македонски песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 May 2023 10:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јасмин Алиевски повторно „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ иако пееше само македонски песни! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alievski-povtorno-rasturi-vo-zvezdite-na-grand-iako-peeshe-samo-makedonski-pesni-video/ Wed, 17 May 2023 06:16:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302471

Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е „зрел“ кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата. Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“. Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот кандидат: „Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка“ - искоментира Мили. „Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа“ - искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид. Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен. Погледнете го неговиот настап (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Дуото „Бревис“ направи свевидно медли од 11 македонски хитови во 4 минути (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duoto-brevis-napravi-svevidno-medli-od-11-makedonski-hitovi-vo-4-minuti-video/ Sat, 22 Jun 2019 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93921

Вокалистот Мартин Иванов и клавијатуристот Никола Николовски веќе подолго време настапуваат низ Македонија под името „Бревис“ опишувајќи се себеси како „бенд за сечиј вкус“. За публиката подобро да ги запознае, на својот канал на Јутјуб ги имаат објавено и преработките на хитовите „Чија си“ и „Тако лако“, но она што го претставија деновиве сигурно е најинтересното и најуникатното што сме го слушнале кај нас.
„Следува првиот Mashup на македонски поп песни, ова ќе биде првиот производ од нашиот проект на преработки на македонска поп музика! Очекувајте нешто свежо и сосема различно“ - велат тие во своето промотивно обраќање на Инстаграм.
Имено, момците решија да направат своевидно македонско медли, односно да спојат 11 од најпознатите македонски хитови во точно 4 минути, со помош од Иван Јамандиловски (аудио) и Алек Тасевски (видео). „Дали ме сакаш“ на Калиопи, „Осамен“ од Трајче Манев, „Соба за тага“ од Тоше и „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара се дел од рефрените што ќе ги слушнете во овој интересен проект на музичарите, кои веќе подготвуваат уште новитети, а како изгледа и звучи спојот на македонските хитови на „Бревис“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=-Lh0zB-JJpA]]>