоја тетоважа ќе возвратат и фудбалерите?  ]]>