македонски фолкерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Sep 2022 12:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски фолкерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што прават македонските пејачки во изолација – видовме, ама знаете ли на која што најмногу и недостасува во карантинот? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-pravat-makedonskite-pejachki-vo-izolacija-vidovme-ama-znaete-li-na-koja-shto-najmnogu-i-nedostasuva-vo-karantinot-foto-video/ Tue, 07 Apr 2020 07:51:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143548

„Проклета короно, пуста да останеш...“ - е една хумористична песна од анонимен автор и изведувач, која деновиве се провлекува на социјалните мрежи. Стиховите како сакате можете да ги сфатите, смешни или тажни, ама во многу нешта се реални. Пандемијата замре се'... Сите повлечени во своите домови, во своето последно прибежиште, чекамеа вирусот да си замине, онака како и што дојде - како со рака однесен. Во меѓувреме, сите почнува да ги убива монотонија, да ги мачи досада, притиска клаустофобија, плаши депресија... Од ниво: „До кога вака?“, до степен на хистерија! Меѓу сите „обични луѓе“ и естрадните ѕвезди, кои кога тоа не се,  се она првото... И тие како и ние, имаат исти проблеми како нас во овие тешки денови. Затоа, покрај вообичаеното гледање ТВ канали, филмови, серии, видео игрици, дремење на социјалните мрежи...  почнаа да си измислуваат разни начини на сопствена оддишка на душата, својата, ама и туѓите. А, како поинаку ако не со она што најдобро знаат да го прават. Така, први видовме како македонските пејач(к)и функционираат во домашни услови. Кој(а) анплагд - „на суво“, кој(а) со микрофон в рака на матрица, а некои и со сајзерска придружба се забавуваа и себе си и нас преку Интернет на социјалните мрежи. Најчесто - онлајн, во живо! Потоа дојдоа предизвиците... Која како пее и танцува, како изгледала како дете, која како готви, како чисти, вежба, која каков миленик има по дома... Што се не видовме и дознавме за нив: од прелистување спомени по стари фотографии до практично покажани умешности и вештини. Со еден збор, што прават македонските пејачки во изолација - видовме и дознавме, ама знаете ли на која што најмногу и недостасува во карантинот? За јадење и пиење фала Богу, иако во моментов се на „принудна почивка“, се' уште имаат, гардероба, чевли, шминка, накит... ионака за по дома не им треба, освен долна облека, пижами и тренерки, најмилите им се тука со нив и до нив, домашните љубимци исто така... И кога ќе погледнете вака отстрана, излегува дека во целата оваа несреќа, тие навистина се среќни жени... Ама сепак - не се! Не барем комплетно... до крај! Четирите познати македонски фолкерки: Ирена Вељовска, Тања Јовановска Трајкова, Сузана Гавазова и Елена Велевска јавно признаа што најмногу им недостасува во изолација. Она за што и од што живеат - публиката, аплаузот, овациите... И секако, добриот хонар и богатиот бакшиш! Што и фали прва се пожали Ирена Вељовска, споделувајќи на својот Фејсбук профил кусо видео: „Без пари ќе се снајдам, леб и сол ќе јадам, ама аплаузот многу ми недостига...“ - кукаше Ирена, повикувајќи ги своите колешки да излезат на тераса и да се снимаат како аплаудираат, па видето да и го проследат. Молба - предизвикот прва го прифати нејзината „сестра по микрофон“, колешката Тања Јовановска Трајкова, па кумановката излезе право на тераса, ама... Попусто аплауз, кога нема кој да го слушне... Џабе публицитет, ако нема публика... а, нема! Згоднaта струмичанка  Сузана Гавазова  пак, почна редовно да прави онлајн викнд-концерти од дома, ама... И нејзе, не и е тоа - тоа, што ќе и ја наполни душата, зашто нема аплауз и овации... А и да има, друго е кога е во живо, тука пред тебе, пред очи... Вака, онлајн - како да ти аплаудираат и извикуваат на „плејбек“! Ама, плејбек-плејбек, подобро така, отколку никако, па затоа Сузето се сети, па се сними како во живо излегува на тераса после викенд концертот, а таму овации и извици под балкон, како да имала концерт на стадион... Снимени, на плејбек, секако! Ама барем Гавазова си го направи ќеифот... Колку да и помине меракот!   И Елена Велевска покажа дека е голема мераклика и на аплаузи, ама и на нешто друго... Нејзе „естрадниот застој“ по се' изгледа потешко ја погодил. Сексапилната прилепчанка колку што е познато е една од најплатените македонски фолкерки, па бројките на нејзините хонорари за настап велат се бројат со „три нули“ плус добиениот бакшиш, кој како по правило, не е мал. Сега, кога од сето тоа нема ништо, а „готовината бргу се јаде“, на Велевска покрај „говорот на телото“ и аплаузите на сцена, по се' изгледа најмногу и недостасува хонорарот... и бакшишот! Затоа пејачката се пожали на социјалните мрежи, па кога на пензионерите кон крајот на минатиот месец им делеа предвреме пензии, таа побара владата да и „пушти нешто“ и на естрадата! Зашто ако ова потрае и таа како и сите останати, ќе може „само да се слика“!    ]]>

Ава Карабатиќ постави нов предизвик: „Покажи ги градите“, а овие македонски фолкерки го прифатија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ava-karabatikj-postavi-nov-predizvik-pokazi-gi-gradite-a-ovie-makedonski-folkerki-go-prifatija-foto/ Thu, 26 Mar 2020 08:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141501

Социјалните мрежи се идеално место каде покрај се' што ќе прочитате, можете и самите нешто да напишете или споделите, да измислите некаков свој нов предизвик или да го прифатите туѓиот, да најдете некаков онлајн начин на забава со пријател(к)ите... Така од мноштвото секојдневни преддизвици, се појави и оној, кој се чини прва во регионот го лансираше хрватската старлета и ријалити водителка, Ава Карабатиќ. Таа ја отвори серијата споделување летни фотографии наречена „Покажи ги градите“. И Ава прва ги покажа... До душа не само во бикини, туку сподели и серија најнови фотографии сликани помеѓу 4 ѕида. Само што старлетата е доволно лукава и своите разголени фотки знае како да ги уновчи, па ги продаваше на една страница за возрасни на Интернет. Македонската естрада, особено фолк дамите некако по истиот терк, тргнаа да го прифаќаат предизвикот на Ава или пак нивниот случајно се поклопи со нејзиниот, да споделуваат подразголени фотогарафии... Се разбира нивните далеку попристојни, најчесто од нивните летни одмори, од плажа во бикини. И не дека до сега не сме ги виделе како изгледаат во костим за капење или секси долна облека, ама сепак, македонскиот секси фолк квартет: Сања Сани Гроздановска, Тања Јовановска Трајкова, Ирена Вељовска и Адријана Кеш, го прифатија предизвикот да споделат фотографии во бикини... А со тоа на некој начин и да одговорат на предизвикот на Ава: „Покажи ги градите“, па и повеќе од тоа... Секако, да може да се гледа, а ништо да не се види! Нивниот предизвик за нас беше предизвик плус, нашите читатели да ги потсетиме на избор од некои од нивните објавени најсекси фотки... Од плажа, фестивалска сцена, кафеана, дневната или хотелската соба: -Сања Сани Гроздановска -Тања Јовановска Трајкова -Адриана Кеш -Ирена Вељовска ]]>

Фото предизвик од карантинот: Вака изгледаа македонските фолк пејачки како невести (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/foto-predizvik-od-karantinot-vaka-izgledaa-makedonskite-folk-pejachki-kako-nevesti-foto-video/ Tue, 24 Mar 2020 08:39:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141040

Животот во 4 ѕида очигледно не е лесен. Особено не за оние, кои и баш не се навикнати да седат дома, како естрадните личности. Ним професијата им налага постојани шетања, движења, патувања, контакти со луѓе, заради снимања, ТВ и радио гостувања, интервјуа, концерти, настапи, турнеи... Сега нема ништо од тоа, а изолацијата треба „да се преживее“ и од неа да се излезе „ни луд, ни збунет“, туку нормален. Затоа познатите Македонци и Македонки бараат наразлични начини да направат нешто интересно за себе и своите фанови, па почнаа да си поставуваат разни предизвици преку социјалните мрежи. Забавата бргу се прошири, па „вирусот“ наречен предизвик ги зафати речиси сите. Еден од првите предизвици беше оној за објава на ретро фотографија од тоа, кој како изгледал во детството. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-predizvik-vo-vreme-na-korona-eve-kako-izgledaa-poznatite-makedonci-vo-detstvoto-karolina-so-bumbar-obrazi-foto/ По неа, се појави вториот предизвик од карантинот, на кој први одговорија фолкерките. Дамите од македонската фолк естрада кои се во брак, си поставија предизвик да ја споделат својата невестинска фотографија, односно слика од денот на свадбата! Така неколку од најпознатите и најпопуларни македонски фолк пејачки почнаа една со друга да се прозиваат и предизвикуваат на оваа тема. Некои од свадбата ќе слават јубилеј, други пак се ептен тзе мажени, само неколку години, трети веќе имаат не една, туку по две свадби зад себе... Која како, ама воглавном секоја од нив одговори на предизвикот поставен од колешката и ја покажа својата невестинска фотографија. За првата брачна ноќ - никој никого не праша, ниту ја спомна. Веројатно, не им било и некој предизвик... Сепак, погледнете како изгледале во венчаница на денот кога го кажале судбоносното ДА, на денот на својата свадба токму оние, кои најмногу ги развеселуваат туѓите свадби. Ова се македонските фолкерки: Тања Јовановска - Трајкова, Сања Гроздановска - Сани, Сузана Гавазова, Tатијана Стефановска... -Згодната кумановка, згодна сега, згодна и тогаш... До душа нешто помлада, можеби и малку послаба, иако Тања Јовановска - Трајкова тврди дека во венчаницата и денес може да влезе: „Само да знаете дека венчаницата ми е се' уште точна. Гледајќи ги сликите видов многу драги луѓе и се потсетив дека половина свадба си ја отпеав“ - напишала Тања, докажувајќи дека од некои работи, меѓу кои и микрофонот, никогаш не се откажува. - Свадбата на Сања Сани Гроздановска не беше така оддамна, па пејачката ја паметиме како изгледаше како невеста. До душа по втор пат, оној првиот - не важи! Раскошна и убава како секогаш, до душа и малку трудна, ама секако атрактивна и згодна и како невеста. За девериците и да не правиме муабет. Ем сите познати, ем ништо помалку згодни, привлечни и секси од невестата. -И Сузана Гавазова не така оддамна беше дама во бело. Сексапилната струмичанка исто така ја паметиме кога го кажа судбоносното - ДА. Таа на својот сакан за прв пат, тој неа исто така, иако за него тоа беше „веќе видено“... Реприза после „генералната проба“ од првиот брак. Како и да е, и Гавазова изгледаше убаво и средено под невестинскиот вел, како што може да се види и од фотографијата која пејачката ја споделила, додека ѕирка од прозорецот и со нетрпение го чека младоженецот, да ја земе од дома и поведе низ пространствата на заедничкиот брачен живот,  кој среќно трае и денес, а се надеваме и довека. -Нивната колешка, убавата битолчанка Татијана Стефановска последна од нив „стапна на лудиот камен“. Атрактивна, згодна, сексапилна, својата природна убавина ја покажа и како невеста. Едноставна модерна венчаница, фризура, шминка и младата подготвена да застане пред олтар, а потоа да ги пречека и гостите, сватовите, роднините и пријателите кои на свадбата и дојдоа... Како и што пее во својата најнова песна, која ја промовираше неодамна. ]]>