македонски народни приказни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 06:23:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски народни приказни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ваква драстична трансформација одамна некој не приредил: Македонскиот актер свесен за промената – „Абе јас сум!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vakva-drastichna-transformatsija-odamna-nekoj-ne-priredil-makedonskiot-akter-svesen-za-promenata-abe-jas-sum-foto/ Mon, 09 Oct 2023 06:23:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321560

Многумина ќе кажат дека денешните македонски народни приказни немаат врска со оние од некогаш. Времињата се изменети, критериумите поинакви, но и од таквата новокомпонирана телевизиска претстава има млади актери кои се издвојуваат по својата уникатност. Еден од нив е Владо Дојчиноски кој слободно може да се каже дека е меѓу најпрепознатливите од новата постава. Тој одлично знае да одглуми од сиромав до цар, а бидејќи промените се дел од неговата професија и секојдневие, Владо се реши тоа да го примени и приватно. Па така, на изненадување на своите следбеници и пријатели, Владо се трансформираше во друг човек. Навикнати да го гледаме со долга коса, брада или како мустаклија, тој сега смени се’ од тоа. Сосема ја скрати косата, а брадата ја направи во поинаква форма од што сме навикнале да го гледаме. Свесен за драстичната разлика, тој сакаше да се пофали, па во описот на фотографијата напиша: – Добар ден! Абе јас сум, Владо. Ги чекам новите приказни на Сител 12:00, напиша актерот. Реакции очекувано имаше, но повеќето се согласија дека тој е омилен од поновите актери со и без коса и брада. фото:Instagram/Facebook printskreen/Vlado Dojcinoski]]>

Тој е единствениот македонски глумец за кој напишаа песна: Жал ми е, ама Лазар Бараков сите „ги шие“… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-e-edinstveniot-makedonski-glumec-za-koj-napishaa-pesna-zal-mi-e-ama-lazar-barakov-site-gi-shie-video/ Wed, 24 Oct 2018 07:06:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54204

Со старите македонски народни приказни израснаа многу генерации. Времето врви, генерациите се менуваат,  а приказните чиниш како да се направен денес. Се' уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска  изведба... Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив  и поновите генерации.
Се разбира,  денес повторно се снимаат нови серијали, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков....
За жал, некои не се повеќе меѓу нас, други се' уште се дел од приказните, додека трети пак гордо се сеќаваат на времето кога ги играа едни од највпечатливите улоги во „македонската играна ТВ лектира“.
И сите тие заслужуваат слава, почит и пиетет, но сепак, само за еден од нив е напишана песна, која му е посветена токму нему - на Лазар Бараков!
Актерот кој за жал, повеќе не снима приказни, ама кого сите го паметиме како еден од највпечатливите ликови на селанецот, меанџијата, ѓаконот, ѓаволот, сиромавиот...
Нема лоша улога за Лазар. Затоа и доби своја песна. Не дека некои други не ја заслужуваат, ама авторот, и самиот актер и дел од поновите серијали на „приказните“ - Горан Трифуновски - Пајак, инаку лидер на македонската рок група „Пеперминт“ е дефинитивно... „Фан на Лазар Бараков“. Па му посвети и песна!
„Ни Мерилин Монро, ни Џејмс Дин, ни Елвис Присли, ни Чарли Шин, ни Бен Афлек, ни Линдзи Лохан... ниту уште цела плејада светски ѕвезди... Жално за овие, ама Лазар Бараков другите ги шие... И секој може да е славен, ама Лазар Бараков за мене е главен“ - пеат „Пеперминт“ во нивниот хит.
А Бараков, онаков каков што го дал Господ, скромен и повлечен, без да се фали, вели дека еден ден му се јавил колегата Горан и му кажал дека има напишано песна за него, па му ја пуштил да ја слушне, а Лазар без поговор му рекол дека нема проблем да ја сними и пушти во етерот!
Така, македонската легенда од народните приказна стана уникатен. Многу македонски актери запеале, некои дури и сериозно се занимавале и се занимаваат со музика, ама Лазар Бараков сите ги шие. Само нему му е посветена песна, па затоа, еден - единствен ни е! https://www.youtube.com/watch?v=QCNr23lrbBQ        ]]>