македонски ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Dec 2021 12:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонски ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-dzvezdi-za-kraj-na-nasilstvoto-vrz-zeni-i-devojchinja-so-svoja-verzija-na-ochi-crni-video/ Fri, 10 Dec 2021 06:38:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230746

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое  Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“ Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени. Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“. Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска, песна со која македонските музички ѕвезди сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ! ]]>

Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа живееме… Ѕвездите од македонската музичка естрада ја преработија -„Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-edna-nadez-za-troshka-ljubov-za-malku-srekja-ziveeme-dzvezdite-od-makedonskata-muzichka-estrada-ja-prerabotija-chukni-vo-drvo-video/ Sun, 26 Apr 2020 12:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146600

Дека некои песни се безвременски и својот пат, своето место и значење го покажуваат тогаш кога е најпотребно, та било тоа години подоцна, најдобар доказ е „Чукни во дрво“ на легендарниот ВлатКо Стефановски, односно најголемата македонска група на сите времиња, „Леб и сол“. Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски музички артисти, меѓу кои и самиот  Влатко Стефановски со неговото трио, Калиопи Букле, Тамара Тодевска, оперската дива Весна Гиновска - Илкова, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Милошевска - Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“. Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и синот на Влатко - Јан Стефановски на тапани. Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно - здравје, среќа и љубов! Или како што се вели во безвременските стихови на песната: „ Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме...“! https://www.youtube.com/watch?v=LeKUgUahW8A]]>