македонски идол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2023 07:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски идол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жирито во „Ѕвездите на Гранд“ со восхит го слуша и му ласка на велешанецот Мики Секуловски, а еве како изгледаше и звучеше пред 14 години на „Македонски Идол“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zhirito-vo-zvezdite-na-grand-so-voshit-go-slusha-i-mu-laska-na-veleshanetsot-miki-sekulovski-a-eve-kako-izgledashe-i-zvucheshe-pred-14-godini-na-makedonski-idol-video/ Thu, 23 Nov 2023 06:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328179

Со изведбата на „Сонце за три светови“, велешанецот Мики Секуловски го освои жирито во тековната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а истото воодушевување го доби и од следните претставувања. Коментарот дека е најдобар меѓу досегашните учесници кои пеат рок песни, му го кажа Марија Шерифовиќ, што беше сосема доволен знак дека Мики заслужено ќе го гледаме и во останатите изданија од оваа сцена, a ништо поскромни не беа ниту останатите членови на жирито. Некои можеби се сеќаваат на него, а некои можеби и не, но за Мики музиката секогаш била на прво место, освен кога пред шест години заминува во Белгија каде работи како келнер со цел да му помогне на своето семејство. Дури и тогаш песната и натпреварувачниот дух не го напуштаат, па и таму се пријавува на белгиското издание на „The Voice“. За Секуловски музиката никогаш не тргнала од музичките шоуа, туку напротив, тој има завршено средно музичко, а денес е дипломиран оперски пејач. Неговиот живот секогаш се движи во ритамот на музиката, некогаш во побавно темпо, а некогаш ултра забрзано. Така му беше и пред 14 години кога за инстантно време стана популарен како финалист во македонското музичко шоу „Македонски Идол“. Тогаш на истата сцена се натпреваруваше со: Билјана Ѓошева, Јана Бурческа, Виктор Апостоловски, Иван Раденов... Таа приказна заврши, а Мики продолжи во кариерата, сними неколку песни, а имаше и фестивалски претставувањa. Но, кога ќе те снема извесен период, кај нас толку треба за да те подзаборават, се додека не се случи нов бум, како сега со „Ѕвездите на Гранд“, нова прилика, нова шанса, нова реклама и актуелност. Македонците досега биле едни од најуспешните во актуелното шоу, а веруваме дека и Мики е на пат кон врвот, а оваа приказна ќе му заврши далеку поуспешно од претходните. фото: Facebook/Miki Sekulovski/ printscreen You Tube/Zvezde Granda видео: You Tube]]>

(ФОТО) По осум години повторно заедно: „Македонски идол“ ја повторува историјата! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-po-osum-godini-povtorno-zaedno-makedonski-idol-ja-povtoruva-istorijata/ Fri, 26 Jan 2018 08:21:25 +0000 http://vistina.mk/?p=10861

Првото македонско шоу за музички таленти „Македонски идол“ се случи во 2010 година или поред осум години. Речиси секој се сеќава на големата еуфорија која настана кај помладите, кои станаа верна публика и обожаватели на учесниците. Оттогаш помина доста време, а речиси секој од нив започна и музичка кариера.
Времињата се менуваа, а се менуваа и нивните желби и афинитети кон музиката, па кој издржа, остана и денес да биде дел од македонското забавно музичко небо. Но, поминатото време и не е толку важно кога постојат вистински пријателства, баш како она кое им се случи на учесниците во „Македонски идол“.
Па така, деновиве дел од нив се собраа да се видат и да си поприкажат на кафе средба и да ги евоцираат спомените.
Билјана, Виктор, Денис, Јуле и Бети, оваа средба ја овековечија и со фотографија која се најде на социјалните мрежи. Дали планираат некаква заедничка песна или пак само го одржуваат пријателството, не знаеме, но во секој случај евидентно е дека убавите спомени и искуства, носат и искрени пријатели.]]>