македонско девојче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jan 2022 10:38:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонско девојче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Теа Таировиќ по скандалот со „Македонско девојче“ проба „да се извади“, ама..: „Касно е срце , ја испо*ра работата“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovikj-po-skandalot-so-makedonsko-devojche-proba-da-se-izvadi-ama-kasno-e-srce-ja-ispo-ra-rabotata-video/ Mon, 31 Jan 2022 10:32:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236856

По скандалозното менување на стиховите во: „Нема поубаво девојче од Б'лгарче“... на една од најубавите македонски народни песни - „Македонско девојче“ при нејзниот настап во Благоевград - Бугарија, српската фолкерка Теа Таировиќ се обиде „да се извади“ со кусо видео, во кое демек „покајнички“ кажува како немала намера да меша политика, ниту пак некому да му се додворува. Сепак во „покајничкото“ видео најпрвин пее стихови од непозната песна за која вели дека ќе се најде на нејзиниот нов албум и истата носи наслов „Македонија“(?), како благодарност кон овдешната публика за љубовта и довербата што и ја дава!!? Потоа, Теа вели дека на нејзинито настап во Благоевград имало и Македонци и Бугари, па стиховите во последниот рефрен заради почит и кон едните и кон другите и биле упатени на една убава девојка во публиката, и оттаму и дошло да отпее: „Нема поубаво девојче од Б'лгарче“...“, по што наводно, била погрешно разбрана!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Но, обидот да ја „поправи глупоста“ очигледно лесно не и поминува, зошто реакциите и коментарите на нејзиното „вадење од калта“ во која сама се зацапа до гуша, се уште пожестоки и побрутални: - „Нема што да пееш веќе песни за Македонија, си завршила со македонската публика“, -„Македонско девојче, а не Б'лгарче... Сега треба никој да не ти дојде на настап... Мрш“, -„Касно срце, касно... ја испо*ра работата“, -„Не си добредојдена во Македонија, тоа е сигурно“, -„Нема назад за тебе веќе“, -„После е*ење нема каење Теичке, ја зае*а работата, веќе“, -„Џабе благодарност, засрами се“... Ќе има ли прошка или македонската публика ќе биде сурова кон српската пејачка за глупоста што ја направила, допрва ќе видиме... Уште при првиот следен настап кај нас на Теа, на кој ќе биде одново прифатена, или бојкотирана, игнорирана и минирана? Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic]]>

Од миленичка до „персона нон грата“ во Македонија: Теа Таировиќ ја разбесни македонската јавност откако на настап во Бугарија ги промени стиховите на „Македонско девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-milenichka-do-persona-non-grata-vo-makedonija-tea-tairovikj-ja-razbesni-makedonskata-javnost-otkako-na-nastap-vo-bugarija-gi-promeni-stihovite-na-makedonsko-devojche-video/ Mon, 31 Jan 2022 09:55:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236840

Српската пејачка која е во постојан подем и која несомнено моментално важи за една од најбараните во регионот, ја разбесни македонската јавност откако ги промени стиховите на една од најубавите македонска песна „Македонско девојче“. Таировиќ, која важи за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја, од засега непознати причини ја разочара целокупната македонска јавност. „Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, на еден од последните  настапи во Благоевград, република Бугарија, , предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ за да им се додвори на Бугарите ја испеа со следните стихови: „Нема поубаво девојче од Б'лгарче…“! Социјалните мрежи во Македонија зовреа, а коментарите повеќе од брутални, со рекации кои дури  одат до таму што некои велат дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија: „Пак рокајте ја Теа Таировиќ, само не заборавајте да ја плукнете во фаца следен пат кога ќе дојде во Македонија“, стои во видеото што е објавено на Твитер. „Се наполни со пари во Скопје за празниците, ја пречекуваат во цела Македонија како ѕвезда, а таа сега провоцира од Бугарија“, се само некои од мислењарта и ставовите искажани на социјалните мрежи. Инаку, речиси и да не постои човек кој не ја знае една од најпознатите македонски народни песни. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух. За потсетување, „татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот на македонската песна Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.]]>

Тања Савиќ настапуваше во Македонија, па кога ја запеа „Македонско девојче“ направи атмосфера до плафон (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-savikj-nastapuvashe-vo-makedonija-pa-koga-ja-zapea-makedonsko-devojche-napravi-atmosfera-do-plafon-video/ Mon, 13 Dec 2021 09:47:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230830

Тања Савиќ важи за еден од најдобрите вокали во регионот и кога сите и предвидуваа успешна кариера, таа се омажи и се посвети на семејството. Меѓутоа, пејачката се врати на музичката сцена и сега настапува повеќе од кога и да било. Така, изминатиот викенд таа настапуваше во Гевгелија и направи атмосфера до плафон. Тања за ова прилика облече црно – сива комбинација, но со нејзините стари и нови песни направи вистинска забава. Кога ја понесе атмосферата, пејачката се симна и меѓу публиката. Тања на својот настап се одлучи да ги изненади присутните со пеење на македонската песна „Македонско девојче“. фото: принтскрин/инстаграм]]>

Зеле Липовача од „Дивље Јагоде“ сними инструментална преработка на „Македонско девојче“ (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zele-lipovacha-od-divlje-jagode-snimi-instrumentalna-prerabotka-na-makedonsko-devojche-video/ Tue, 11 May 2021 07:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201973

Фронтменот на „Дивље јагоде“, Сеад Зеле Липовача, сними  гитарска преработка на познатата народна песна „Македонско девојче“. Зеле покрај изведбата на оваа инструментална преработка, сам го направи и новиот аранжман. Токму оваа македонска песна е прва на списокот на оние што ќе се најдат на новиот соло-албум на основачот на „Дивље јагоде“. Во неговиот препознатлив стил, а истовремено емотивен и искрен, баш на начинот на кој треба да се пристапи кон обработката на традиционалните мелодии, Зеле уште еднаш совршено ги комбинираше ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гитарата. Работниот наслов на новиот албум е „You Are the Wind and I’m the Flame“ и ќе излезе оваа есен. Оваа е негов трет соло албум по последниот албум од 2016 година, „Internal Waves of Love“. Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ не можеше да помине без македонските синови, славните музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и синтисајзер, а на кавал е Александар Јовевски. За песната беше претставено и визуелно уметничко видео, додека официјалното видео наскоро ќе го види светлото на денот и ќе се снима во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=6BMxgqPMMV8&t=105s Извор: Музика24.мк  ]]>

Познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со изведба на „Македонско девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-japonski-operski-pejach-kazuhiro-kotecu-so-izvedba-na-makedonsko-devojche-video/ Mon, 04 Jan 2021 08:51:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183854

Македонските народни песни се вечна инспирација на познатите и помалку познати светски музичари, групи, пејачи, но и оперски пејачи, па снимаат свои верзии, сакајки да ни дадат до знаење дека сепак нашата музика е една од оние за кои се вели дека се светска вредност. Така, нашиот и надвор познат оперски пејач Благој Нацоски објави видео од еден свој драг пријател, Јапонец кој што живее во Токио, како ја изведува македонската народна песна „Македонско девојче“. “Директно од Токио! Мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија”, објави на социјалните мрежи македонскиот оперски пејач Благој Нацоски. Тој преку видеото што го постира на Фејсбук сподели изведба на јапонскиот оперски пејач и неговата интерпретација на познатата македонска песна „Македонско девојче“ на починатиот македонски автор и пејач, Јонче Христовски. https://www.youtube.com/watch?v=KA0nHD4V9es&feature=emb_logo]]>

Илина Соколовска – македонско девојче, шампионка на германска земја (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/ Tue, 15 Dec 2020 08:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180830

Малата Илина Соколовска (14) е пример за уште една успешна македонска приказна надвор од границите на државата. Таа со нејзиното семејство живее во германскиот град Билефелд, каде ова талентирано македонско девојче ниже успеси за Германија, но сонува еден ден македонското знаме да го вее на Олимпијада. И ако се погледнат нејзините досегашни успеси во ритмичка гимнастика, несомнено дека овој сон лесно може да и се оствари. По неполна деценија занимавање со овој спорт, нејзиниот дом е преполн со пехари, кои минатата година и го отворија патот да почне да се натпреварува и во Бундес лигата. И таман почна се' да се одвива  како што треба, се случи корона пандемијата, која го застана животот во целиот свет. Но, Илина и покрај стопирањето на натпреварите не застанува. Нејзиниот живот продолжи со тренирање, за да биде подготвена, кога повторно животот ќе се врати во нормала и ќе почнат натпреварите. „Од февруари до октомври немавме никаков настап. Цела година чекав да се натпреваруваме. Пред десеттина дена се случи еден клупски натпревар, убаво беше, но откажаа многу клубови од Бундес првата и втора лига. Мојот клуб учествуваше, запазувајќи ги сите протоколи за заштита. Мојот клуб се вика СГ Гутерслох- Билефелд, и клубски се натреварувавме. Секој сам танцуваше и на крај со вкупно 80 поени како клуб го освоивме петтото место. Имаше посилни клубови од нас, се натреваруваат на интернационално ниво. Требаше и деновиве да има уште еден натпревар, но поради короната и тој е откажан“ - вели Илина, која пред неколку години на интернационален натпревар во Украина ја освои титулата „принцеза“, освојувајќи најмногу поени. Иако нема натпревари Илина, како и нејзината помала сестра Ева (10), која исто така е гимнастичарка, продолжија да тренираат. Додека беше топло времето тренирале во природа, но сега тренинзите ги прават дома, секој ден по неколку часа. „Многу ни е тешко што не можеме да спортуваме. Сестра ми Ева дури и плачеше бидејќи за следните четири недели се откажани тренинзите и затоа ќе тренираме дома, во дневната соба, бидејќи надвор е веќе студено. Од март до јуни вежбавме така, малку дома, малку надвор. Кога не ослободија многу се израдувавме дека ќе продолжиме со натпреварите, но ете пак не затворија. Сега само одиме на училиште,цело време со маски и со постојано отворени прозорци и врати. На часови седиме со јакни, капи, шалови или ќебе врз себе. Напорно е ама мора да се издржи. Одам во деветто одделени и најдобра сум во класот. Паралелно вежбам и учам. Обврските со спортот и натпреварите не ми пречет на училишниот успех.  А имам време и за другарките. Секогаш прво е учењето, па потоа дружењето“ - вели Илина. Сонот на секој спортист, па и на Илина е успех и само успех. Но најголем сон и е да ја однесе Македонија на Олимпијада, кој ако продолжи со трофеите, како и до сега, секако дека ќе и се оствари. Иако таа се натпреварува за Германија, сепак, засега го има само македонскиот пасош, па оттаму и надежта дека еден ден ќе ја однесе својата татковина на најголемото спортско натпреварување. „Јас отсекогаш сонувам да одам на Олимпијада и се надевам дека ќе успеам. Сега се натпреварувам со многу силни гимнастичарки, кои се постари од мене. Но, тоа ми е мотивација повеќе. Да бидам уште подобра. Кога бев мала, уште во градинка ги гледав девојчиња како вежбаат и гледав колку убави фустанчиња имааат. Така го засакав овој спорт. А потоа, кога почнав да вежбам и да се натпреварувам и да редам успеси уште повеќе почнав да го сакам. Засега имам над осум натпреварувачки фустани, кои веќе ми се мали. Сите од клубот одиме кај една жена која е од Русија и по наша желба ни ги прави“ - вели македонската шампионка на германско тло. „Пред компјутер сум само кога морам. Кога е потребно од училиште. Затоа сакам да им порачам на моите врсници да си размислат дали тоа ќе им помогне во животот и каков успех ке имаат ако по цел ден седат пред комјутер и затворени дома.  Јас најмногу сакам биологија и хемија. Мислам дека кога ќе престанам професионално да се занимавам со гимнастика тоа ќе ми биде животна преокупација, можеби и професија. Сега по 3-4 часа дневно вежбам, после училиште прво јадам, па пишувам домашна и потоа тренирам. Па пак продолжувам со домашното и потоа одморам. Сакам и јазици, покрај македонскиот и германскиот јас паралелно ги учам и англискиот и францускиот. За се' се наоѓа време“ - вели таа. До минатата година Илина едвај чекаше да дојде лето, за да дојде во Скопје. И додека беше тука на одмор, таа постојано тренираше. „Ми се доаѓа во Скопје многу. Цела година чекав да дојде летото и многу ми беше жал што летово не можевме да дојдеме. А многу сакав кај баба и дедо, кај Нате братучетка ми, кај стрина и чичо. Сакам да ги видам сите, но место тоа, сега комуницираме само по телефон. Се надевам дека до следното лето ќе се вратиме во нормала и се' ќе биде како порано“ -  вели со надеж Илина, македонската шампионка која ниже успеси на германска земја.]]>

„Македонско девојче“ ечеше среде Солун (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-devojche-echeshe-srede-solun-video/ Fri, 09 Aug 2019 12:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101360

Познатата македонска песна „Македонско девојче“, во инструментална изведба, можеше да се слушне среде Солун. Уличен кларинетист ја отсвире на шеталиштето покрај морето, а видеото го објави Обединета Македонска Дијаспора. https://www.youtube.com/watch?v=Xp0HNXQuK1M]]>

Поздрав до Македонија: Андре Риу ја свири „Македонско девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/75282/ Thu, 28 Feb 2019 11:59:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75282

Современиот крал на валцерот, како што го нарекуваат холандскиот виолинист со светска слава Андре Риу, за прв пат ќе оджи концерт во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Познатиот музичар ќе настапи со својот оркестар „Јохан Штраус“, кој со своите 60 музичари е најголемиот приватен оркестар на светот. Концертот го организира продукцијата „Пасворд“, а билетите се продаваат преку продажната мрежа на Мк Тикетс.
Како поздрав на македонската публика, Риу неодамна објави видео на која со оркестарот ја свири познатата песна „Македонско девојче“, која ја напиша легендата на народната песна Јонче Христовски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=39&v=ZwM6W8OBJ0Y]]>