македонски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Sep 2022 12:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пристигнаа првите Инстаграм стикери на Македонски јазик – еве како да ги најдете https://arhiva.vistina.com.mk/pristignaa-prvite-instagram-stikeri-na-makedonski-jazik-eve-kako-da-gi-najdete/ Fri, 23 Sep 2022 12:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268498

Достапна е првата едиција стикери на македонски јазик за социјалната мрежа Instagram. Најавувајќи ја, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, соопшти дека станува збор за 13 стикери, кои можат да се најдат под рубриката GIF, со впишување на клучни зборови како: петок, petok, петокмие, petokmie. Станува збор за фрази, зборови кои се дел од разговорниот јазик на помладите генерации. Истите можат да се слушнат при нивните разговори на кафе или пијачка, во читална, во аулата на факултет, во парк, во маало. „Дојди во маало“, „Штеди, криза е“, „Верувај во себе“, „Ај на клупи“, „Седни учи“, „Тотално зелени“, „Испитна ми е“, „Не се сите исти“, „Лето е“ се дел од првата група стикери. Истите имаат за цел да ги поттикнат младите на социјализација, учење и реализирање на нивните обврски, кон себе си и заедницата во која живеат. Втората група стикери се однесува на моментите на дружење, дочекување на викендот, како период кога одмараме, имаме повеќе време за себе и за луѓето кои ги сакаме. И тука можете да ги користите стикерите како: „Петок ми е“, „Живеам за викенд“ и „Сите сме луди“. Основната цел е младите, но и сите граѓани повеќе да го користат македонскиот јазик на социјалните мрежи. Дигиталните медиуми и алатки, социјалните мрежи го променија начинот на комуникација. Со тоа, треба и ние да се адаптираме на промените и македонскиот јазик уште повеќе да го доближиме до младите луѓе. Заштитата и афирмацијата на јазикот треба да биде од секој аспект, вклучително и во контекстот во кој се однесуваат и изразуваат новите генерации. Овие стикери за социјални мрежи произлегуваат од она што младите навистина го зборуваат меѓу себе. Повикуваат на акција, одговорност, но содржат и моменти на хумор и фрази кои ги користат во секојдневната неформална комуникација. Првата едиција стикери на македонски јазик е авторски проект на Ико Илиевски и Димитар Караташев, дел од јавниот конкурс „Цртај на македонски јазик“ 2022, објавен од Министерството за култура.]]>

Снеже Велков покажа што е тоа „вежбање на македонски јазик“: За добро вежбање, нема лоша песна… освен ако песната ептен (не) ти се погоди? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-pokaza-shto-e-toa-vezbanje-na-makedonski-jazik-za-dobro-vezbanje-nema-losha-pesna-osven-ako-pesnata-epten-ne-ti-se-pogodi-video/ Fri, 16 Jul 2021 08:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211303

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков е полна со предизвици и идеи. Постојано на ум и паѓаат нови нешта, како да го збогати репертоарот на вежби, арсеналот на движења и потези за размрдување на телото, а при тоа вежбањето да не биде здодевно... Да не прерасне од здрава навика во жива досада. Токму затоа, згодната инструкторка реши да ги спои своите пилатес вештини со водителското ТВ искуство, па нешто што го работела на обете полиња да го примени, фузирајќи го убавото и корисното. Патем, умната пилатес инструкторка со својот „нов изум“ случајно или намрно, врши и уште една работа, уште една света мисија: зачувување на својот мајчин јазик, во случајов македонскиот. За таа цел остроумната Снеже, за да ја разбие монотонијата при повторувањето на вежбите ги вметна македонските песни како подлога, како фон или лајт - мотив за вежби и движења во ритам на македонската музика. Стари или нови хитови, шлагери или евергрини, рап, рок или ар ен би, џез или блуз, рокери и народњаци, фолкери и забавњаци... не важно! Важно е да не здодевно, глуво и празно! Се' што може да ти послужи за да ти го крене расположението и да те мотивира да мрдаш во ритмот на музиката за танцување е прифатливо како разубавување на моментот, за „билдање здраво тело и во него здрав дух“!   Важно е само да се има слух... И за музика и за гимнатика, пардон за пилатес! Затоа Снеже со практичен пример покажа како тоа се прави, па ги повика сите што ја следат на социјалните мрежи да пробаат, но и да дадат своја предлог песна. „Кога си го разбираш јазикот полесно се вежба. Си ставам предизвик пред себе следниве денови да користам исклучиво македонски ритам за вежби... Оти и ние си имаме топ ритам за склекови, за чучнувања и скокање!“ - порача Снеже Велков демонстрирајќи ја практично идејата со македонскиот фестивалски евергрин: „Како Вардар ќе дотечам“ на легендарниот Зафир Хаџиманов!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

И мора да признаеме, дека пилатес кореографијата совршено и прилега...  И вежбите се лесни ко песна, само треба песната да ти се погоди... „Ама, како што и самата Снеже вели,  за добро вежбање, нема лоша песна“ - па побара да и праќаат предлози. Нас баш не интересира како би изгледала пилатес кореографијата за „Сакаш само секс“ на Тамара Тодевска, на пример? До душа јазикот во неа е „мешовит“,  ама и половина од песната која е на македонски би требало да заврши работа? Впрочем просечна пилатес вежба белким трае отприлика колку и просечен оргазам? Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze
Видео: Јутјуб/ 187  &  Tамара
]]>

„Арс ламина“ објави шест бестселери од Агата Кристи на македонски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/ars-lamina-objavi-shest-bestseleri-od-agata-kristi-na-makedonski-jazik/ Wed, 24 Feb 2021 13:47:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191280

Таа е креатор на едни од најпознатите ликови во крими-литературата, Херкул Поаро и госпоѓицата Џејн Марпл. Воедно е и најпродавана авторка на сите времиња со повеќе од 70 крими-книги и збирки раскази, драми и шест новели што ги има пишувано под псевдоним и се во жанрот романса. Сето ова е само мал дел од богатата биографија на популарната авторка Агата Кристи чии дела имаат инспирирано многубројни други писатели како и автори на серии и филмови. Издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна ги објави на македонски јазик нејзините култни изданија: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“. Наскоро овие книги ќе можат да се купат и како комплет во посебно дизајнирана кутија, додека посебните изданија се веќе достапни во книжарниците „Литература.мк“. Оваа едиција ќе биде надополнета со уште шест книги од Агата Кристи кои се во фаза на изработка: „По погребот“, „Завеса“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „Десет мали црнци“ и „Златната топка и други раскази“, кои, исто така, ќе може да се купат како комплет во специјално дизајнирана кутија. „Мистериозниот случај на Стајлс“ е објавен во 1920 година и е првиот роман каде се сретнува ликот на Херкул Поаро. Дејството се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот „Стајлс Корт“, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Со романот „Убиството на Роџер Акројд“ кој излегол во 1926 година, Агата Кристи стекнува голема популарност и поширока читателска публика. Кога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот ден го наоѓаат убиен во неговата работна соба, во малото англиско село Кингс Абот се јавуваат уште повеќе озборувања од вообичаеното. Се слуша дека госпоѓата Ферарс си го отрула сопругот годината претходно, па дека била во љубовна врска со Акројд, а се зборува и дека била уценувана затоа што некој дознал за делото што го сторила. Но, која е причината зад убиството на Акројд? Овој случај е целосна мистерија за локалната полиција, но, за среќа, тука е прочуениот детектив Херкул Поаро. „Лорд Еџвер е мртов“ претставува една од најинтересните криминалистички сложувалки на Агата Кристи со уште погенијален расплет. Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите? Едно од најпознатите дела на Кристи е „Убиство во Ориент Експрес“ кое има добиено многу филмувани верзии, меѓу кои последната е достапна на „Ејч-би-о“, а познатиот актер Кенет Брана го толкува ликот на Поаро. Романот е објавен во 1934 година, а Кристи го посветила на својот втор сопруг, Макс Едгар Лусиен Малован. Многу е веројатно дека приказната, која е делумно инспирирана и од вистинити настани, ја има создадено додека престојувала на археолошките ископини во местото Арпачија, Ирак. „Убиство во Ориент експрес“ се смета за најпознатото дело на Кристи. Романот „Смрт на Нил“ е објавен во 1937 година и во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман со Херкул Поаро што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот „Би-би-си 4“. „Зло под сонцето“ е роман за кој Агата Кристи добива високи книжевни критики, доживува и неколку екранизации и адаптација за радиодрама, а во поново време и адаптација како видеоигра. Делото ги содржи сите ноти на писателското мајсторство на авторката. Тоа изобилува со духовити дијалози и ја следи нејзината специјалност за создавање сложена приказна што всушност на крајот изгледа едноставна.]]>

МРТВ потврди: Европското првенство во 2021 ќе го гледаме на националниот сервис https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-potvrdi-evropskoto-prvenstvo-vo-2021-kje-go-gledame-na-nacionalniot-servis/ Fri, 13 Nov 2020 06:58:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175916

Македонската телевизија ги откупи правата и ќе го пренесува во целост Европското фудбалско првенство закажано за следното лето. Сите натпреварите вклучително и  оние на фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги следиме на МТВ, со коментар на Македонски јазик. ]]>

Игор Џамбазов им покажа на Бугарите дека македонскиот јазик постои, Весна-Бејби им докажа колку тој може да биде „разигран“, а газдарица Преслава од „Преспав“ ја отпоздравија, иако јазикот в уста други и го ставија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-im-pokaza-na-bugarite-deka-makedonskiot-jazik-postoi-vesna-bejbi-im-dokaza-kolku-toj-moze-da-bide-razigran-a-gazdarica-preslava-od-prespav-ja-otpozdravija-a-jazikot-v-usta-drugi-i-go-st/ Sat, 14 Dec 2019 07:46:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123905

Бугарите овој пат ја претераа. По Гоце Делчев, се фатија за јазикот, па ни го негираат македонскиот! Ај тоа политичарите, тие се минлива и менлива категорија, туку науката, па сега Бугарската Академија на Науките тврди дека македонскиот јазик - не постоел! И додека нашиве „владини северџани“ си ја свиткаа опашката и уста не отворија да реагираат, а ниту нашиве академици од (се'уште) МАНУ исто така останаа„неми“ кон бугарскиот став по тоа прашање , интелектуално-естрадната елита не молчи! Први се огласија двајцата најпознати  македонски актери, водители, писатели, шоумени... како сакате кажете ги, Игор Џамбазов и Весна „Бејби“ Петрушевска. Игорче прв им докажа со тоа што им (го) покажа на Бугарите дека македонскиот јазик постои. На себесвојствен и оригинален начин,  на некој начин наметна спонтана кампања, кон која веднаш се приддружи и неговат колешка.
 
View this post on Instagram
 
За македонскиот јазик...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Весна “Бејби“ Петрушевска пак ја надгради теоријата со нови докази, покажувајќи им на Бугарите од БАН не само дека постои, туку и колку македонскиот јазик може да биде „разигран“. Ја затркала  „лавинта на реакции“ понатаму, која веројатно допрва ќе тргне уште посилно и пожестоко, па белким ќе ги „разбуди“ и нашиве „заспани“ полтичари и академици и тие да отворат уста!
Некои од бугарските колеги и колешки на Џамбазов и Бејби исто така се солидаризираа... ама со власта. И со нашава и со нивната! Така, прочуената газдарица Преслава од последната сезона на хумористичниот ТВ ситком серијал „Преспав“ која ја играше бугарската актерка Јана Маринова, уште додека беше во Македонија, за време на снимањето не можеше да одолее, а да не го поздрави „Преспанскиот договор“ и тоа онака, , среде Скопје од плоштад Македонија. До душа, не пропушти да ги спомне ниту „карсивите маже“... Oткако  си замина за Бугарија, Јана - мома на Игорче малку му недостасуваше, ама Џамбазов очигледно не знаел дека Преsлавче во негово отсуство, а Бога ми и присуство, му „работи зад грб“! Ама затоа сега Џамбазов ја отпоздрави двојно: И за Преспанскиот и за јазикот... А, кога сме веќе кај јазикот, Славче може да се потсети на кој јазик зборуваа нејзините колеги во „Преспав“.  Чисто онака, за да не мора покрај „исторически“ и практично да се докажуваме дека македонскиот е поразличен од бугарскиот јазик, кога ќе го ставиш в уста! Среќа што Славче среде Скопје не негираше, туку од прва призна дека Македонците се „красиви маже“... Како ли тогаш Бугар(к)ите ќе требаше да ги разубедуваме во спротивното!    ]]>

„Ени Јуниор“ – бродвејски мјузикл за деца и младинци на македонски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/eni-junior-brodvejski-mjuzikl-za-deca-i-mladinci-na-makedonski-jazik/ Wed, 11 Dec 2019 14:18:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123399

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор ја раскажува приказната за малото сираче Ени - алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре. Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години. Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други. Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели - во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”. Цена: 350 денари и 300 денари - донациси билет ( влезница купувате со цел да ја донирате ). Мини-проектот „Подари карта за другарче”, како дел од хуманитарната акција на здруженијата Крео-Аксис, Проект Среќа и Дајте ни крилја, подразбира да купите карта за дечињата и штитениците на здруженијата Проект Среќа и Дајте ни крилја, како и за дечињата од малите групни домови, по цена од 300 денари и да му овозможите на некое непознато другарче да присуствува на овој предновогодишен настан.]]>