Македонските народни приказни“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 May 2021 12:36:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Македонските народни приказни“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Актерите од „Македонските народни приказни“ ја „шизнаа публиката“ во новиот спот на „SAP Brothers“ – „Шизни си“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-ja-shiznaa-publikata-vo-noviot-spot-na-sap-brothers-shizni-si-video/ Wed, 26 May 2021 12:36:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204247

Браќата Сапламаеви познати и како SAP Brothers вчера, 25 мај 2021 год. ја промовираа својата најнова песна насловена „Шизни си“,  која е проследена со многу едноставен, но мошне креативно осмислен и реализиран видеоспот. По нивната дебитанстака песна и прво видео за блуз баладата  „Љубов си ти“ од мината 2020 госина, во која што на многу позитивен и хумористичен начин успеаја да ги расположат сите кои што ја слушаа песната и го гледаа видеото, браќата овој пат на уште подуховит и интересен начин ја визуелизирале нивната нова тема, која музички звучи прилично свежо и модерно, а сепак македонски. Едноставно во истиот дух  во кој започнаа, „SAP Brothers“ пренесуваат уште една животна приказна. Не секому му е лесно да го опише својот живот во неколку минути. Истото е и со  Бранко и Влатко. Според Бранко оваа е песна за сите браќа, помали и поголеми. Таа е кратка и јасна и само повикува на насмевка и малку шизнување. Влатко најубаво знае дека после тоа сѐ е полесно. Музика и аранжманот се на самите SAP Brothers, текстот за песната го напишал  Тино Костадиновски, а Режијата, снимањето и монтажата на видеото ги потпишува Ѓорги Вацев. Аудио снимањето и миксот исто така се на Ѓорги Вацев, а аудио мастерот го изработил Ангел Ќосев во тонското студио „Подрумот“.  Придружните вокали во песната ги пејат Коста Хаџикојчев, Ѓорги Вацев, Драган Сапламаев, а кореографијата во видеото е дело на Ивана Балабанова. Во самиот спот покрај браќата Влатко и Бранко Сапламаеви, учествуваат и двајца легендарни македонски актери, познати од многу македонски ТВ серии и филмови, но најмногу препознатливи по нивните улоги во „Македонските народни приказни“ - актерите  Кирил Андоновски и Лазар Бараков. Обајцата маестрално ги одиграле своите улоги снаоѓајќи се во сите животни ситуации, најмногу комични, во кои ги става сценариото на видеоспотот за „Шизни си“ во кој ја „шизнаа публиката“ на прво гледање со својата феноменална актерска вештина. Покрај нив во видеото учествува и Оливер Настовски - Батка. Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=KHkqEqI9zoQ]]>