македонска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 08:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската ријалити убавица Елеонора Кочовска на генерална проба: „После ова… спремна сум и за близнаци“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-ubavitsa-eleonora-kochovska-na-generalna-proba-posle-ova-spremna-sum-i-za-bliznatsi-foto/ Thu, 31 Aug 2023 08:26:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316018

Mакедонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври  минатата 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски. Атрактивната скопјанка го смени начинот на живот и презимето, но не до крај и навиките или барем не начинот на кој ги споделува со јавноста своите инфлуенсерски способности да рекламира разни услуги и производи, од кои очигледно најдобро и оди со еротската долна облека и секси костимите за капење. И додека јавноста и популацијата, особено онаа - машката се занимава со нејзината телесна дарба, убавата Елеонора деновиве сподели една од своите свадбени фотграфии со кои слави еден необичен ден или празник ако сакате... Кај нас малку познат и забележан, 18 август, денот посветен на почитување на љубовта и трајната врска што ја споделуваат паровите. Плод на секоја љубов е проширувањето на семејството, па затоа и не изненади дека во нејзиниот семеен дом стигна принова. Но, да се разбереме дека не е она на што веднаш може да помислите, туку е в прашање нешто сосема друго. Еден поинаков вид на љубов, која го прошири семејството Кочовски, ама со нов куќен миленик. Имено, познато е дека Елеонора покрај онаа со сопругот, најмногу својата љубов ја делеше со своето кутре од расата Бишон. Бушавиот немирко по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби  не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен, како и во многу други ситуации пртходно, а и потоа, откако г-ѓица Миљковиќ, стана г-ѓа Кочовска! Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“. Арно ама тој трет, повеќе не е сам, зашто сега по третиот дојде и четврт. Можеби малку поразличен, пошарен ама исто толку влакнест, сладок и забавен, новиот четвороножен миленик, кученцето Коди. Па сега ти оди разбери се со две немирни ѓаволчиња, кога ќе почнат да лудуваат. За нив само игра, за газдарицата напор и обврска плус... Што би рекле, слатки маки. Но и тренинг за она што во животот  допрва ја чека. Своевидна генерална проба. Впрочем, откако кутрињата се уморија од својата игра, Елеонора онака уморна, испружена на троседот на заслужен омор и самата признава: „После Болт и Коди, спремна сум и за близнаци“! Прашање е само дали посилната половина го дели истото мислење, зашто сега не само кога е во прегратка со невестата, туку и кога сам се одмора, не едно, туку две кучиња му го реметат мирот. Само по се' изгледа дека нивниот немир за него е (све)мир! Така барем зетот напишал, за да се знае... Или сакал - нејќел, морал така да признае? Фото: Инстаграм/__elle.m__            ]]>

На македонската манекенка и српската пејачка им се поклопи вкусот, ама кој е посекси: Карлеуша во „зебра“ или Луческа под тушот? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskata-manekenka-i-srpskata-pejachka-im-se-poklopi-vkusot-ama-koj-e-poseksi-karleusha-vo-zebra-ili-lucheska-pod-tushot-foto-video/ Mon, 07 Jun 2021 08:28:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205789

Македонската манекенка и топ модел Виолета Луческа откако оддамна не е така агресивно експонирана  во јавноста како до пред неколку години. По работата во Турција сексапилната прилепчанка се врати дома, па оттогаш приватноста повеќе ја крие отколку што ја покажува. Она што може да се види се фотографиите од сесиите направени за најпознатиот македонски бренд за долна облека и ноќници, на кој Лучето е еден од заштитните лица. Иако веќе не го прави тоа така често, манекенката одвреме навреме знае да  ја освежи својата фотоколекција со нови фотографии. Животинскиот принт очигледно одново е во мода... Мора да е штом една Јелена Карлеуша ќе го стави на себе, односно ќе проба такво парче гардероба. Овој пат вкусовите на белградската „мала од скандала“ и прилепската убавица им се поклопиле. Карлеуша во вој стил и фазон, во зебра комбинезон со деколте до папокот однапред и деколте до анусот - одназад... А под него - ништо. Поп-фолк дивата пиштол гола! Нашата убавица во сличен манир, кога е дезонот во прашање, а останатото - далеку од исто. Ни однапред толку отворено, ниту одзади толку длабоко, напротив... Само зебра - принтот ист... или барем сличен, во дезенот!  А, кој изгледа посекси и поличен, проценете сами на крајот на денот?! Нам ни се чини дека сепак на Карлеуша многу посекси и стои „зебрата“, особено ако го фокусирате погледот над и под ребрата...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Луческа можеби не се разликува од српската пејачка кој знае колку по вкусот, но сепак, многу посекси изгледа... разголена под тушот! ]]>

Гуру Харе се повика на фолклорната традиција, па ни ја подари – „Македонска“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-se-povika-na-folklornata-tradicija-pa-ni-ja-podari-makedonska-audio/ Thu, 20 May 2021 09:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203450

По соработката  со Игор Џамбазов, тамара, Нокаут, Аки Рахимовски... и своите последни соло проекти како „Карантин“ или „Реприза“, македонскиот блуз/рок гитарист и композитор Игор Атанасовски – Харе ја објави новата песна. „Македонска“ е  широк и баладичен инструментал со препознатливи елементи од македонската народна музичка оставштина и нашата фолк традиција. Во изведбата на оваа музичка посвета на Македонија, во стилот на најдобрите теми на „Леб и Сол“, освен Гуру Харе како гитарист, автор на музиката, аранжаманот и на стиховите, уште учествуваат и Александар Јовевски на кавал, Филип Димишковски на клавијатури, Ратко Даутовски на удиралки,  а снимањето и продукцијата, плус музицирањето на тапаните е на Мите Димовски од музичкото студиото „Тралала“, каде што е снимена „Македонска“. Дизајн и фотографијата се на Александар Даутовски – Maxxxo. Слушнета како звучи „Македонска“. https://www.youtube.com/watch?v=VQfqe69W0nk  ]]>

Македонската Миа Калифа ги почасти нејзините фанови на ТикТок со провокативно видео https://arhiva.vistina.com.mk/186656/ Mon, 25 Jan 2021 12:49:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186656

Социјалната мрежа Тик Ток е многу  популарна кај младите кои секојдневно се повеќе ја користат и таму може да се најдат видеа со секаква содржина. Секако, има и едукативни видеа, но често најмногу видеа се со забавна содржина или барем таква треба да бидат, иако сите баш и не се согласуваат со тоа. Една од „најпопуларните” македонски Тик-Токерки која се прослави со своите видеа е македонската „Миа Калифа“, која себеси така се нарекуваа затоа што и кажале дека личи на неа, а таа вели дека е добра актерка и се согласува со мислењето на останатите… Овојпат Моника изгледа се одлучи да ги почасти нејзините фанови со ново прокотивно видео, откако се обиде да им објасна на сите како правилно се тверка за на Тик Ток, иако многумина сметаа дека таа „нема врска“ со тверкање, при што наиде на негативни коментари… Вие погледнете самите, па донесете си сопствено мислење. ]]>

Зоран Миладинов со моќна изведба и видео за македонската патриотска песна – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-miladinov-so-mokjna-izvedba-i-video-na-makedonskata-patriotska-pesna-koga-padna-na-pirina-video/ Thu, 18 Jun 2020 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154480

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна „Кога падна на Пирина”, овој пат во фантастична изведба од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов. Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди. Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”. Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот. Откако беше промовирано видеото за „Кога падна на Пирина“, Давид за  македонските медиуми открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Голем број Македонци не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните македонски песни со патриотска содржина. “Огромна благодарност до маестро Зоран Џорлев за звукот на виолината да го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица” - напишал Миладинов. Aранжманот на песната е заедничко дело на  Александар Митевски и Зоран Џорлев, а видеото го изработила Ин продукција. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=e1z7DB8IqLo&feature=emb_logo]]>

Македонска „народна“ приказна од карантинот https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-narodna-prikazna-od-karantinot/ Fri, 20 Mar 2020 10:11:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140559

Како си, како се справувате со кризата? -Па како да ти кажам... секој седи во своја соба а кога ќе се сретнеме, внимаваме што зборуваме, за да не дојде до ескалација на нервозата предизвикана од досада и немоќност. Повеќе молчиме затоа што сме си кажале се' затој ден, па можеби и за повеќе денови. Од што ги мијам често рацете и ги мачкам со алкохолен гел, толку ми се станати суви и рапави, што прееска сакав да ја погалам жена ми и ја изгребав. Инаку јадеме како да е криза за храна (за да го зајакнеме имунитетот) па одтаму е јасно зошто има криза на тоалетна хартија. Плус мораме да пиеме и витамини секое утро и после кризава слободно ќе можеме да се бориме во ринг со боксери од највисок ранг. Од дневна до купатило можам да дојдам во 7 големи чекори или во 58 чекорчиња ако одам стопало до стопало, како "пипер-сол". Во купатилото многу тешко се снаоѓам од бројните средства за дезинфекција. Се задржувам повеќе од што треба и стварам дополнителна нервоза на единките со кои живеам. Ако некој случајно заѕвони на врата, сите се укопуваме во место и јас полека одам да ѕирнам низ шпиунката. Жена ми вели да поставиме камери за да можеме убаво да се видиме кога се враќаме од пазарење зашто шифрите со тропање на вратата ги забораваме па додека се разбереме кој доаѓа раце ни паѓаат од брашното што го влечкаме. На телевизија омилена програма ни се "пресовите" и тогаш сме највнимателни, а не дај Боже некој да се закашла... сите како по команда одиме да миеме раце, и правиме гаргара со Бетадине. Сите алишта ги исфлекавме од растворот. Од што го задржувам здивот по 10 секунди (за да се тестирам) почнав така да дишам, па жена ми стално се вади од памет да не имам инфаркт. Не сме излезени од дома и мислам дека уште малку фали да се потепаме кој да фрли ѓубре. Сега сме на "готовс" затоа што чекаме тим што ќе ни го прска станот со "Озон", бидејки го потрошивме целиот темјан бркајки бактерии и и вируси. После ќе се сликаме за да добиеме 100 евра од градот. Инаку сме добро, фала на прашање, а Вие? ]]>

„Зајди, зајди“ инспирација за настап за медал (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zajdi-zajdi-inspiracija-za-nastap-za-medal-video/ Tue, 24 Sep 2019 12:01:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108753

Македонската народна песна отсекогаш  била почитувана и ценета ширум светот. Убаво е чувството додека гледате некој натправар за време на пауза или за самото времетраење на спортскиот чин да се слушне еден од македонските  изворни фолк класици. Токму таков пример е Светското првенство во ритмичка гимнастика на партер што се оддржи минатата година, каде за време на настапот на младата 17 годишна гимнастичарка од Италија, токму верзија од македонската изворна народна песна “Зајди, зајди” беше музичкиот избор на нејзиниот стручен тим, по што натпреварувачкат  доби и награда за својот исклучително добар настап. За какво совршенство на музика, движења и вежби со ритмички фигури станува збор, слушнете и погледнете во продолжение: ]]>

Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/ Wed, 13 Mar 2019 10:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77299

Требаше да биде банкар... По теркот  на неговите родители... Да ја продолжи семејната традиција, ама... Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко... Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата.
Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини.
Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија... Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата...
Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици... Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА - вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет!
Се до неодамна... До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа... Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е... Особено кога истата ќе се роди на прв поглед!
Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата... Тогаш се' друго станува неважно... Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга... неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот!
Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена... Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа!
Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје - Киев - Скопје... Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ... и нејзиното... ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“... Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!]]>

Вака изгледа првата македонска еротска комедија – „Making OFF“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgleda-prvata-makedonska-erotska-komedija-making-off-video/ Mon, 03 Sep 2018 11:29:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45897

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг оф“ ќе се одржи на 6 септември 2018 г. во 20.30 часот во кино салата „Синеплекс“.
Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски.
„Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6 септември на редовниот репертоар во „Синеплекс“ и низ кино-салите ширум Македонија.
Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.
„’Мејкинг оф’ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот.
Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов?“, вели режисерот Кузмановски.
Кинематограф на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат: Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички, Мартин Минговски и неодамна починатиот  Ванчо Петрушевски.  Погледнете го трејлерот: https://www.youtube.com/watch?v=W0CHwXynwUA]]>

Перо-„Камиказа“ беше и остана „без влакна на јазикот“: „Честито сра*е промоција, а одлична енциклопедија“! https://arhiva.vistina.com.mk/pero-kamikaza-beshe-i-ostana-bez-vlakna-na-jazikot-chestito-sra-e-promocija-a-odlichna-enciklopedija/ Fri, 11 May 2018 07:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26357

На промоцијата на првата „Македонска рок енциклопедија“ од авторот Тошо Филиповски, која се одржа на 8.мај 2018 (вторник) пред платото на МКЦ во Скопје, присуствуваа импресивен број на луѓе. Воглавном рокери, голем дел од нив исамите протагонисти вткаени во страниците на ова капитално (суб)културно дело, музички новинари, пријатели и познавачи на македонската рок музика, обични фанови...
И се ќе беше како што треба, како што доликува на едно вакво епохално дело, доколку промоцијата беше малку подобро организирана, а гостите да имаа третман на ниво на квалитетот и значењето на изданието. Зашто отсекогаш важело она: „Крајот делото го краси“ - секаде, ама никако и кај нас! Не барем во овој случај. Оставени некако сами на себе, присутните, без кои Македонија не ќе имаше ниту свој рок ен рол, ниту своја рок историја, па ни оваа Рок енциклопедија, ниту видоа, ниту слушнаа што се случува... Не барем повеќето од нив! Патем, во полутемницата пред платото на МКЦ така „изгубени и дезорганизирани“ едвај и се видоа со пријателите и колегите со кои со години не се виделе.
Без оглед на сето, иако меѓу себе ја коментираа лошата организација, никој јавно не проговори, за ете, да не го намали или „извалка“ значењето на капиталното дело. Никој, ама не и тој: Петар Георгиевски-Камиказа, лидерот и основач на повеќе македонски рок бендови, меѓу кои секако најзначајниот и најпознатиот е „Меморија“!
Очигледно видно разочаран, лут и револтиран од лошата организација и несоодветниот третман и однос и лично кон него, како и кон останатите кои беа на промоцијата, Перо -„Камиказа“, онака како што го дал Господ „без влакна на јазикот“, распали на социјалните мрежи по авторот и организаторите на промоцијата. Со право или не, нема да коментираме. Оние кои беа таму знаат како беше. Еве што напиша „Камиказа“ на својот Фејсбук профил:
„Прво браво за вложениот труд и извонредната едиција на ова капитално четиво....Како еден од еднаквите и повекепати со многу бендови споменуван имам право да ве научам нешто...Ако воопшто допре до вас!!!Мислам на МКЦ и Филиповски Тошо (Авторот на изданието)...Ве посетија на стотици креатори на македонската субкултура и можеби ретко некогаш,нешто, успеало да обедини на едно место толку генерации музиканти кои  дадоа траен белег врз едно возбудливо рок време.Времепловот ќе беше фасцинантен само доколку имаше и пристојна промоција ....Не викам екслузивна ..Викам пристојнаааа!!!!А не како Роми у тунел да се бараме и да викаме:абе ти ли си? Извини не те видов у темницава??.Извини ништо не чув што рече оној што збори нештоВалјда збори за енциклопедијава.....Абе не се гледа ништо на бимов .....Оној Љани беше... ? И на крај се испоздравив со сите што успеав да ги видам у темницана .....Го запалив моторот и разочаран уште еднаш од нашата човечка глупост си заминав...Не сакав да бидам сведок на третманот на лугето кој целиот свој живот го потрошија на правење некаква музичка рамнотежа во бивишата ЈУ...Сега доведени ко телевизор без слика и тон да не можат да се видат,чујат и издрадуваат...Но тоа е тоа...Кога ќе научис Тоше и вие од МКЦ да ги почитувате луѓето без кој ќе бевте никој и ништо,е тогаш мене повторно ќе ме има на вашите селски промоции... Дотогаш со здравје,на здравје и пријатно...ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА ИНАЧЕ МОЈАТА КОМПАНИЈА ЈА ПОДРЖА СО КУПУВАНЈЕ НА ПОВЕЌЕ ПАРЧИЊА ВО ПРЕДПРОДАЖБА...АЈ СО ЗДРАВЈЕ И ЧЕСТИТО СРА*Е ПРОМОЦИЈА!!!!!!А ОДЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА!!!!!!!!!!!!“]]>