македонски филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Aug 2023 12:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 44. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски https://arhiva.vistina.com.mk/44-iffk-braka-manaki-ke-bide-otvoreno-so-makedonskiot-film-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-rezhiserot-goran-stolevski/ Thu, 17 Aug 2023 12:38:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314185

Оскаровецот Питер Бижу добитник на Златна камера 300 за животен опус, а Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски. На денешната конференција за новинарите која се одржа во „Хотел Парк и спа“, директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски го соопшти добитникот на Златна камера 300 за животен опус, а претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов- Изи – лауреатот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. -Познатата македонската актерка и продуцент Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. Наградата на Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки". Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот старт критериумот е подигнат толку високо, што навистина не е лесно да се најде вистински кандидат и достоен лауреат. Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еденод најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм . Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, истакна на денешната прес-конференција, Претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи. Лабина Митевска е родена е на 11 октомври 1975 година. Основно и средно училиште завршува во Скопје, а образованието го продолжува на факултетот за Уметност и археологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добива стипендија за европскиот колеџ за филмови во Данска, каде се дообразува, а Историја на уметност студира на универзитетот во Тусон, Аризона, САД. Својата актерска кариера, Митевска jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција, а потоа следат бројни улоги во познати филмови: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот... Покрај актерството, Митевска е автор и на бројни есеи објавени во весници и списанија, зборува чешки, германски и англиски јазик, во два наврати соработувала со режисерот Мајкл Винтерботом, во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција. Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022). -Оскаровецот Питер Бижу, кинематограферот на „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Sидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „9 ½ недели“, „Ричард III“ и редица други антологиски филмски остварувања е годинешен добитник на наградата Златна камера 300 за животен опус, соопшти директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски. Бижу има работено со бројни звучни имиња.]]>

„Неонски срца“ нa Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/neonski-srca-na-ana-jakimoska-e-najdobar-makedonski-film-na-festivalot-filmaj-2021/ Wed, 05 May 2021 11:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201422

Филмот „Неонски срца“, на режисерката Ана Јакимоска ја доби наградата за најдобар домашен (македонски) филм, на третиот Меѓународен фестивал на краток филм, „Филмај 2021“ Куманово. Останатите наградени се Азадех Мусави за иранскиот филм „The Visit“ за најдобра режија ја доби наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“, наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна за Питер-Јан Клесенс за филмот „Da Yie“ од Гана, наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за иранскиот филм „Witness“, Селекцијата на пристигнатите филмови ја изврши тричленото жири во состав Лидија Мојсовска (режисер/сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф). Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот, кој поради моменталните безбедносни и здравствени услови, наместо во мај ќе се одржи во септември. „Оваа одлука е заснована на искрена желба организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала“, - соопштуваат од фестивалот. извор:куманово њуз.мк]]>

„Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-vo-makedonskiot-igran-film-od-frosina-do-lazar/ Wed, 13 Mar 2019 13:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77436

Вечерва, со почеток во 20 часот, во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Александар Трајковски, вонреден професор на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, каде што го раководи Институтот за аудиовизуелни уметности. „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Трајковски претставува прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите на Трајковски се дел од неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања, под менторство на Ганка Цветанова, која е и рецензентка на книгата. Книгата е во издание на Кинотеката на Македонија, а промоторка ќе биде Ганка Цветанова. Обраќање ќе имаат Владимир Ангелов, директор на кинотеката, и Илинденка Петрушева, уредничка на изданието. Извор: Нова Македонија]]>

Ѕвездена рецензија во филмскиот магазин „Варајети“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdena-recenzija-vo-filmskiot-magazin-varajeti/ Tue, 05 Dec 2017 09:59:50 +0000 http://vistina.mk/?p=5699

Њујоршки „Варајети“ (Variety), едно од највлијателните филмски списанија во светот напиша ѕвездена рецензија за македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. Известувајќи од меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија кој се одржува од 17 ноември до 3 декември 2017 година, Џесика Кјанг од „Варајати“ има само пофални зборови за филмското деби на Ставрески. Според неа, имајќи го предвид сценариото на „Secret Ingredient“ (како што е познат филмот во странство) „веројатно би требало да биде еден од најдепресивните филмови годинава. Но наместо тоа, соодветно за филм што на свој начин се справува со чуда, тој е еден од најсмешните, најпаметните и најдрагите филмови.“ Рецензијата оди и чекор подалеку и го смета филмското деби за исчекор кој може да ја повлече и целата македонска филмска индустрија. „Прекрасниот „Secret Ingredient" - кој не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија - сосема заслужи да го добие колачот наполнет со трева, и да го изеде“, заклучува „Варајети“.
Филмот, кој се натпреварува во категоријата дебитантски филмови, ги распродаде сите три прикажувања во Естонија. Според известувањата од режисерот Ѓорче Ставрески, публика имало дури и на скалите, а фановите на филмот барале да се фотографираат со екипата. Објавувањето на рецензијата на „Variety“, коинцидираше со вчерашната специјална проекција на филмот на која присуствуваа статистите – работници од депото на Македонски железници. По проекцијата, филмот беше дочекан со громогласен аплауз. Пред „Варајети“, филмот доби одлични рецензии од македонската, но и светската критика. За филмот веќе пишуваа „Screen Daily“, „Cineuropa“, „Cinevue“ и други значајни филмски списанија и блогови. Хрватскиот онлајн магазин „Монитор“ веќе го прогласи филмот за најдобар на фестивалот во Талин.
Освен кај критиката, филмот остварува успех и кај публиката. На својата премиера на Солунскиот филмски фестивал „Исцелител“ ја освои наградата од публиката, прв пат во нашата историја. На својата македонска премиера во рамки на фестивалот „Синедејс“, филмската екипа беше дочекана со овации од публиката. Во текот на наредната недела на 5-ти и 6-ти декември 2017год. филмот ќе има проекции и на фестивалот на Медитерански филм во Брисел. Филмот моментално се прикажува во кината Синеплекс и Милениум.]]>