македонски фолклор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Jul 2021 13:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски фолклор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 КУД Илинден од Битола ќе го претставува македонскиот фолклор на шестата светска фолклоријада во Русија https://arhiva.vistina.com.mk/kud-ilinden-od-bitola-kje-go-pretstavuva-makedonskiot-folklor-na-shestata-svetska-folklorijada-vo-rusija/ Thu, 01 Jul 2021 09:59:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209317

Над 2000 учесници од 50 земји во светот ќе учествуваат на VI светска фолклоријада која од 4 до 11 јули ќе се одржува во Република Башкоростан, Русија. Македонија ќе ја претставува КУД Илинден од Битола кое постои скоро седум децении и зад себе има репрезентативно портфолио со учества на многу меѓународни фестивали за фолклор. Тие денес заминуваат за Русија, на настанот кој е во организација на светската организација за фолклор CIOFF кој е под закрила на UNESCO.

„После Холандија, Јапонија, Унгарија, Јужна Кореја и Мексико, Русија се јавува како домаќин и центар на светскиот фолклор оваа година. Ова е најголемиот настан на кој може да се презентира фолклор и на кој се воспоставуваат контакти значајни за идна промоција на македонското културно наследство. Импонира фактот што организаторите имаат фантастични информации за специфичностите на она што ние како богатство го имаме, конкретно ора кои се единствени, а ќе бидеме веројатно дел и од идејата да се формира таму најдолгото оро на светот“ - истакна Борче Димитровски потпретседател на КУД Илинден од Битола.

На агендата на КУД Илинден, по завршувањето на Фолклоријадата во Русија е планиран музичко сценскиот проект “Приказни од чаршијата” кој ќе биде дел од официјалната програма на фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Битола, а кон крајот на месец јули традиционално со Комитското ќе го отвори републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, каде ќе се претстави и со сценската адаптација Цапарските бабари.

Во текот на летниот период е планиран специјален настан по повод промоцијата на најзначајниот пишан документ – Монографијата “65 години КУД Илинден Битола”, како и настап на фестивалот “Чувари на традицијата” во Вевчани. Исто така планирани се концерти и настапи во Крушево, Демир Хисар и Охрид.  

]]>