македонска русинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2018 12:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png македонска русинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Меѓу сите славни странци: Еве која наша пејачка влезе во „македонската алеа на заслужни странски великани“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/megju-site-slavni-stranci-eve-koja-nasha-pejachka-vleze-vo-makedonskata-alea-na-zasluzni-stranski-velikani-foto/ Tue, 30 Jan 2018 12:24:58 +0000 http://vistina.mk/?p=11213

Македонската поп пејачка влезе во „македонската алеа на великаните“. На оние кои не се Македонци до душа, ама исто како да се! Зашто направиле многу повеќе за Македонија од многумина кои се  Македонци... Ама само „декларативно“, по се изгледа!
Таа е руско чедо... по потекло. По националност! Само што со нејзината мајка уште од својата 8-ма година е во Македонија.
И туку што стапна, а веднаш и ја претставуваше на еден од „Детските избори за Евровизија“ заедно со Марија Арсовска во песната „Ти не ме познаваш“. Оттогаш поминаа 15 години... а таа се уште е тука. Со своја музичка кариера, успеси, награди, хитови, спотови... Имаше се, освен едно!
И реши да го побара! А државата реши да и се заблагодари за направеното и да и возврати. Или поточно, да и излезе во пресрет на барањето, па малата „красиваја дјевушка блондинка“ од Русија, стана Македонка! По државјанство и пасош, се разбира!
А со самото тоа,  Викторија Лоба стана и член на клубот на „славните и заслужни странци“ за Македонија! Сега е дел од нацијата и низата познати имиња кои се стекнале со македонско државјанство како: Лино Червар и Немања Прибак (ракомет), Лестер Бо Мекејлеб (кошарка), Стевица Ристиќ  и Агиналдо Брага (фудбал) од спортски интерес, бизнисменот Сергеј Самсоненко од економски интерес, актерот и режисер Раде Шербеџија од културен интерес и некои други...
Викторија Лоба отсега е “македонска Русинка“ или „руска Македонка“, сеедно... А, како стојат работите, наскоро и македонска снаа... најверојатно!
]]>