македонско талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 09:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонско талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Коментарите на жирито „го отепаа“: Ова е несудениот македонски пејач кој избега од студиото среде снимање помеѓу две свои изведби во музичкото талент шоу! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/komentarite-na-zhirito-go-otepaa-ova-e-nesudeniot-makedonski-pejach-koj-izbega-od-studioto-srede-snimane-pomegu-dve-svoi-izvedbi-vo-muzichkoto-talent-shou-video/ Sat, 09 Mar 2024 07:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340535

Во животот бегството некогаш значи спас, некогаш срам... Зависи од ситуацијата! Нема речиси некој од нас кој не избегал барем од еден час на улчилиште, сме слушнале за бегстава на осуденици од затворите, за бегање од дома, за таканаречените невестi - бегалки, па дури бегале и од сред свадба или од пред матичар... Ама за бегство од студиото во музичко талент шоу во кое сам си се пријавил и тоа среде снимање емисија помеѓу изведба на две свои песни, до сега не се случило! Или барем не сме слушнале, ама ете и тоа се случи! Имено, минатата среда во студиото на „ИН ТВ“ се снимаа уште две нови изданија  од единственото Музичко талент шоу во Македонија. Првата од двете емисии беше последна од првиот круг и уште една во која натпреварувачите со песна се бореа за влез во вториот круг. Нивниот настап и пењее во овие изданија го оценуваше жирито во состав: Проф. Гоце Џуклески, фолк ѕвездата Стојне Николова, музичарот и композитор Бобан Мојсовски и Сашко Митев. Тројцата кандидати еден од Скопје и двајца од Прилеп имаа подготвено по две нумери за споствена изведба. Редоследно втор,  настапуваше кандидатот Давид Црвенковски од Прилеп кој има 18 години, а по неговата прва отпеана песна коментарите на жирито беа конструктивни и реални, арно ама... Очигледно критиките  не му се допаднаа на младиот прилепчанец кој без изустен збор го напушти студиото и не си даде самиот себе си можност да ја испее и втората песна. Од срам или револт, од страв или брука несудениот талент „фати џаде“,   бегајќи  во непознат правец од студиото на „Македонското талент шоу“! Ова до сега е прво напуштање на учесник среде снимање, преседан што се нема случено. Или барем јавно истото не било обзнането во ниту едно од музичките талент шоуа во регионот. До душа коментарите на жирито колку и да некои од нив ги бираа за да не го навредат, беа „убиствени“ и брутално сурови од типот: „Имаш голем проблем со интонацијата и ритмиката...“ или оној на Бобан Мојсовски - Мојсо со кој го „уби во поим“  несудениот пејач, па веројатно беше пресуден за неговото бегство од студиото, пред по втор пат младиот прилепчанец  да добие можност да настапи на сцената и да се поправи, откако Мојсо му се обрати: „Според мене, ти со музика не треба да се занимаваш“! Сепак, од она што можеше да се слушне во сите овие три сезони од талент шоуто, немало кандидат кој толку дистонира и фалшира, до таа мерка да не може ни одблизу да  да ја испее песната, а во желбата тоа да го стори, да звучи крајно погрешно и лошо. Иако можеби предиректно и демотивирачки, кажаните зборови на жирито во суштина беа на место и најдобронамерни, но веројатно моментот и начинот на кој го соочија со вистината, кандидатот го натера да донесе одлука без збор и најава,  да исчезне од студиото! За возврат, Стојне Николова на тоа „утешително“ се надоврза со зборовите: „Може на пример со манекенство да се занимава“! По ваквиот „скандал“, останува само прашањето: Дали воопшто претходно имало некаква предселекција, аудиција, пробно соочување... на организаторите  со кандидатите, пред тие да бидат повикани на финално снимање и настап во студиото во „Македонското музичко талент шоу“? Ако имало, веројатно уште тогаш  ќе слушнеле и забележеле дека не е баш секој за пеење?! Вака... Срамот е колку за „бегалецот“, толку и за организаторот! Наш предлог до организаторите: Ако веќе претходно не ги селектирате, оставете го секој кандидат да ги испее и двете песни, па потоа жирито нека ги коментира неговите изведби... За да не ви бегаат! Како сето тоа изгледало, погледнете од видеото со  споменатата емисија на „Македонското талент шоу“. Фото и видео: Јутјуб/Македонско талент шоу]]>